Солена бајадера од мелено месо
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
малку Црн бибер
малку Сол
30 грама Презла
1 кесичка/ки Прашак за печиво
300 милилитри Млеко
2 Кришка/ки леб
400 грама Кисела павлака
30 грама Брашно
500 грама Јунешко мелено
4 Јајца/це
КРАТОК ТЕКСТ:
Јунешкото месо е многу вкусно, и е доста употребувано поради својата хранлива вредност, бидејќи содржи многу белковини и масти.
Исто така, многу добро месо имаат и телињата кои се хранат само со кравјо млеко, и со свежа храна, така што овие телиња се препознаваат според темниот црн дроб, а и нивното месо е меко и сочно.
ПОДГОТОВКА:
Замесете го меленото месо со едно јајце. Додадете го брашното, презлата, сол, бибер и останати зачински билки по желба. Добро измешајте и истурете на дното на еден огноотпорен сад. Одозгора премачкајте со малку масло.
Жолт фил: Изматете цврст снег од белките и додадете ги жолчките. Средината од лебот извадете ја и потопете во малку млеко. Кога лебот ќе го впие млекото, додадете го во белките и добро измиксајте. Додадете го прашокот за печиво и останатите зачини, па прелијте преку месото. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути. Кога горе убаво ќе се испече, премачкајте со павлака, која малку со лажица сте ја разматиле. Потоа повторно ставете во рерна и запечете уште 10 минути. Сечете правоаголници и послужете.
Полнети канелони со македонски шмек
Потребно е:
1 пакетче канелони или лазањи (читај горе)
2 главици кромид
2 чешниња лук
500 гр мелено месо
5 печени, лупени црвени пиперки
1 лажиче мелен црвен пипер
500 мл доматен сос + уште 200 мл за подлога во тавчето за печење
1 лажиче оригано
1/2 китка свеж магдонос
сол, бибер
рендан кашкавал
Подготовка: Во врела и солена вода сварете ги канелоните или лазањите. За тоа време, подгответе го филот. Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло пропржете ги кромидот и лукот. Откако кромидот ќе стане проѕирен, ставете го меленото месо. Зачинете со многу бибер (бибер и мелено месо е одлична комбинација). Лупените пиперки исечкајте ги покрупно и додадете ги во смесата. На прај, ставете го доматниот сос, зачинете со сол и оригано и оставете да провире 15 минути.
Сварените канелони внимателно наполнете ги со подготвената смеса, со помош на лажиче или шприц, ако имате. Ако рецептот го правите со лазањи, постапете како на сликата: ставете малку од смесата на една лазања и свиткајте ја како палачинка.
рерната загрејте ја на 250 целзиусови степени. Во тавата за печење ставете 150-200 мл доматен сос. Врз доматниот сос наредете ги наполнетите канелони. Од горе, ставете малку доматен сос, изрендајте кашкавал и ставете да се пече 35 до 45 минути.Ако не јадете месо, може да ставите соја трошки. Исто така, може да создадете фил по ваш вкус.
Триаголник-погача со мелено месо
Потребно е:
500 гр лиснато тесто
2-3 чешниња лук, истолчени
1-2 главици кромид, ситно исечани
150 гр кашкавал, изрендан
1 помал страк праз
50 мл кечап
250 гр јунешкомелено месо
250 гр свинско мелено месо
30 гр семки од сончоглед
прстофат оригано
4 лажици масло
2 јајца (едно ја филот, а друго за премачкување)
сол и бибер
Подготовка: Лиснатото тесто оставете малку да се опушти на соба температура додека го подготвувате филот. Празот исечкајте го на ситно. Кашкавалот изрендајте го. Во тавче за пржење ставете го маслото да се загрее. На загреаното масло ставете ги празот и кромидотда се пропржи, т.е да омекне. Кога ќе омекне, ставете ги двете видови месо и пржете додека да не поруменат. Во месото ставајте по малку вода, по потреба и гответе го додека да испари целата вода. Пред крај ставете ги кечапот, лукчињата, ориганото и зачинете со сол и бибер. Измешајте и гответе кратко додека да испари течноста во целата смеса (не треба да има ни малку течност, затоа што ќе го раскашави тестото). Готовиот фил оставете да се олади и во оладениот фил ставете едно јајде и ренданиот кашкавал. Измешајте се за да се соедини убаво. Лиснатото тесто развлечете го со сукало со дебелина од 0,5 см. Филувајте го со подготвениот фил, нанесувајќи го на целото тесто. Потоа, завиткајте го филуваното тесто како ролат. Ролатот исечете го на поголеми триалогници Триаголниците наредете ги во тркалезна тава за печење обложена со хартија за печење, во круг, премачкајте ја погачата со изматено јајце, посипајте со сусам и семки од сончоглед и ставете да се пече во рерна загреана на 200 целзиусови степени, додека да порумени (околу30 до 35 минути, во зависност од рерната).
Потреби состојки:
250 гр мелено месо (мешано, 70% телешко, 20% свинско, 10% јагнешко)
1 јајце
1 до 1/2 шоља лебни трошки (одокативна метода)
3 супени лажици брашно
1 главица кромид (ситно сецкан)
1 чешне лук (ситно сецкан
2 феферонки, (ситно сецкани); може чили пиперчиња
1 зелена, тенка, лута - полулута пиперка
2 супени лажици пире од домати
2 супени лажици соја сос
2 супени лажици маргарин (со омега 3)
1/3 шоља маслиново масло (ладно цеден)
Сол ( количина по желба)
Вегета (количина по желба)
Црн пипер (ситно мелен) ( количина по желба)
Копар (количина по желба)
Босилек (количина по желба)
Кисела/слатка павлака или кајмак
Рендан пармезан
Начин на приготвување:
Меленото месо, јајцето, лебните трошки, кромидот, лукот, феферонките, пиперката, брашното, маслиновото масло, соја сосот, пирето од домати, зачините и зејтинот се мешаат во голем сад додека не станат еднаква и еднолична смеса.
Потоа, смесата се става, рамномерно распоредена, на тава претходно премачкана со малку маргарин (со омега 3), во кружен облик и се пече во претходно загреана рерна на температура од 350 степени отприлика 25-30 минути или додека не добие темно кафеава боја.
Се служи во плиток овален сад, премачкана со павлака или кајмак и посипана со рендам пармезан.