1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омлет

Дискусија во 'Рецепти' започната од Jecichka, 15 мај 2013.

  1. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    22
    Пребарував дали има ваква тема, се надевам добро видов дека нема. :D Голем љубител сум на омлет вкусот на јајцето секогаш го погодувам, но обликот за мене е измислена именка. Незнам да направам како ролован омлет односно внатре да е наполнет, и незнам да направам рамен омлет секогаш ми испаѓа неопределени форми. Ве замолувам додколку некој знае да го изведе ова да ми појасни. Треба ли тефлонско тавче ?
     

    Прикачени фајлови:

    • omlet1.jpg
      omlet1.jpg
      Големина на фајлот:
      123,7 KB
      Прегледи:
      1.390
  2. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Пред некој ден и јас барав дали има ваква тема и не најдов. Барав рецепти за омлет. Се распрашував по професионалци и многу комплицирано ми звучеше, воопшто не е исто со кајгана.

    ^ Од тоа што разбрав, да, ти треба нелепливо тавче (може тефлонско). Омлетот се пржи/пече како палачинка - од двете страни. Повеќе не би знаела да ти помогнам.
     
  3. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    22
     
  4. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    798


    јас омлетот го правам во тефлонско тавче, во тоа што си правам палачинки, Jecichka еве пример за ролован:
    матам 2 јајца,посолувам,малце и млекце, и на добро загреано тавче со 2 капки зејтин ги ставам матените јајца, ама целосно тавчето да ти биде покриено со јајца, ке направиш исто како палачинката што ја ставаш во тавче, кога ке се попржат малце од една страна ги вртам(секако ке си земеш помагало да ги свртиш иначе неможе како палачинка сами да ги фрлиш во воздух и да се свртат :) ) и на другата страна одма почнам да го ставам филот, зависи што имам при рака, кечап, оригано малце, шунка, кашкавал, може сиренце.. зависи со што сакаш може да ставиш. после убаво така го вадам на голема чинија, и го мотам како палачинка, после исечеш на 4-5 делчиња и доаѓа како сликата што ја имаш оставено. се надевам ти помогнав :) не ме бива многу за објаснување :$
     
    На Jecichka и duffi им се допаѓа ова.
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Во последно време, омилено јадење ми е комбинацијата: печурки (динстани/малце пржени во маслиново масло) + магдонос + патлиџан + 2/3 јајца.

    Еве како изгледа за време на печење:


    Ама малце потешко ми оди превртувањето, па не изгледа баш совршен резултатот, но вкусот е мх!
     

    Прикачени фајлови:

    На Giovanna, cooll и mima83 им се допаѓа ова.
  6. dharma03

    dharma03 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    18
    МХ! Фала за идејата
    Јас би додала и маааааалку кромид :)
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    И јас никогаш да го погодам,ама маж ми е експерт.Тој го прави во тефлонско тавче,на тивко не на јако.Во средина ставаме сирење и печурки така е најслатко.И :) изгледа и доста декоративно
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    омлетот го правам со ситни коцки кашкавал,кога го вадам го јадам само со кечап... :lol:
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Овој е омлетот на баба ми, специјалите и беше и само не неа и излгедаше убаво и беше вкусен, јас некако естетскиот дел не го погаѓам.
    Во тефлонска тава, рамна(не мора толку плитка како за плачинки, зашто во неа не собира многу намирници одозгора) ставате 2 изматени јајца со ептен малку млеко(може и без млеко) ситно сецкана шунка и сирење, посолувате и забиберувате матите додека да се убаво соедини смесата, сирењето да биде многу ситно за да успее убаво да се стопи, и соедини со јајцето. Се пржи кратко, 3-4 минути, баба ми успеваше да го преврти без да се растури и е како дебела палачинка со мозаик од шунка :D али јас не го постигнувам, мене ми се истура и малку изгледа како букруш ама вкусно е многу.
    Порано ставав кечап, сега ми го расипува вкусот и го јадам само така со парче леб.


    Филот може да биде по избор, гледам и зелечук сте ставале, убава идеа, следен пат би пробала така дефитивно. Јас би пробала со маслинки и фета сирење или печурки и пилешко.
     
    На ines.h и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Мојата мајка и баба правеа омлети кои и јас денес ѓи правам и тоа во обично тавче загреан да е зејтинот се ставаат убаво матените јајца се додава коцки кашкавал и коцки врат мајками ставаше и маслинки се пржи убаво и тоа е тоа...Овака правеа мајка ми и баба ми особено зимно време со топол чај уживанција :)
    Инаку на мм ова му го направив за вечера кога ми беше дечко првата романтична вечер ама не беше успешно прво го изгорев,а потоа се спрепнав и си ја убив раката што завршив во ланѓета....важно се обидов...потоа го помнам мојот прв зготвен омлет
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mjauculence

    mjauculence Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    се ставаш одеднаш или?
     
  12. bajader4e

    bajader4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    29
    ММммм превкусно :angel:
     

    Прикачени фајлови:

    • Collage.jpg
      Collage.jpg
      Големина на фајлот:
      834,4 KB
      Прегледи:
      518
  13. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    да ви кажам овој рецепт сама си го избислив и мн ми е убав
    -зимаш путер го ставаш да се стопи
    -ставаш исецкана пиберка да се запржи
    -ги ставш јајцата цели после ги мешаш
    -ставаш кашкавал да се стопи
    и мн е убаво
     
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Јас не го јадам ама со мерак му спремам на брат ми
    во тефлонско тавче ставам две-три капки зејтин и ги ставам претходно изматените јајца со зачини, откако ќе се испржи на едната страна внимателно го вртам од другата, кога е готово го ставам во голема чинија и на едната половина редам рендасно сирење, салама, со другата половина го преклопувам и тоа е тоа.. како декорација ставам нколку парчиња домат и краставички и тоа е..
     
  15. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Не јадам омлет. :)
     
  16. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Често јадам омлет, но со мали модификации. :)
     
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    МРАЗАМ ПРЖЕНИ ЈАЈЦА :puke: :puke: ! Без разлика на око,омилет,со ова-со она.Блјак исто ми е како масло да голтам :puke: .Најмногу 2пати годишно јадам и тоа кога татко ми е на нервна база,па за пред училиште,наместо варено јајце тоа ми дава :puke: :puke: :puke:
    Инаку не сум от оној тип кој пребира многу во храната,ама омлетовт :envy:
     
  18. zoketo

    zoketo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам омлет
    Најмногу го сакам со кашкавал кеЧап и шунка :rofl:
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Јас обожавам омлет, иако никогаш го немам пробано имам чувство дека е вкусен. :D
    Имено, не сум јас виновна туку тафчето ми е такво, се лепи на него што и да ставиш. |(
    Ама затоа еден рецепт проверено е најдобар. ;)

    Ќе земете едно гранче младо кромидче и ќе го исечкате на што е можно по ситни праченца. (Врши работа и стариот кромид, иако е овој подобар).
    Откако ќе го направите тоа го ставате во тавчето со зејтин да се пропржи. Кога ќе забележите дека е малку подзаруменет веднаш го тргате од оган, со тоа што на страна во тавчето додавате една мала лажичка кисела павлака (можете и хопла ако ви се наоѓа, сеедно е), потоа малку магдонос, вегета, сол и бибер. Така убаво го промешувате сето тоа, дур јајцето и павлаката не се соединат, а потоа го намалувате шпоретот и оставајќи сето тоа да се пропржи од прилика околу 30 секунди.
    Јас избегавам да го пржам многу бидејќи така поубаво ми е, но вие ако сакате можете и подолго да го пржите.
    Воедно, дозволени се и модификации, во случај да сакате да додадете шунка, сланина или наместо кромид може да ставите и праз во јајцето со павлаката. Исто така ќе биде преубаво, и нема да згрешите.
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас го обожувам омлет пица, значи класично заматени јајца и после одозгора редам се што редам на пица и на крај покривам со фолија на тивок оган, превкусно е.
     
    На okcenzi и joy1 им се допаѓа ова.