ТЕМА: Ориз

Мислење 28 Јан 2011, 11:12

Да не знае некој рецепт за приготвување на интегрален ориз, но без пржење ??? :)
Аватар на корисникот
FBI

Жолто цветче
 
52595020
Мислења: 1513
Зачленет: 01 Јул 2010, 19:26
Локација: Somewhere in my own world
Од надворешниот изглед не можете да процените... дали јаболкото е црвливо !!!

Мислење 30 Јан 2011, 02:01

Ориз обожавам :inlove:
Сакам во тавче кога е подпечен си го јадам онака без леб со уживање лезетски. :D
Многу сакам и сутлијач е и тоа ми е еден вид на замена за благо, мајка ми не става многу шеќер во него.
Аватар на корисникот
Lux

Црвено цветче
 
51995262
Мислења: 7015
Зачленет: 27 Ное 2009, 15:41
Локација: Право па криво...
Чуваш ли ти еден куфер со сни
Mалку сјај за утре?

Слика

Мислење 30 Јан 2011, 02:14

Уфф ориз сакам многу.Мама го прави на повеќе начини.Мене највкусен ми е со печурки.Ставаш ориз да се вари.Во меѓувреме ситно сечкаш кромид или праз-по желба и на ливчиња ги сечкаш печурките.Откако оризот ќе се свари преостаната вода од него ја цедиш.Настрана ги ставаш на масло да се пржат кромидот и печурките.Кога ќе зарумени кромидот го додаваш оризот и ги пропржуваш онака колку да се измешаат и во пржењето додаваш сол и бибер по вкус.
Превкусно е така. :)
Аватар на корисникот
Winter.Girl

Зелено цветче
 
142102
Мислења: 750
Зачленет: 28 Ное 2009, 18:12
Time doesn't heal the wounds...It learns us to live with them...

Мислење 30 Јан 2011, 02:55

Пред некој ден го пробав овој рецепт,ми го кажа една пријателка...Предобар е....
Си вариш ориз,без масло,без зачини..ништо да нема....Од како ќе се довари,го ставаш на цедилка. Потоа земаш во тавче,му ставаш масло,сенф и морковчиња...Тоа го подпржнуваш и му го ставаш оризот...Можи и зачини по желба...После 10тина минутки пржење,се става оризот во сад и му се полева киселинка малце.И толку...Вреди да се проба... :D
Аватар на корисникот
Pandelka.o.O

Фем почетничка
 
617
Мислења: 18
Зачленет: 13 Окт 2010, 18:17
Слика

Мислење 22 Фев 2011, 06:48

Hipica напиша:Обожавам ориз и ми е едно од омилените јадења. Најмногу го сакам потпечен со малце запржено кромидче и пилешко. Исто така многу ми е убав с спанаќ и + одозгора кисело млеко :mm:

Штом ја видов темава се залетав да коментирам ама го видов и твојот коментар па ќе се надоврзам..
Значи обожавам обожавам обожавам ориз и исто како тебе највеќе го јадам со пилешко и со спанаќ па ај ќе ги напишам рецепт како ги правам ;) ;)

Е сега зависи колку количински сакате да подготвите :D

Потребни состојки за ориз со пилешко:
1 голема шоља(од овие за чај) ориз
3 шољи вода
1 кромид поголем или 2 помали
2 морковчиња средни
2 копани (со надкопан дека тие се големки)
2 лажици вегета (или по вкус)
малку црн бибер

Првин ги варам копаните и тоа да зовријат во една вода па им ставам друга. Кога ќе бидат готови ги чистам од кожа и коски и ги ситнам на ситни парчиња месо, па ги ставам во садот за печење а водата ја чувам.
Потоа во тавче го пржам првин кромидот ситно исецкан да омекне, па го ставам претходно срендано морковче и пржам уште малку па потоа го додавам и оризот и пржам уште 3-4 минутки. Смесата од тавчето ја ставам во садот за печење и од водата во која се вареле копаните ставам 3 шољи вода, додавам 2 големи лажици вегета и малку црн бибер и печам околу 35-40 мин.

Истиот рецепт си го применувам и кога правам ориз и спанаќ само што не ставам морков, а спанаќот го превривам 5 минути со малку сол во водата и после тоа неговата вода ја фрлам.

И двата мои специјалитети си ги јадам со кисело млекце...а поретко оризот со пилешко може да го јадам и со некоја салата..ама оној со спанаќ исклучиво со кисело млеко
Аватар на корисникот
ana-banana

Жолто цветче
 
440624
Мислења: 1059
Зачленет: 27 Јан 2011, 01:17
Слика

Мислење 23 Фев 2011, 00:51

Во тавЧе ставам кромид сецкан да се потпржи пото истурам една Часа орис и 3 Часи вода зовриене со половина коцка за супа.Потоа му додавам една конзерва риба туна и пеЧурки.Малку да врие и го ставам во рерна.Сервиран во Чинија му додавам рендан каскавал.
А кога не ставам риба му ставам грасок,брокули,морков исто пеЧурки.
Аватар на корисникот
del-fin

Бело цветче
 
1116
Мислења: 82
Зачленет: 03 Окт 2010, 22:38
Sekoj ziv covek stom ja gazi zemjata po nozete e Boziij gresnik.

Мислење 23 Фев 2011, 00:52

FBI напиша:Да не знае некој рецепт за приготвување на интегрален ориз, но без пржење ??? :)

Па мозес да не го пржис стави го во вода веднас да врие.
Аватар на корисникот
del-fin

Бело цветче
 
1116
Мислења: 82
Зачленет: 03 Окт 2010, 22:38
Sekoj ziv covek stom ja gazi zemjata po nozete e Boziij gresnik.

Мислење 06 Апр 2011, 14:02

Јас најчесто оризот го правам на стандардниот начин со пропржено кромидече, морковче зачини. Но последниве години многу почнав да готвам кинеска храна, и со неа подготвувам ориз како во рестораните. Ќе ви ја откријам тајната.За оризот на има млечно бела боја и да е компактен, најпрво земам ориз и го мијам. Ја истурам водата и пак ставам вода нежно го промешувам со лажица и пак ја истурам. Водата е бела, матна , и го мијам додека водата не биде проѕирна( околку седум осум пати). Потоа тој ориз го варам во многу вода десетина петнаесет минути( не смее да се превари). Откако ќе се свари ја истурам водата. Овој ориз најмногу одговара со кинеска храна,,,јас ваков најчесто со неа го комбинирам... а убаво одговара и со пржени печурки и малку соја сос ... :mm:
Аватар на корисникот
Hova

Сино цветче
 
122173
Мислења: 246
Зачленет: 25 Окт 2010, 17:32
Локација: Во една капка сон...
СликаКога одлучив да се заљубам, најпрво научив да одам по снегот и да не оставам траги...иако признавам беше тешко.

Мислење 06 Апр 2011, 21:00

Го обожавам оризот на пареа на мама.
Се става околу половина до 1 чаша фиде за супа да се пропржи во тенџере со загреано масло. Кога ќе зарумени му се додава количината ориз која што сакате да ја приготвите. Се додава малку вода и се остава на тивок оган да се готви. Фидето му дава посебен шмек и мене лично многу ми се допаѓа.

Сега мојот начин на приготвување ориз - Ставам ориз да се свари со сосема малце сол во посебно тенџере. Го тргам настрана и во друг тенџере ставам маслиново масло, кромид и исчекан морков и го пржам додека да зарумени кромидот. Потоа го додавам сварениот ориз со лажица. Една чаша замрзнат грашок ја ставам во врела вода околу 1мин да не се свари и да не омекне само да се обари. Го додавам и грашокот во оризот и морковот и мешам. Додавам малку црвен пипер, мелен црн бибер,оригано и до душа секој зачин што ќе ми се најде при рака. Пропржувам уште малку и по потреба додавам уште малку маслиново масло. Оризот најчесто ми добива кафеаво/кремаста боја и е превкусен! :)
Аватар на корисникот
Noemi

Зелено цветче
 
17101443
Мислења: 985
Зачленет: 07 Апр 2010, 19:16
Локација: Next to my highest aspirations
We belong to nobody, and nobody belongs to us. We don't even belong to each other.

Мислење 10 Апр 2011, 13:38

Па каков ориз сум направила... мх мх мх... Маро мори, мед да лижеш. ]:)

Во масло пропржив кромиче, му додадов 1 филџан ориз, пропржив заедно, па 4 филџани вода.
Се вареше некое време... значи на рингла, не во рерна како стандардниот рецепт.
Леле луѓе милиииииииии................. ух оргазам е оризов.
Не ве викам, зашто се соса.
Наредниот пат ке направам мегаориз за сВите. ]:)
Аватар на корисникот
Marilyn-Monroe

Жолто цветче
 
57634510
Мислења: 1806
Зачленет: 24 Дек 2010, 23:32
Great minds discuss ideas.
Average minds discuss events.
Small minds discuss people.
-----------------Eleanor Roosevelt.

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 16 гости