Еве го рецептот од ориз со шкампи...мојот омилен. Прво да кажам дека пожелно е да биде од тој кафениот ориз,јас дома имам грчки ориз тој одговара многу. Ставате 2 мали чинии ориз (за околу 4-5 луѓе е тоа за помалку помалку ориз бидејќи тој се набабрува) во тавче во кое правиете и обичен ориз. Сецкате шкампи, домати и маслинки и ги додавате во тавчето.По желба можете да додадете многу малку доматен сос.Додавате зејтин,сол,вегета,малку бибер може и малку оригано и тоа по желба. На крајот ако сте ставиле 2 чинии ориз треба да ставите 5-6 чинии вода.На една чинија одат 4 со вода.И се става во рерна на 200-250 додека не упие водата,самите ќе приметите и не дозволувајте да почне да стане тврд оризот одма вадете го.нешто вака ќе искочи ама тука на сликава нема шкампи. А под чинии мислев на вакви...
zdr devojki.Eve eden recept kako go pravam jas orizot.Najprvo go varam orizot,otkako ke se svari go polevam so ladna voda i mu ja cedam vodata da bide suv.Vo tava se przi mesoto.Otkako ke se isprzi mesoto vo istoto maslo se dodava kromid,pecurki,morkov moze i grasok.Otkako ke se isprzat se dodava vo tavata i orizot seto toa se promesuva zaedno se przi okolu 5 min . DOBAR APETIT [mod-kirilica:3isma3sv][/mod-kirilica:3isma3sv]
Jас многу сакам ориз, ама печениот со батак заедно да го мешам уз јадење не,зашто не јадам батал со сирење си го јадам,највусен ми е така . исто има еден рецепт пилав на руски начин, со моркови и свинско преубав е инаку го сакам и варен со грашак, варен со многу магдонос и печен во рерна
Кога го миете оризот,мијте го со ладна вода и пропржете потоа 5-10 минути на оган со кромид и морков ,имам приметено дека кога го мијам со ладна вода и го поливам со ладна вода,не излегува кашест ( кога правам ориз со пилешко,ставам и 2-3 црпалки од чорбата во која се варело пилешкото,чорбата да не биде жешка туку изладена или малку топла,со ладната вода ќе се неутрализира) и секојпат добивам убав ориз.Инаку претходно мајка ми ставај топла вода,да не останел жив. Како не бе,сега и нејзе ја научив вака и многу е поубав.
е читам на темава и се зачудив никогаш не сум го варела оризот па да го цедам нити сум видела така , значи назад сум била хахахаха јас правам ориз 1/3 ориз вода во тавце го пржам оризот прво со зеленчуци па го ставам во тавче го полевам со водата (врела) го ставам во рерна се пече и ...толкуу ама ова со варен ке го пробам , леле ама сум била неинформирана
Рецепт за мојот омилен ориз, јас го нарекувам црвен ориз. Потребни состојки за 4 лица 1 главица кромид 1 пиперка 1 фулџан доматен сос 3 мали компирчиња 3 фулџ. ориз (како оние за долго еспресо) 1 фулџ.замрзнат мешан зеленчук (грачок,морков,пченка) 9 исто такви фулџани вода 1 коцка за супа 1 ловоров лист зејтин,вегета, сол и мелен црн пипер по вкус. Најпрвин во тенџере на оган ја ставам водата да зоврие и и ја ставам коцката за супа кога таа кје се растопи и водата ќе врие ја тргам од оган. На истата рингла ставам плехче 28 или 30 во кое ставам зејтин да заднои и да се загрее а во мегувреме ја уклуцувам рерната на 200 степени кога кје се загрее зејтинот го пропрзувам ситно исецканиот кромид, а кога тој малку кје ја смени бојата го додавам и пиперцхето исецкано на коцки и него го пропржувам, потоа го додавам доматниот сос во мегувреме промешувам се додека не се згусти сосот, а кога ке се згусти ги додавам и компирите кои ми се исецкани на покрупни коцки и нив ги пропрзувам. По оваа постапка го додавам оризот и сонего пропрзувам и промешувам, мешаниот замрзнат зеленчук, зацините, ловоровиот лист и ја налевам водата. Плехчето го ставам во рерна чија што степенажа ја намалувам на 180 и го надгледувам оризот вртејки го одвреме навреме. Оризот обицно е готов за околу 25-30 минути, но јас го сакам кога е малку соцхен и затоа го вадам пред да ја упие целата вода. Се надевам дека ви се допадна. Пријатен апетит доколку се одлучите да јадете ориз.
Oриз сакам многу,и секој ден би го јадела. Најубав е секако на мајка ми ,а и сестра ми во последно време го прави добро,ама и мојот не е лош. Јас на пример го сакам горниот дел така покрцкав,а не разварен.ПРиметив дека ако го полеам со топла вода е покашест,а последен пат ставив ладна,и зрнцата беа баш онака цели. Инаку го правам стандард -пропржувам кромид со зачини,па оризот 5 мин го ставам,и му додавам малку вода во тавчето 5 мин да постои,ама веќе не правам така,туку директно со ладна вода ќе го посипам.Одозгора магдонос,и ставам вода да го облие,а потоа на половина печење уште еден филџан или две,зависи колку има потреба. Маж ми пак многу го сака кога на оризот ќе му додадам и црвен пипер,макарони,компирчиња,тиквичка,пиперче,морков и мевце-дали пилешко или свинско сеедно е. Тогаш правам во големиот плех оти го снемува за час
Абе секако сакам ориз, сум експериментирала на 100 разни начини со него, и многу од погоре напишаниве рецепти ги имам испробано
Мајка ми прави бела тава со грашок,морковче и кромид(но ќе се растопи и нема да се познава). 1 шолја ориз 3 шолји зовриена вода замрзнат грашок (по вкус) 2 големи моркова 1 глава кромид вегета (по вкус) црн пипер (по вкус) Изренданите морковчиња со изренданиот кримид ги ставаме во тава и пржиме околу 15 мин. Потоа ги додаваме оризот,вегетата и црното пиперче и пржиме уште малку.Оризот го префрлуваме во тава за печење и го ставаме на голема рингла. Ја додаваме зовриената вода и грашокот и оставаме се малку да зоврие.Потоа печеме на претходно загреана рерна на 200 C околу 25-30 мин (додека ја снема водата ). Толку лесно се прави што дури и јас некојпат сум го правела. Се надевам ќе ви се допадне.
Јас обожавам ориз ама некако го одјадов белиов, па почнав од кафеавиот да си правам. Една чаша кафеав ориз го пропржувам на сусамово масло (секако може и сончогледово, ама ова му дава интересен, ориентален вкус ) потоа додавам 4 чаши топла вода, вегета, сол и кари и оставам да зоврие. Кога ќе соврие, го ставам во рерна да се пече на 200-250 степени. Десетмин пред крај (кога има уште малку водичка) му додавам сечкани моркови, пченка, грашок...што ми се најде тоа, и златна мешавина врши работа Превкусен е, пробајте!
Jас да ви кажам еден рецепт за ориз, го направив и многу е вкусен -Bариме ориз, јас ставив голема шоља за чај. го вариме и го тргаме на страна Cега за сосот потребно е -2 моркова -4 домати -1 модар патлиџан -магдонос -зачин по желба јас ставив веѓета и малку црн пипер Mодриот патлиџан го лупиме, го сечеме на мали коцки, го посолуваме и го оставаме да стои Mорковите ги рендаме, и ги пржиме, после го додаваме и модриот палиџан, се пржат на средно, додека не подомекне модриов патлиџан. доматите ги мелеме, јас во блендер ги измелив, ко каша треба да биде, се додаваат во морковите и модриот патлиџан, и си крчка на тивко некое време. после се меша се и е навистина ептен вкусно
Ух си го листам делов со рецепти а на диета сум Сама си праам да ми течат лиги Не е некој рецепт ама ви препорачувам да пробате ориз со павлака
Ориз едно од моите омилени јадења еве еден рецепт Потребно ви е 300 грама ориз, 1 поголем морков, 1 мала тиквичка, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 мала лажица маргарин или путер, сол, црн бибер и 1 лажица мешан зачин 1 чаша вода Оризот предходно го ставате во вода да отстои за да набари доволно е 10-тина минути, предходно исечканиот кромид го ставате во тава со загреано масло го пропржувате во меѓувреме го додавате и лучето за да пушти мирис и потоа го додавате морковот и тој малку да се пропржи потоа го додавате исцедениот ориз и тиквичката ставате малку сол и пропржувате, на крајот налевата една чаша вода кој треба да биде доволна зада се свари оризот и другите состојки и го ставате мешаниот зачин, сол и црн бибер по вкус, кога ќе бидат сварени и готови оризот и другите состојки ставате една мала лажица маргарин или путер и мешата додека добро не се растопи и соедини со смесата, и потоа го тргате и може да го послужите.