Форумџика на годината

Палачинки

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 17 јануари 2010.

  1. WinnieThePooh

    WinnieThePooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    201
    Многу ми се допаѓаат палачинките...ох да има до мене...еден камион ќе изедам..инаку секогаш кога сум кај баба ми јадам палачинки...само што ќе ме види на врата...знае дека треба да почнува да ги прави :D :D
     
  2. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Цел ден ги мислам палачинкиве и налетувам на оваа тема..судено ми е да јадам.
    Готово,ја натерав мајка ми..остана уште да ги к’снам..ммм..
     
  3. Viktorijankata-12

    Viktorijankata-12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Палачинкии..охохохоохох...убавинии..најмногу ги сакам со еурокрем,банана,шлаг и чоколаден прелив..мхмхмхмхмх...инаку имам пробано и солени палачинки..со виршла и сиренце охохохох..тестото е многу лесно за правење..еве 13 години сум и обожавам да правам палачинки..а најмногу обожавам кога им ставам шлаг,прелив и некои декорации..еднаш направив палачинки..и со јагоди ги украсував..ете интересно ми е онака да декорирам..ама преслатки беа...инакуу кај имам пробано најубави палачинки ?!? -Тешко прашање...кај и да отидам сегде ми се убави палачинките...неможам да одвојам некое посебно место..благарка сум хахах..манијак по благо..еднаш изедов 4-5 палачинки..и за малку ќе ми се слошеше..ама замина тоа де.. :D
     
  4. NB86

    NB86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    68
    Ги обожавам ама незнам да си правам сама... :lol:
     
  5. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Предобри се :)

    Ако може некој да ми каже некоја рецепта за палачинки ? :)
     
  6. palacinka

    palacinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Еве имате и "palacinka" на форумов хехеххе... и јас обожавам палачинки, посебно оние на баба ми, не знам точен рецепт, само знам дека треба специјално тавче за палачинки...

    ААААААААААААААААААААА САКАААААААААААМ ПАЛАЧИНКИИИИИИИИ СЕГА ОДМААААААААААААА!!! :P
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Mене ми текна да правам палачинки- па сакам да прашам дали водата мора да биде кисела :wasntme: ?
    Ги прочитав рецептите на Пирамид и Старфиш и таму пишуваше вода, немаше потенцирано.
    Да ставам обична, или да се симнам до продавница да купам кисела?
     
  8. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Не мора да е кисела :)

    Рецептот по кои ги прави мајка ми , обична вода е :)
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да прашам...?

    Сеси - НЕ! :D Мислам, чувај си го дупето за други вежби, не се симнувај до продавница, јас не ги ни правам со вода, туку со млеко ;) И секогаш, нескромно ќе речам, дека се ко табаните на Мара - мед да лижеш :D
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Верувале или не јас не јадам палачинки не ми се убави кога брат ми прави јас бегам од дома додека не помине миризбата :puke: :puke: :puke:
     
  11. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    173.914
    Ајде рецептот:
    4 јајца се матат со миксер,се додава 1 л.газирана вода и 24 супени лаици брашно.Убаво се смешува се,за да нема грутки од брашното.Се загрева тефлонска тава за палачинки со 2-3 капки масла,со црпалка се става и се пржи.Внимавај ,не ставај многу од смесата за да не ти бидат многу дебели палачинките.
    Кога ќе ги испржиш сите ,филувај ги по желба-било благи или пак солени-(смесата може да биде и за благи и за солени палачинки)

    Добар апетит :hai:
     
  12. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    која е разликата дали се прават со обична или газирана вода?
     
  13. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Ммммм Вчера си правев уствари мама тестото ми го прави, знам како се прави ама никогаш не го правам јас, јас ги превртувам. Иначе вчера си правев и солени (шунка, кашкавалче, кечап и павлака) и благи со мармалад и крем, кој шо сака. :)
     
  14. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ми отворивте апетит сега си одам од работа и одма се зафаќам со палачинки :D тамам ќе ја гледам и репризата Лисјата,не ја гледав петокот,ох ох ох...едвај чекам.
     
  15. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Обожавам палачинки, мојот омилен десерт, сакам и солени, но благите ми се повкусни. Откако мајка ми не сакаше да ми прави секој втор ден :lol: јас се научив сама да си го правам тестото.
    Едно јајце се меша со две лажици шеќер, се додава една шолја млеко ладно и половина шолја обична, негазирана вода. Потоа се додава брашно, количината зависи од тоа колку саката да бидат дебели палачинките, јас обично ставам 7-8 супени лажици. :)
    Па намачкани со нутела, и одозгора со прелив од карамела.... :inlove:

    Добар апетит :)
     

    Прикачени фајлови:

  16. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Ај кажете ми, кое дете не сака палачинките од мама или од баба?!?[​IMG]
    Од мала уште ми се омилени, ама така не секој ден да ги јадам, туку поне во неделата еднаш.
    Правенето на палачинки е малку терсене. Сум забележала, треба со љубов и посебно внимание да се прават, за да станат убави. Се е случувало да сум замислена, или да брзам, никогаш не стават убави.
    Убав крем за палачинки е:
    Банана се ... блендеросва (незнам како се вика :D ) и малку шлаг, се мачка палачинката иии мнјам мнјам [​IMG]
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Јас денес на моите им правев вакви полнети палачинки, само што наместо маслинки ставив малку печурки и сечкани кисели краставички.
    Испаднаа одлично, и многу ми ги бендисаа. :)

    Рецептот е од тука:
    http://chasovipogotvenje.blogspot.com/2 ... p7hB5tFuGR
     

    Прикачени фајлови:

    • Mnjam.JPG
      Mnjam.JPG
      Големина на фајлот:
      197,5 KB
      Прегледи:
      598
    На FBI, Beauchamp, J.Ivanoska и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.150
    Допаѓања:
    259.165
    Пол:
    Женски
    ^Изгледа одлично!
    А го разгледав и блогот од кај што си го видела рецептот и баш ме бендиса! Фино е се објаснето и рецептите се едноставни, баш како за новопечени домаќинки. Ќе ги пробам и јас палачинкиве а богами и некои од другите чуда постирани таму.
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Еве ви идеја за солени палачинки.
    Испржени палачинки се полнат со шунка, кашкавал и пеќурки. 2 такви палачинки се ставаат во оној мал земјен сад. Одозгора се става кечап или доматно пире 5-6 лаж, пола канче(мало) павлака, се ренда кашкавал убаво да се покрие целата површина и се пече.
    На ваков сад мислам само од они што се помали [​IMG]
     
    На Phyramide, mims-89 и sesilija им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Еве уште една идеја за полнети солени палачинки.

    Многу се едноставни и лесни се за јадење - филот е смеса од изварка и павлака (не знам точни количини затоа што секогаш го правиме произволно). Значи сепак треба да е густ, да не е претерано разреден со павлаката. Одозгора се става малку поразредена смеса (со повеќе павлака) - и се печат во рерна. Јас не обожавам пржено или кашкавалесто тешко јадење, па овие ми се одлична варијанта.
    Вака изгледаат и превкусни се.
    Тие загорените секогаш се мојот дел. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN0437.JPG
      DSCN0437.JPG
      Големина на фајлот:
      265,3 KB
      Прегледи:
      478
    На FBI, Beauchamp, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.