ТЕМА: Печурки

Мислење 04 Мај 2011, 12:07

Има ли некој рецепт за приготвување на печурки,шампињони,вргањ,буковка и др.Поздрав.
Аватар на корисникот
cvet957

Бело цветче
 
297
Мислења: 59
Зачленет: 01 Дек 2009, 13:37

Мислење 06 Мај 2011, 00:05

Еве еден од мене
лесен е :)

Крем чорба од печурки
Потребно е:
250 гр.свежи шампињони,
1 главица кромид,
1 лажица брашно,
јајце,
100 мл кисела павлака,
сол,
масло,
магдонос,
коцкички двопек,
сув зачин по желба

Подготовка:

Печурките се мијат и се сушат, па 2/ 3 од нив се мелат на машина за месо заедно со главицата кромид, а остатокот се сечат на ливчиња. Малку се пропржуваат на масло, па потоа им се додава брашното, се налева литар и пол вода и се остава да се вари. Се посолува и се става сув зачин по вкус, се остава чорбата да врие 15 минути. Се трга од оган и се става ситно сечкан свеж магдонос. Кога чорбата малку ке се олади, се додава јајцето изматено со киселата павлака. При служењето, во секоја чинија се ставаат по неколку коцкички двопек.

Ако го пробаш пиши дали ти се допадна :) позз
Аватар на корисникот
SanjaKirchner

Зелено цветче
 
735708
Мислења: 512
Зачленет: 27 Апр 2011, 02:25
Локација: Kulmbach
whatever happens, happens for a reason

Мислење 08 Мај 2011, 14:54

Јас печурките ги правам најчесто во сос. Потпржувам ситно сецкано лукче и ги ставам исецканите печурки да се потпржат малку заедно со лукчето. Потоа им додавам вода (може и бело вино,кај мене маж ми не го сака па затоа е вода) и ги покривам да се динстат околу 40-45 минутки на тивко. Кога ќе изврие водата им ставам лажичка сенф и лажичка вегета. Во филџан за чај додавам млака вода, зовријте си на рингла, од бојлер не чини и во неа додавам две големи супени чажици брашно и една мала црн пипер. Ја истурам смесава од филџанот врз печурките и ги враќам на рингла да се згусти.
По желба може да си додадете и моркови на кругчиња, ама уште на самиот почеток, за да може убаво да омекнат.
Аватар на корисникот
macence85

Жолто цветче
 
747754
Мислења: 1216
Зачленет: 30 Авг 2010, 14:35
Слика Насмевни се, утре ќе те нема Слика

Мислење 08 Мај 2011, 15:56

Многу ги сакам свежите печурки ( оне белите што се продаваат во пластична амбалажа ) Најмногу ми се вкусни кога ќе ги приготвам на следниов начин:

- најпрвин ги ставам печурките да провријат, во меѓувреме во подлабок сад ставам свинско месо сецкано на коцнички да се пропржат и на тоа додавам томато сос, печурките сецкани на поедро и додавам златна мешавина и така го оставам да крчка и се зачинува. Превкусно е може да се служи како сос со пире.

- исто така ги сакам свежите печурки и на следниов начин : Убаво да се измијат и да провријат во вода, потоа ја истурам водата и додавам нова, така осатвам да се варат и на крај ќе ги запржам печурките и додавам оцед, веѓета и бибер. Супер се како мезе :)
Аватар на корисникот
SOVRSENSTVO

Жолто цветче
 
1474567
Мислења: 2795
Зачленет: 20 Сеп 2010, 13:25
Локација: далекy од реланоста...
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, дури и кошулата од грбот - но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.

Атентат - Јасмина Кадра

Мислење 08 Мај 2011, 16:15

Вргањи имам подготвувано многу пати, сами со моите ги беревме во шума. Премногу се вкусни :) Значи се мијат под млаз вода и се двои капчето од коренот. После се ставаат во тенџере да вријат. Додавам сол, црн бибер, лук, кромид, малку оцет и магдонос. Ги варам половина час. После ги сечкам на парчиња и на загреано маслиново масло ги пржам. Може и на обично масло, но вака се помеки и повкусни. Нормално се додава сол, црн бибер, вегета и многу ситно исечкан кромид. По желба некогаш ставам и нане. Кога ќе се испржат, настрана подготвувам прелив од црвен пипер, зејтин, ситно исечкан лук и оцет. Со овој прелив ги полевам испржените печурки. Повкусно здравје. ММММ сто ли пишував , сега ми се пријадоа :lol:
Аватар на корисникот
ciribiribela

Жолто цветче
 
567331
Мислења: 1264
Зачленет: 12 Авг 2010, 16:11
Слика
Животот е борба, ако не се бориш ќе изгубиш!!!
Слика
Кога господ затвора една врата, друга отвара!

Мислење 08 Мај 2011, 16:57

Јас обожавам поховани буковки. Се прават набрзинка и превкуси ми се

Се поховаат исто ко и секое друго јадење, али сепак ќе напишам како иде постапката. Во тенџере ги ствам да се варат, така 5мин додека не омекнат. Потоа ги брцам во разматено јајце па во презла и во тава со зејтин да се испржат. Пазете само да не изгорат зашто за помалку од 2 мин се готови и тоа е тоа
Аватар на корисникот
AlicaInWonderland

Жолто цветче
 
2558805
Мислења: 2148
Зачленет: 26 Ное 2010, 18:35
Локација: In Wonderland

Мислење 08 Мај 2011, 17:15

Јас печурките ги обожавам пржени со сланина, колбаси, и полсем од ко ќе се допржат му рендам од горе кашкавал, и сос си правам....не можам да му одолеам на ова јадење.... :clap:
Аватар на корисникот
LoVeR

Зелено цветче
 
1006599
Мислења: 843
Зачленет: 22 Јул 2010, 19:21
Љуби и цени ги убавините што животот ти ги нуди,бори се и не дозволувај друг да ти суди . Собори ги препреките пред тебе,верувај во љубовта и живеј за себе ..!

Мислење 29 Јул 2011, 22:36

Мајка ми прави еден сос со печурки и хопла кој е превкусен со пилешки стек на парченца.
За овој рецепт не сум сигурна, но знам ми кажуваше дека прво ги пржи малку печурките, па ја додава хоплата и додава зачин - оригано.

Најдов и еден рецепт : Печурки со сино сирење и рукола.
4 големи печурки по избор (само капите без дршки)
4 китки рукола
500г. чери домати
3 лажички маслиново масло
2 лажички балзамиран оцет
1 чешне лук
100 мл. обезмастено млеко
60 - 70г. сино сирење издробено
2 лажицки лајкт мајонез (со низок % маснотии)
2 лажици сечкан власец
масло за ската
сол и црн пипер.
Подоготвка:
Направете смеса од маслиновото масло и оцетот и зачинете ја со сол и црн пипер и со ова премачкајте ги печурките. Наредете ги на подмачкана и загреана скара и нека се печат 15-18 мин. Готовите печурки префрлете ги во сад и оставете ги да се изладат. Во блендер исечкајте го лукот, додајте му ги млекото, сирењето, мајонезот и блендирајте да добиете кремаста смеса. Додајте го сечканиот власец. Измијте ја и поделете ја на чинии руколата. Над неа наредете ги тенко сечканите печурки, домати измиени и исечкани на половина па прелејте со сос.
Скриен текст: покажи
Извадок од : Теа Кујна
Аватар на корисникот
annii

Жолто цветче
 
912767
Мислења: 2762
Зачленет: 16 Апр 2010, 12:22
Локација: California
“Wake up and live”

Мислење 07 Ное 2011, 09:32

Полнети,поховани печурки


Потребни состојки:
1 пакување свежи печурки

Фил:
200 гр фета сирење
1 лажиче црвен пипер
сол, бибер
табаско сос (по желба)
1 главица ситно сечкан кромид
1 лажиче лук во прав

Начин на подготовка:
Печурките извадете ги и избришете ги со крпа. Важно е дека не смеете да ги миете со вода, затоа што ќе ја сменат бојата и ќе ја впијат водата. Отстранете им ги дршките, а потоа во внатрешниот дел ќе ги наполните со подготвениот фил, така што ќе ги измешате сите состојки споменати погоре во текстот. Готовите печурки извалкајте ги во брашно, па во изматени јајца и на крајот во лебни трошки. И сè што треба е да ги испржите.
Аватар на корисникот
Snow-Queen

Виолетово цветче
 
121593081
Мислења: 14533
Зачленет: 03 Ное 2011, 08:08
Локација: Во ♥ на војникот мој
Трофеи: 1
Слика
Слика
Идеална мајка, жешка љубовница, почитувана дама...Сето тоа треба да биде една жена!

Мислење 29 Дек 2011, 00:24

Печурки шампињони, оние во тегла или кесичка, може да се јадат веднаш или треба прво да се печат/пржат/варат и слично?
Аватар на корисникот
Nymeria

Зелено цветче
 
35841525
Мислења: 761
Зачленет: 17 Јул 2011, 19:40
Локација: running with the wolves
All alone. Whether you like it or not, alone is something you’ll be quite a lot.

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 10 гости