1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пилешко и начини на подготовка

Дискусија во 'Рецепти' започната од Fearless, 4 октомври 2010.

  1. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    Пилешко, и начини на подготовка

    го сецкам на мали коцки пилешкото, го потпржувам на малку лук, додавам печурки ситно исецкани, ставам павлака, алку водичка се динста на тивок оган 5-10мин ако има потреба за да биде потечно додавам уште малку вода и го ставам како прелив врз макарони, многу е вкусно и брзо за правење!!
     
    На okcenzi, baby-star и seksi им се допаѓа ова.
  2. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Пилешко, и начини на подготовка

    Утре за ручек сакам да направам пире со поховани копанчиња.. ама.. не сум сигурна како да ги поховам копаните? Дали пред тоа малку да ги сварам па да извадам и супа или? ај малку помош :?:
     
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Пилешко, и начини на подготовка

    Јас ја гледав Ана (а1) и од неа го украдов рецептот за копани. Го направив пред некој ден и беа многу вкусни. Значи копаните со се кожа ги посоли, додаде бибер и вегета и ги стави во една кеса во која додаде јогурт и една лажичка сенф и ги заврза да постојат во смесата. Потоа откога се маринираа вака ги валкаше во бело брашно измешано со пченкарно и со додено едно пециво и потоа ги пржеше во загреано масло. Ама ја раскажав неа... :D Веќе ти реков дека и јас ги пробав и беа :rock: Па ако ти изгледа ова ок,можеш да пробаш и ти ;)
    п.с. само ќе ги измиеш убаво и не мора да ги подваруваш, дека нели ќе ги пржиш.
     
    На HappyS и bitter-girl им се допаѓа ова.
  4. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Пилешко, и начини на подготовка

    Ммм.. Примамливо звучи :)
    Дома имам се од наведеното и утре ќе ги зготвам. Верувам дека се убави. Ти благодарам :*
     
    На macence85 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Пилешко, и начини на подготовка

    Јас мислам дека копаните подобро е да се печат. Ако ги пржите, ке треба долго време да се пржат а освен тоа многу е веројатно внатре да останат живи... А полуживи копани е нешто многу лошо, бидејки околу коската месото ке биде никакво.... Доколку пак долго ги пржиш ке изгори презлата... Затоа, ако сакаш нешто поховано, подобро пробај со поховани крилца, или пилешки прсти, а за копаните подобро решение е МАГИ сочно од рерна. :)
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. All-that

    All-that Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    67
    Пилешко, и начини на подготовка

    Ова одлично звучи, само, да не ставам павлака и да не го користам како прелив ок е? Или многу е течно? :wasntme:
     
  7. del-fin

    del-fin Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    20
    Пилешко, и начини на подготовка

    Абе епнен е вкусно,можи да се пеци и свинско и зајЧко немора да биде и пилиско јас пробав абе прсти да изедес мммммммм.
     
  8. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    Пилешко, и начини на подготовка

    не бе стави се само не ставај водичка остави го така на тивок оган не е течно може и така да се јаде и баш е вкусно мајка ми му става и магдонос и така има уште поубав мирис
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.052
    Допаѓања:
    20.754
    Пол:
    Женски
    Пилешко, и начини на подготовка

    Маги-сочно од рерна :clap: :clap: :clap: браво за тој што го измислил :clap: :clap: :clap:
     
  10. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Пилешко, и начини на подготовка

    Еве како јас си правев пилешки прсти по мој рецепт :D (си направив некоја комбинација од тоа што сум гледала како мајка ми похова стек).

    Земаш стек колку сакаш јас дека имав гости земав 1кг ама може и помалку зависи од потребата.
    Го сечкаш на тенки парчиња па парчињата ги солиш со вегета и им ставаш сенф да отседат барем 2 часа (а може и малку млеко да се стави ама еве јас немав во моментов).
    После тоа парчињата стек ги валкаш во смеса од презла и сусам и ги пржиш на загреано масло. Ако ги оставите на хартија хартијата ќе ја впие непотребната мрснина и така е подобро. Пробајте многу е вкусно па ќе кажете дали ви се допаднало.
    А да, ако некој има некој рецепт за некој сос кој што одговара со пилешки прсти нека пише. :)
     
  11. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    Пилешко, и начини на подготовка

    еве нешто вкусно
    сечкате пилешки стек на коцки средна големина и ги пржете дури не станат бели потоа додавате 2 лажици мајонез и една лажица сенф и ставате печурки ... зачини повкус сол црн бибер вегета ептен се убави и вкусни
     
  12. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    Пилешко, и начини на подготовка

    некој рецепт но не за пилишеки стек, туку за копанчиња и поткопанчиња да ми дадете треба да спремам ручек! а такво пилешко имам дома! :) фалааа :*
     
  13. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Пилешко, и начини на подготовка

    Можеш едноставно да ги издинсташ на малку масло и чаша вода, да додадеш од твоите омилени зачини за пилешко. Јас обично пилешкото го зачинувам со вегета, кари, бибер и копар.Посебно направи рижото со мешан заленчук(морков, пченка, грашак), а и што било друго што ти се наоѓа дома од зеленчук. Дури и сецкана зелка одлично одговара! [​IMG] http://popara.mk/recepti/rizhoto-so-zelenchuk/Ако имаш додај малку соја сос и добиваш одличен ручек.

    А еве и ецепт од храна и вино:

    ТАВА СО ПИЛЕШКИ КОПАНИ И ПЕЧУРКИ

    За подготовка на ова јадење за 4 лица потребни ви се следниве производи:

    - 4 пилешки копани
    - 400 гр. сечкани маринирани шампињони
    - 3 јајца
    - 200 гр. кашкавал
    - 2 моркова
    - 200 мл. павлака
    - 100 гр. црни маслинки
    - 1 главица кромид
    - масло за јадење
    - сол и црн пипер

    Потребно време за подготовка на ова јадење е 60- тина минути.

    Водата во тенџерето на оган ја посолуваме. Во зовриената вода ги ставаме пилешките копани. Го затвораме тенџерето со капак и оставаме копаните да се варат. Тенџерето со варените копани го тргаме од оган. Со лажица решетка копаните од тенџерето ги ставаме во поголем длабок сад. Ги отстрануваме коските и кожата од копаните.
    На даската за сечење кромидот ситно го сечкаме. На оган ставаме тава за пржење и во неа додаваме масло за јадење да се загрее. Морковите ги сечкаме на коцкички. Во тавата на оган ги ставаме исечканиот кромид и коцкичките моркови да се пржат. Промешуваме и во тавата додаваме уште малку масло за јадење. Со црпалка во тавата додаваме од супата од пилешките копани.
    Маслинките ги притискаме, им ги отстрануваме семките и ги сечкаме на парчиња. Парчињата маслинки ги додаваме во тавата на оган. Промешуваме.
    Парчињата месо од длабокиот сад ги префрламе во огноотпорен сад. Тавата со зеленчукот ја тргаме од оган и содржината ја ставаме во огноотпорниот сад.
    Тавата за пржење ја враќаме на оган и во неа ги ставаме шампињоните. За време на пржењето шампињоните ги промешуваме.
    Во поголем длабок сад ја ставаме павлаката. Во садот додаваме една црпалка од супата и мешаме со жица за матење. Во садот ги кршиме трите јајца и мешаме со жицата додека не се соединат состојките. Испржените шампињони ги додаваме во огноотпорниот сад. Промешуваме. Потоа врз состојките во огноотпорниот сад редиме ленти кашкавал по целата површина.
    Уште малку ги матиме павлаката и јајцата и додаваме од супата. Повторно матиме со жицата и со содржината од длабокиот сад преливаме во огноотпорниот сад. Протресуваме и огноотпорниот сад го ставаме во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 220 степени. Го вадиме огноотпрниот сад од рерна. Пилешките копани со печурки ги сечеме на парчиња. На чинијата за сервирање ставаме три парчиња од пилешките копани со печурки. Врз секое парче ставаме топка павлака. Врз секоја топка павлака украсуваме со гранче копар.



    Добар апетит.
     
    На Phyramide, zhap4e и Lina24 им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.418
    Пол:
    Женски
    Пилешко, и начини на подготовка

    Лина ако можеш да им ги извадиш коските и да ги издинсташ ќе бидат преубави. Јас секогаш кога правам батачиња им ги вадам коските, сол, вегета, бибер и ги ставам во тавче со вода да динстаат. После си правам пире или ориз и мх, мх.
     
  15. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    Пилешко, и начини на подготовка

    незнам како ќе го изведам тоа :D не сум правела никогаш! ај ќе смислам нешто за да не јадам пак тост со маргарин и салама :rofl:
     
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Пилешко, и начини на подготовка

    Свеж стек сецкам на лентички, го посолувам , го валкам во сусам и го пржам на тефлонско тавче со малку масло ( да не плива во масло ).
    Како гарнир додавам брокула ( само обарена и посолена ) и печурки ( свежи, цели се ставаат во тавчето каде се пржел стекот, малку да калираат и да фатат боичка ) ... ммм.
    Што пишувам вакви работи, ми се пријаде сега :)
     
  17. banakieva

    banakieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пилешко, и начини на подготовка

    Еве еден многу вкусен рецепт
    1кг пилески стек се вари и се сецка на ситно, посебно се спрема бешамел сос со 2 лажици путер или маргарин и 2 лажици брашно се потпржува само малку и се додава 1/2 литар млеко,сол и црн пипер се вари сосот кога се згусти се додава исецканиот стек.
    Посебно се потпржуват 300 грама пецурки со 2 лажици путер и се додава 2 кисели павлаки.
    Во огноотпорен сад со капак се става прво ред од стекот со бешамел па ред од пецурките и се ренда кашкавал па се повторува пак ред стек ред пецурки и рендан кашкавал се пеце 30 мин на 200 степени се трга капакот и се остава усте 5-10 минути да се вцрви.
     
    На HappyS и Miss.Sweet им се допаѓа ова.
  18. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Пилешко, и начини на подготовка

    Пилешко на орли начин (предобро е)
    500-600 гр.пилешки стек
    2 јајца
    130 гр.брашхо
    100 мл пиво
    сол...
    Стекот се обарува и се става да постои пола сат во малку млеко и вегета..потоа се сечи на тенки лентички со дебелина од 1 см...
    Се делат белките од жолчките и се матат белките со миксер (како за торта)..Во друг сад се маткаат жолчките, се додава брашното и пивото...Потоа се соединуваат двете смеси и се мешаат со лажица...Смесата треба да дојде малку погуста од таа за палачинки...Потоа се валкаат стековите во брашно па во смесата и се пржат на загреано масло по 1 мин од двете страни...
    Со ова јас правам и тартар сос, и ги сервирам со лимон.
    Верувајте многу се вкусни, прсти да излижеш.. :clap:
     
  19. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Пилешко, и начини на подготовка

    Го направив ова денес, само без водичка, за да дојде погусто, прсти излижавме со дечко ми... Му го наполнив мешето квалитетно а и моето, а и колку е само брзо... Браво за рецептот... :clap:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    Пилешко, и начини на подготовка

    Тартар сос ................ това највише ти иде со ппрсти :D
    Рецетот :
    три краставички средно големи ,ке ги изрендаш на ситно краставичките,
    После това ке додадеш три лажици ( големи ) мајонез,
    Па додаваш кисела павлака, исто три лажици . .. и една лажичка сенф (ама убаво ке ја нагазиш лажичката колку поише можеш да собереш на неа)
    можеш да додадеш и малку магдонос................. а и лукче малку не је лошо.
    абе прсти ке изедеш :D