Посни јадења

Дискусија во 'Рецепти' започната од dowe, 9 декември 2009.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Нешто од умче, што се најде, тоа се стави :D . Важно на сите му се допадна и не остана ништо од него :$ .

    Посна пита од кори со спанаќ и праз
    Потребно: 1/2 кг. кори, 125 мл. обична вода, 125мл. минерална газирана вода, 1 лаж. шеќер, 1 лаж. сол, 125 мл. масло, коцка пресен квасец, 3 лаж. брашно, 500гр. спанаќ, 1 корен праз.
    Подготовка: Во еден сад се става обичната вода, квасецот, шеќерот и брашното. Убаво се меша и се остава да нарасне на топло (од прилика 15 минути). Потоа во него се става минералната вода, маслото и лаж. сол.
    Филот...
    Спанаќот се обарува, се цеди со рака и се сецка ситно.
    Празот се сецка и се пржи.
    Потоа се посолува по вкус и се мешаат заедно.

    Секоја кора се премачкува со смесата и се става од филот се додека не се употребат сите кори. Горе може да се стави сусам за декорација и вкус. Се пече околу 30 минути на 200 степени.

    *** Јас користев кори за баклава, па бидејќи се тие многу тенки ставав по 2, ги премачкував со смесата и ставав фил.

    Сликче :) .
     

    Прикачени фајлови:

    • Picture 001.jpg
      Picture 001.jpg
      Големина на фајлот:
      208,7 KB
      Прегледи:
      736
    На toogood, Ariel, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    102.116
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да ви пишам еден рецепт, ќе го правам деновиве за кумата за слава, туку два ќе ви пишам, еден солен и еден благ :lol:

    Посни триаголници од компир

    Во зависност од корите кои ги имате, односно колку кори имате толку количина на зарзават избирате, па така за пол кило кори отприлика 3 главици кромид исецкани ни ситно ни крупно, средно и околу 6 главици компир, рендани на крупното на рендето. Прво кромидот се пропржува да светне, тоа е изразот на мајка ми за киромид пржење, значи да омекне малку, да не е препржен, ама да не е ни жив. Потоа се додава и ренданиот компир, се меша многу и бргу бидејќи компирот се лепи на тавчето, со шпакла убаво ќе стругате по тавчето, ставете ако треба и повеќе масло. Откако ќе се испржи убаво, тоа ќе замириса појако, се додаваат зачините, по вкус, јас ќе ставам сол, вегета, мајоран, рузмарин и микс папра, е сеа наместо обична сол ќе ставам шарена сол, таа ми е поароматична. Корите за баклава ги редите по три една врз друга, измеѓу со масло попрскани, или растопен маргарин уште поубаво, ги сечете на ленти отприлика ширина колку 10 см, ќе излезат 4-5 ленти, зависи колкави ќе ги сечете. Во едниот ќош ставете од филот ама така побогатко, предиплете го во вид на триаголник и продолжете да виткате до крај, на крајот ставете малку од зејтинот или маргаринот за да се залепи и во тавче намрсено наредете со последното свиткано парче надоле. Додека не се потрошат намирниците виткајте триаголничиња. На крај завршувате со попрскан маргарин или зејтин и кисела вода мешавина и ако сте љубители на сусам, додајте препречен сусам, лудница од вкус. Самите ќе си добијат вкус на бурек со месо, што од зачините, што од кромидот, а грамче месо нема внатре. Не сум сто посто сигурна за количината на кромидот и компирот така да земете во резерва, најдобро би било да си имате отповеќе кори, за да не ви заостане зарзават, да не мрзнете или да не трчате во продавница по кори :lol:

    Бомбици од локум и сусам

    200 гр сусам, 200 гр локум
    до 100 грама чоколадо за готвење (може ама и не мора)

    Се пропржува сусамот на тивко, со постојано мешање за да не изгори, добрива убава златеста боја и тогаш се додава локумот исецкан на ситни коцки, на 8 отприлика, се меша додека не се соедини, некаде пред крај се додава и искршената чоколада да се растопи заедно со локумот, може и да се валкаат бомбиците во чоколадата изрендана или истругана со ноже, па да изгледа поефективно. Прекрасни и прелесни, а посни ;)
     
    На 1209, SV1911, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Општи прашања

    Што може да се јаде немрсно?
    Постам иначе...
     
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    33.327
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Moжеш да јадеш салати,компир,овошје,ориз,маслинки,мармалад... :)
    Мајками кога постеше ова го јадеше..се надевам дека ти помогнав.
     
  5. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.888
    Допаѓања:
    89.356
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    оваа недела се пости без зејтин ,така да можеш да јадеш локум и ѓеврек,леб и мармалад,печен компир само со сол,зеленчук,овошје ...
     
    На shushu му/ѝ се допаѓа ова.
  6. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Еве некои благи што се сто посто посни: Медени срциња, Дорина чоколадо ледена коцка, Бајадера, рум штангла, едно црвено чоколадо што е во кам 200 гр мислам само го има во тоа пакување превкусно е и посно. Баклавата е исто така посна, потоа едно црно чоколадо 75% какао што пишува на него. Превкусно е и посно. :) Исто така има рецепти за преубава посна чоколадна торта и за посни капкејкс ама на англиски е тој рецепт ако сака некој ќе го поставам.
     
  7. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Само да надополнам слатко од Смокви (или било кое друго), мед, кандирано овошје кое е доста зашеќерено и заменува благо доколку си љубител.
    Банани прелиени со мед и мелени ореви ми е фафорит посебно кога се пости без масло. Најбрзо се спремаат инаку ѕирни во кај што се посните рецепти на вода има рецепти за колачи на вода :)
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Еве неколку солени јадења што ги правам без масло:

    `Варам просо или хељда со вегета зачинето. Ептен најадува и те заситува, а да не зборувам колку е здраво.
    `Вчера сварив макарони со доматен сос (томатело италијано) + сецкани ореви = превкусно и необично.
    `Денес планирам да сварам златна мешавина и така ќе ја јадам само со сол (си сварив и свежи печурки демек како додаток, ама ги изгорев -.- и ништо ич)

    Јадам неколку оброци во денот за да не чувствувам глад: интегрално стапче од Тинекс, овошје, лешници/бадеми, салата немам направено бидејќи не може масло, па затоа си грицкам кисели краставички.
     
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Јас само последната недела ја постам без зејтин.
     
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    На сабајле јадам овесни снегулки (5 лажички), мелено ленено семе (2 лажички), мед (1 лажиче), цимет. Го попарувам со врела вода, мешам и за 2 минути снегулките се омекнати, а од ленот водата се згуснува. На крај ставам кршени ореви/бадеми.

    Резултат:
     

    Прикачени фајлови:

    На ma4enceEdno и Libera им се допаѓа ова.
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Доколку имате во замрзнувач печени и мелени модри патлиџани, еве предлог за посно малиџано. Јас ги ставам состојките „од око“:
    - модри патлиџани
    - пире од компири само со вода и зејтин, малку потечно од вообичаено
    - 2 црвени лути везени пиперки, претходно сварени
    - сенф
    - сецкани ореви и лукче
    - зачин по вкус: сол, вегета, црн бибер, кари, ленено семе..
    Се убаво се меша, и се добива превкусно зимско пинџурче
     
    На Orthophill, Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
  12. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Посна тортиља

    Потребно:
    - 2 чаши бело брашно
    - 1 чаша интегрално брашно (јас користев ржано)
    - 2 лажички сода бикарбона
    - 1 рамно лажиче сол
    - 4 лажици масло
    - по потреба жешка вода

    Се замесува тесто од наведените состојки, се замесуваат 8-9 топчиња и се покриваат со крпа да отстојат десетина минути. Се расукува секое топче што е можно потенко и се става во подмачкано тавче со зејтин. Секоја страна се пече околу 2 минути. Направените тортиљи се завиткуваат во мокра крпа да отстојат.
    Полнењето може да биде различно - јас избрав марула, ајвар и печурки. Може да се додадат маслинки, посен мајонез, растителен кашкавал (кој го конзумира), домати, краставици....

    Рецептот е преземен од https://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D0%BE ... 0%BD%D0%B0
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Посни медени срца (превкусни):

    -2 чаши брашно
    -2 чаши кисела вода
    -2 чаши шекер
    -1 лажиче сода бикарбона
    -1 лажиче какао
    -1 лажица мармалад
    -по желба мелени ореви доколку имате

    Се пече во ѓувече и се премачкува со мармалад, па топено чоколадо.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На t-sweet и Serafima им се допаѓа ова.
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    На прв поглед се убави, ама за вкус ќе кажете вие :) . Поради примамливиот изглед, еве и рецептче за тие што сакаат да ги направат и го побараа рецептот. Па да не биде во лп, нека биде за сите кои сакаат.
    Брзи, лесни за правње, а превкусни. Име не им знам, бидејќи се од ум правени, така да, можете да си ги крстите како што сакате. По мое би биле, посни колачиња со вишна :) .

    Потребно: 500 гр. црно чоколадо, 3 лаж. мед, 50 гр. сец. лешници, 50. гр. сец. ореви, 50 гр. сец. урми, 50 гр. сец. суво грозје + ако сакате двојна глазура за да ви бидат глатки за око (+200 гр. чоколадо) и фондан од локум.
    Подготовка: Чоколадото се топи на пареа, па кога ќе биде готово му се додава медот и сите сецкани суви состојки. Убаво се меша. За колачињата се користи силиконски калап за ситни колачиња, па затоа ставате едно малечко лажиче од смесата, една вишна (јас ги правам дома, со шеќер и малку ракија ), а ако немате домашни, можете да си употребите цели вишни од слатко или компот (има во Кам во тегла ситни вишнички, само пред неколку часа ќе им ставите малку шеќер и малку обична ракија за да го добиете истиот вкус на домашните вишни), па потоа ставате уште една лажичка од смесата од чоколадо, за вишната до дојде во средина. Го ставате калапот во ладилник 5-10 минути, за да можете убаво да си ги извадите.
    Возможно е да имате малечки дупчиња од воздух, па затоа им ставам двојна глазура. Чоколадото се топи исто на пареа (200 гр), со 2 лаж. масло (маслото и дава сјај на глазурата) и се прелева секое колаче посебно.
    Фонданот го правам само од локум и шеќер во прав. Бидејќи не знам точно колку ми беше потребно за нив (истовремено правев и други колачиња со фондан), ќе земам една груба проценка од 100 гр. локум и 100 гр. шеќер во прав. Убаво се меси и се додава боја по желба, во случајот портокалова.
    *** Да напомнам дека може фонданот да ви биде леплив, доколку употребувате премногу свеж локум. Затоа имајте си при рака уште 100 гр. шеќер во прав за да ја добиете посакуваната густина (да не ви лепи на рацете, туку да биде глатко и нежно).
    Украсувате по вкус, во случајот подарок со панделка :) .
    Во зависност од калапот излегуваат најмалку 30-40 парчиња.

    Чекам сликички и од вас :!: :) .

    Се извинувам што ја користам истата слика и што немам друга слика за да ставам на рецептот :$ .
     

    Прикачени фајлови:

    • e 029.jpg
      e 029.jpg
      Големина на фајлот:
      34,2 KB
      Прегледи:
      396
    На НаталиЛили, do-re-mi, Antolinaa и 5 други им се допаѓа ова.
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Уште некој ден почнуваат посните слави, и пошто екпериментирав денес со состојки што ми се најдоа при рака, не е на одмет да ви пишам како ги подготвив бомбиците постирани на Фемина инстаграм:)
    Потребни ми беа 4 средно големи јаболка, еден лимон и еден портокал, 500 гр посни бисквити, 200 гр мелени и сецкани ореви и 150 гр шеќер. Излупените јаболка се рендаат и се преливаат со сокот од лимонот и портокалот, па со рака се стискаат за да се исцеди сокот што ќе го пуштат по десетина минути. Течноста ја ставив со шеќерот да зоврие како шербет, па после ги додадов јаболката и се тоа да врие дур не почне да станува проѕирно како желе. Се трга од оган, малце да се соземе, и внатре се додаваат оревите, се меша, па се додаваат бисквитите и се заедно убаво се меша, ако е подизладено најубаво е со рака. За кар се прават бомбици и се валкаат во шеќер кристал за да бидат уште полични:lol:. Ем ич немастрафлија, ем се превкусни и излегоа околу 40тина. :smirk:
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    http://sezahrana.tumblr.com/post/105277035405/posna-torta-so-lesnici-i-koka-kola
    Тортава е превкусна!
    Има некои грешки во рецептот, јас на пример ставив по 70гр лешници и во пандишпанот и во филот. Мед не беше набројано во состојките, а пишува во објаснувањето, јас не ставив.
    [​IMG]
     
  17. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Роденденот на ќерками се паѓа во Велигденскиот пост, во сабота.
    Кумовите постат по цел пост, па би сакала да ми кажете некој посен рецепт, за солени работи. Некои испробани и брзи за подготовка, или нешто што може ден претходно да се подготви.
     
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Види на фб на мои рецепти страната.Имаат ставено видео од 70 посни рецепти.Ке најдеш нешто сигурно :)
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.792
    Допаѓања:
    270.529
    Пол:
    Женски
    http://sm.mk/1D2paOP мислам ова е линкот за посните јадења на Мои рецепти
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  20. julija07

    julija07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Ako ne ste znaele, za vreme na veligdenskite posti ne se jade riba. Riba moze da jadete samo na Blagovec.
     
    На t-sweet му/ѝ се допаѓа ова.