Форумџика на годината

Посни јадења

Дискусија во 'Рецепти' започната од dowe, 9 декември 2009.

  1. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    дајте некој сајт или блог ако знаете со вегетаријански/посни рецепти ?
     
  2. tonicka

    tonicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    13
    Еве и од мене неколку предлози за посни јадења што ги спремам.
    Посна пица

    Се замесува тесто со околу1/2кг брашно ,една коцка стасан квасец,сол,малку шеќер ивода.Кога тестото ќе стаса се прави кора за пица .Одозгора се става томатело,оригано,сусам растителен кашкавал,сецкани маслинки и печурки.се капнува и малку маслиново масло.Се пече во долниот дел од рерната за доле да фати кора а горе само да се растопи кашкавалот.

    Макало
    Се варат 10тина суви пипирки со 1 кг компири,потоа компирите се пасираат а пиперките се толчат во аван.Се мешаат ,се додава вегета бибер ,томатело и малку од водата во која се вареле.Одозгора се става исецкан праз и се попарува со врел зејтин.

    Посна чорба без зејтин
    Се ставаат во тенџере 3-4 компири,2 моркови и пашканат и се варат.Кога ќе омекнат се пасираат и се враќаат во тенџерето.Се додава зачин Ц-тој е само посен ,една рака ориз, малку грашок и малку палента за да се згусне чорбата.Накрај се додава и сецкан магдонос.

    Посен колач
    1чаша шекер,2 чаши брашно,1/2 чаша масло ,лажичка сода бикарбона,1ванилин шекер 4 лажици мармалад и 1 чаша млака вода се мешаат со лажица ,се додава малку суво грозје и сецкани ореви по желба.Се пече во намастено тавче.

    Похован кашкавал
    Растителен кашкавал се сече на стапчиња и се потопува во смеса направена од брашно,вода ,малку пиво и зачин.Смесата треба да биде погуста од тесто за палачинки.Потоа се вака во презла и се пржи.
    На овој начин може да се похова и кромид односно да се направат onion rings.
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    нели маргаринот кристал и обичниот е мрсен?и пудинзите затоа што содржат екстракт од млеко во прав?
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Kристал маргарин е посен (се добива од растително сонгочледово масло) а пудингот ако има траги од млеко е мрсен
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Гледам на тв реклама за посна паштета,дали некој ја пробал?
     
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Соини шницли и полнети печурки

    Потребно е:
    300 гр соини шницли
    300 гр поголеми печурки свежи - најдобро е шампињони
    1 чешне лук
    1 главица кромид
    магдонос
    црвен пипер, бибер, сол
    200 гр рендан растителен кашкавал
    брашно измешано со црвен пипер и сол

    Шницлите ставете ги во вода што вриела да омекнат 10 мин. Потоа исцедете ги убаво и истискајте ги да не остане вода во нив.
    Настрана чешнето лук истолчете го во аван со малку сол. Секоја шницла измачкајте ја со лукче и извалкајте ја во брашното измешано со црвената пипер и сол.
    Пржете во капка масло на тивко, за да добијат убава боја.
    Печурките измијте ги обилно во вода, извадете ги дршките, но не ги фрлајте. Истите ситно исечкајте ги и пржете ги со главица кромид на тивко, додајте црвен пипер, бибер и магдоносот.
    Наредете ги во тепсија со малку масло и наполнете ги со смесата од кромид и дршките. Одозгора ставете по малку од ренданиот растителен кашкавал и печете додека да се вцрват одозгора.
    Супер комбинација е за посен ручек.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.192
    Допаѓања:
    139.415
    http://www.kulinar.mk/ - можеш да пребаруваш посни рецепти
     
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Домашен зелник

    Потребно: 1 кг. брашно, половина коцка квасец, 3 лаж. (мали) сол, 2 лаж. (мали) шеќер, 4 лаж. (големи) масло, 1 лаж. панко, топла вода за замесување. Фил: 500-700 гр. кромид, 50- 100 гр. соја (зависи од вкус), сол, масло, 1 лаж. црвен пипер. Друго: маргарин

    Подготовка: Се замесува тестото, убаво се изработува да биде глатко, а потоа се остава да стои и да порасне. Од маргаринот се остава една малечка коцка (за премачкување на плеховите), а другиот дел се дели на 4 делови. Откако тестото ќе порасне се дели на четири делови и секој дел се расукува со оклагија и се премачкува со маргарин. Се сечи и се реди парче на парче (како за подготовка на лиснато), па се остава во ладилник да излади тестото (но не да замрзнува, а да може да се сучи), тоа е некаде 15 минути. Истото се прави со сите 4 делови.
    За филот: Кромидот ситно се сецка и се пржи во масло, на крај се додава сол и црвен пипер. Сојата се става во врела вода, а потоа се цеди со рака и се додава во испржениот кромид.
    Изладеното тесто се расукува во големина колку калапот во кој ќе печете, се става фил и на крај другата кора. Горе се премачкува со масло или растопен маргарин (што имате). Се пече 30 минути на 250 степени.




    Преостанати слики.
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    • zelnik.jpg
      zelnik.jpg
      Големина на фајлот:
      23,4 KB
      Прегледи:
      1.210
    На do-re-mi и Abeja им се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Не знам дали мислиме на истата, ама ние вчера пробавме Аргета посна паштета, има вкус како туна да јадеш, не е лоша, добра е, што ќерка ми ја бендиса значи добра е.

    Еве од мене една посна тирта
    -6 јаболки рендани
    -1 мало лаж. сода бикарбона-се додава на ренданите јаболки и тие се гмечат со раце
    -1 чаша зејтин (250 гр. чаша за млеко и таа се употребува за мерење и на другите состојки за тортата)
    -1 чаша сецкани ореви
    -2 чаши шеќер
    -2,5 чаши брашно
    -Се` се меша, се истура во подмачкано тавче (плехче) и се пече отприлика 45 мин. на 250 степени.
    Бон апетит :)
     
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Посен гулаш со соја шницли

    Потребно: 1 пак. соја шницли, 300 гр. маринирани ( или 500 гр. свежи) шампињони, 5-6 компири, 7 лаж. домашен ѓувеч (или за замена свежи домати, пиперки, кромид, морков...), 1 главица кромид, лук по вкус, масло, ловоров лист, сол, црн пипер, црвен пипер, вегета.
    Подготовка: Соја шницилите се ставаат во врела вода во кој се додава дополнително (кромид, лук, ловоров лист и сол). Се остава да вари околу половина час, се со цел да им се земе мирисот на шницлите.
    Во тава се пржи кромидот и се додаваат шампињоните (ако се свежи) и другиот зеленчук за ѓувеч (ако е свеж). Но ако не се свежи се пржи само кромидот. Компирите се лупат и се сецкаат на коцки. Сојата се остава да се цеди. Потоа се заедно се става во огноотпорен сад, шницлите, ѓувечот, шампињоните, лукот и се зачинува по вкус. Се додава вода колку да се покрие се и да се варат компирите. Се става во рерна околу половина до еден час, додека се сварат компирите.
    Настрана се прави запршка и се додава во тавата.

    Слика :) :



    Посен сос од шампињони


    Потребно: 500 мл. доматен сос (томатело), 500 гр. свежи шампињони, 2 главици кромид, лук по вкус, 1 лаж. сенф, оригано, босилек, сол, црн пипер, масло.

    Подготовка:
    Шампињоните се сецкаат на листови. Кромидот ситно се сецка и се додава во шампињоните. Заедно се динста со малку масло. Потоа му се додава доматниот сос, сенфот, зачините. Се заедно се динста околу 20-30 минути.


    Слика :) :



    Само што на оваа слика шампињоните се ситно сецкани, а треба да бидат поголеми.
     

    Прикачени фајлови:

    • posen sos.jpg
      posen sos.jpg
      Големина на фајлот:
      23 KB
      Прегледи:
      1.163
    • posen gulas.jpg
      posen gulas.jpg
      Големина на фајлот:
      18,7 KB
      Прегледи:
      1.163
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Посна руска салата

    Потребно: 1 кг. компири, 300 гр. моркови, 300 гр. грашок, 300 гр. пченка... посен мајонез по вкус (од Ким
    [​IMG],
    и со сигурност е посен :!: , зашто разговарав со претставник од фирмата), сол, масло, лимонов сок.

    Подготовка: Компирите се ставаат да се варат. Половина од нив додека се врели се пасираат како пире, а другата половина се сецкаат на коцкички. Морковите исто се варат и се сецкаат на коцкички. Исто и грашокот и пченката, ако не се варени се ставаат да се варат.
    Во пирето од компири се додава мајонезот и убаво се меша. Потоа му се додава се преостанато. Се меша и зачинува по вкус.
    Може да се додаде и туна.

    Слика :) :





    Посна пита со праз


    Потребно и подготовка: Еден страк праз, ситно се сецка и се пржи. Потоа 3 филџ. вода, 1 лаж. шеќер, 1 филџ. брашно, 1 коцка квасец. Се заедно се меша и се остава да стои 10 минути.
    Потоа му се додава уште 6 филџ. брашно, 1 филџ. масло, 1 лаж. јадра сол, пржениот праз. Се ова ќе дојде многу водено и затоа се меша со лажица. Смесата се става со лажица во намрсен калап бр. 30 и се остава да кисне додека ја дуплира големината. Се пече.
    На крај ќе добиете една убава солена торта што е мека како сунгер.

    Слика :) :



    Комбинација со посна руска салата.
     

    Прикачени фајлови:

    На stylishh, macence4, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не знам на каква мислиш, ама јас имам јадено паштета од буковка. Мека е и вкусна, не сум љубител на паштети, ама ми се допадна.
     
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.102
    Пол:
    Женски
    Јас кога постев јадев паштета од туна на Аргета, во комбинација со маслинки :) поубаво посно нешто нема :smirk: Инаку оваа поснава новава ја немам пробано, ама сигурно е убава, сите на Аргета се убави :wasntme:
     
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Посни плескавици од соја

    Потребно: 200 гр. соја трошки, 5-6 компири, 2 лаж. брашно, 1 главица кромид, лук, буковка, сол, вегета, црн пипер, црвен пипер, масло.

    Подготовка: Сојата се става во врела вода да набубри. Потоа се цеди со рака за да не биде премногу водена. Компирите се ставаат да се варат и додека се топли се пасираат како пире. Кромидот ситно се сецка, а исто и лукот. Во еден подлабок сад се заедно се меси со рака, воедно додавајќи се преостанато, за да се добие хомогена смеса. Од смесата се прават плескавиците и се валкаат во царевно брашно (со него не се препржуваат и добиваат убава боја), па се пржат во загреано масло.

    Слика :) :
     

    Прикачени фајлови:

    На Mishela, Libera, Silvester и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    484
    дали растителниот кашкавал е посен ? Ако е посен може ли во руската посна салата ?
     
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Една блиска личност која ова и е професија и секојдневна работа, јасно кажа дека кашкавалот е мрсен.


    Посни пица ролни

    Потребно: 1, 5 кг. меко брашно, 4 лаж. сол, 2 лаж. шеќер, 1 кес. панко, половина коцка квасец, 100 мл. масло, околу 700 мл. млака вода (зависи и од брашното), 1 маргарин кристал, кечап, оригано, 300 гр. маринирани печурки, 2 конз. туна (може и без туна).

    Подготовка: Се замесува тестото (брашно, квасец, сол, шеќер, панко, масло, вода) и се остава да нарасне 15-20 минути. Потоа се дели на два еднакви делови и се расукува со оклагија. Маргаринот се дели на 2 дела. Се развлекува кора си се премачкува со маргаринот, се сече и се поклопува парче врз парче (постапка за лиснато). Па се става во ладилник 15 минути. Повторно се сучи со оклагија и се става од филот (прво кечап, оригано, шампињони, туна) и се витка како ролат. Се сечат парчиња од 1 цм и веднаш се ставаат да се замрзнат и да не се рашират. Така замрзнати се ставаат во загреана рерна и се печат.

    Слика :) :
     

    Прикачени фајлови:

    На zhap4e и anabel-a им се допаѓа ова.
  17. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Ако е мрсен тогаш задолжително би требало да пишува на амбалажата.
     
    На gentle.girl и AIT им се допаѓа ова.
  18. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Не навлегувам во тоа дали растителниот кашкавал е посен или мрсен, исто и за мајонезот, ама знам дека нутрционистите не ги препорачуваат зашто биле штетни за организмот, па ако можете одбегнувајте ги. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. goluba

    goluba Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Има посна паштета оид Неопланта од риба е :D
     
  20. goluba

    goluba Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    и дали некој знае капучиното што го пијам од Голд на амбалажата пишува дека во него има посно млеко во прав, кој знае дали навистина е така?