ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 грама Шеќер
1 кесичка/ки Прашак за печиво
30 милилитри Масло
1 Кора од лимон
50 грама Кокосово брашно
200 милилитри Вода
500 грама Брашно
Време за подготовка: 20 мин.
Време за готвење: 40 мин.
ПОДГОТОВКА:
Од сите состојки замесете тесто, со тоа што вода ќе додадете онолку колку што ќе ви биде потребно за да добиете хомогено тесто.Кинете парчиња тесто, правете топчиња, па од нив кифлички.Редете ги на плех, кој сте го обложиле со алуминиумска фолија.Печете на 180 степени, околу 20-ина минути.Кога кифлите ќе заруменат извадете ги.Додека се топли потопете ги во сируп зовриен на рингла од 200 мл. вода и 250 гр. шеќер.Потоа кифличките валкајте ги во кокос и послужете.

Посни соленки
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 Шекер лажичка/ки
малку Сусам
2 лажица/ци Сол
15 лажица/ци Масло
1 мала лажица ким
1 Квасец
500 милилитри Вода
1 килограм/и Брашно
малку Афион
Време за подготовка: 15 мин.
Време за готвење: 30 мин
ПОДГОТОВКА:
Квасецот со малку шеќер, брашно и вода се остава да стаса на стандарден начин.Брашното (околу 1 кг.) ставете го во длабок сад и направете влдабнување па додадете ги квасецот, маслото, солта, шеќер и водата.Замесете средно тврдо тесто.Убаво измесете го и оставете да стасува.Откако тестото ќе го удвои волуменот премесете го и расукајте тенка кора.Од тестото земајте и правете долгнавести форми.Намачкајте ги со малку масло и посипете со сусам, афион или ким.

Топчиња од јаболка
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 грама Шеќер
малку Цимет
200 грама Портокал
50 грама Кокосово брашно
200 милилитри Вода
50 грама Бадеми
1000 грама Јаболки
Време за подготовка: 30 мин.
Време за готвење: 30 мин.
ПОДГОТОВКА:
Шеќерот ставете го во сад и варете го додека сирупот не почне да се згуснува.Излупените и исчистени јаболка додадете ги во сирупот, промешајте, исцедете сок од портокалот и додадете ја неговата претходно иструганата кора.Непрекинато мешајте, сè додека масата не се згусне.Тогаш тргнете од огнот и вмешајте ги исецканите бадеми.Правете топчиња, па секое извалкајте го во кокосовото брашно измешано со цимет.Ставајте ги на кујнска хартија, а кога ќе се оладат веднаш послужете.

Посни гевречиња
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 Шекер лажичка/ки
малку Сол
200 милилитри Масло
1 Квасец
500 милилитри Вода
500 грама Брашно
Време за подготовка: 20 мин.
Време за готвење: 30 мин.
ПОДГОТОВКА:
Откако квасецот ќе стаса со другите состојки се замесува средно меко тесто.
Се кинат парчиња и се прават гевречиња.
Секое геврече се става во топла вода, па во сусам, се остава да стаса и потоа се пече.









