1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посни јадења

Дискусија во 'Рецепти' започната од dowe, 9 декември 2009.

  1. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Постев за Богородица, а ќе пробам и сега.Никогаш не се заречувам.Колку издржам толку.Се обидувам да издржам,па ќе видиме.Сакам да си постам а и со постењето ќе ми се исчисти малце организмот,така ќе држам и диета и ќе ослабам. :D
    Инаку мислам дека сенфот е мрсен ама не сум сигурна.
     
  2. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Мислам дека има посен сенф,ама не сум сигурна.Знам дека има посен мајонез но доколку постиш со масло
     
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Сега во петок смее риба или несмее? Серафима нека ни појасни најубаво :)

    Сама да се редактирам, во меѓувреме прочитав што пишала Серафима во темата Пост, напишала риба само на св.Благовештение и Цветници, и ги видов датумите во црковното календарче- св.Благовештение 7 април и Цветници 28 април. :)
     
  4. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    Имаш посен сенф на Полимарк, колку што можев да прочитам, не содржи ни масло.
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Рецепти за салати

    Жени кажувајте рецепти за посни салати?
     
  6. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    152
    Здраво девојќи :) Сакав да ве известам дека во маркетите на Тинекс има доста посни работи и еве ви го оставам каталогот ;) http://tinex.com.mk/mk/Home/Actions/2-akcii а да..во каталогот има и неколку рецепти..и интересни се :)
     
  7. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    250
    може да си направите пица посна со
    маслинки
    кашкавал посен
    кечап
    печурки
    оригано
    и др.. посно што ке ви притекне да си ставите :)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Неможам без млеко,и не постам.Ама еве интересна салатка,која често си ја припремам.
    Туна салата:
    -тестенини(ситни или макаронки) без јајца
    -1 кознерва туна сецкана
    -кечап
    Подготовка:Додека тестенините се варат според упатството на кесичката во тава на оган ставете ја туната од конзерва и пропржете ја.Потоа додадете и кечап и промешајте.Кога тестенините ќе се сварат процедете ги и ставете ги во длабок сад.Во нив исипете го сосот од тавата и промешајте.Пријатно! :)
     
  9. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    нели туната/рибата се јаде само за празник т.е на цветници? гледам на каталогот тинекс се е туна и паштети од туна, а гледам и бајадерата во посни ја ставиле? како нема млеко во неа? во сите мусли има млеко/ пишува може да содржи траги од млеко
     
  10. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Толку знаат и толку му ја марат, народски кажано
     
  11. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Ова предјадење ми е омилено кога постам.
    Потребно за двајца:160гр макарони од они без јајца :!: ,120гр конзервирани печурки ,200мл доматно пире или домашен сос од домати,1 морковче,четврт кромид,марданос,босилок, мелен црн бибер,10 мл маслиново масло ,лук во прав и сол по вкус.
    Подготовка:Макароните ги ставаме во вода да се варат.Водата треба да врие кога ќе ги ставите.Во истата вода додека се варат додадете една лажичка сол.Во мегувреме во тава на оган ги додаваме маслото,ситно сечканите морков и кромид да се попржат додека да омекнат.Потоа се додават и печурките и доматното пире.Се остават малку да покрчкат,од прилика 5 минути.И на крај се додават ситно сечканите магданос и босилок,црниот бибер и лукот во прав.Ви препорачувам во сосот да не ставате сол ,бидејќи макароните ќе се веке солени од водата во која се варат.Откако макароните ке се сварат ,се цедат од водата и се додават во тавата кај сосот.Се промешува со лажица и се сервира.За декорација попрскајте повторно малку од магданосот одозгора .
     

    Прикачени фајлови:

    На Mayyya, Mishela и Serafima им се допаѓа ова.
  12. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    полнет пиперки со ориз и печурчиња

    нјам нјам
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.474
    Не знам,може е стара финтава, ама ете јас сега ја дознав за посни благи. За сите благи со јајца што се мајка ми ги прави со банана место јајца, една банана заменува две јајца... Јас не сум ги пробала,татко ми како дегустатор тврди дека му се поубави вака,него ли со јајца.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Полнети пиперки со трошки од соја и ориз, скоро им е исти вкусот како со месо.

    Ориз со печурки

    Макало со варен компир, варени суви пиперки и праз.

    Посна пица со кечап, маслинки, печурки, пиперка (по можност лута), младо кромитче и пченка (шеќерац) ама не од конзерва туку онаа смрзнатата во кесичка.
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Морам да ги пофалам колачиве, не се стандарден сникерс, но се преубави, ги правев за Младенци и не погрешив. До сега немам правено благо со алва и малку бев скептик, ама не само што се вкусни туку се и лесни за правење. Толку се ровки, сочни, не се како посен сникерс. :^:
     
    На mia9184 и Serafima им се допаѓа ова.
  16. Tweety10Tweety

    Tweety10Tweety Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Посно благо - кадаиф, може да се јаде и преку недела и за викенд, јас купив готов кадаиф, во составот пишува дека е правен од пченкарно брашно и вода, за шербетот оди 1 л. вода и шеќер 1 кг., но јас ставив 850 гр., да не дојде преблаго... вака спремено може да се јаде и преку недела, а доколку сакате за викенд може и да се додаде една лажица маргарин во шербетот, така пишува на упатството, но јас не ставив за да може да се јаде и преку недела, бидејќи постам без масло... Дали некој од вас си прави кадаиф за време на постот?
     
    На Sandra9 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    А можеш и да додадеш суво грозје и оревчиња на пример, кога го распоредуваш кадаифот во тавчето... Една идеја плус :D
     
  18. Tweety10Tweety

    Tweety10Tweety Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Па овој е готов, испечен, само шербетот се прави, но може одозгора да се стават суво грозје, оревчиња, ф`стаци...
     
  19. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Moжеби прашањево ми е глупо, ама кечапот без масло е или? Го читав составот на тој од витаминка никаде не пишуваше масло, ама пак да прашам за сигурно.
     
  20. Tweety10Tweety

    Tweety10Tweety Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Ако не пишува, значи без масло е... ако има табела види дали има наведено масти, но не би требало, кечапот колку јас што знам е без масло и јас си јадам за време на постов
     
    На Angel.Heart му/ѝ се допаѓа ова.