Јас брокула многу користам во исхраната,како варена во супа,барена како прилог и свежа во салата.Мене најубава ми е свежа ,во салата од цвекло,морков,јаболко и брокула на ситни парчиња зачинети со маслиново масли и оцет балсамико.
Убава ми е во салата во која додавам и компири и моркови (сите обарени), може и грав од конзерва и зачинувам со црн бибер, лимонов сок и масло.
Брокулата ја обожавам...барем еднаш во неделата ја имам на трпеза...Ја обаврувам зашто имам проблематичен желудник и ја сецкам ситно после , ја посолувам , малку оцетче и зејтин...уффф
Mногу ја сакам брокулата ,обично ја додавам во супа во било какви јадења каде има компирчиња ,многу е полезна за здравјето.
Ја сакам брокулата,но поретко ја приготвувам во храна во која доминира. Ја ставам во супички,во мусаки,во печени компирчиња,сармички....
Гледав еден да кажам рецепт на јутуб за печење на брокулата. Се сече на парчиња, се става во тава се става масло и зачин сол, може и некој друг по сопствена желба, се пече 15 минути на пониска температура, се вади од рерна и крцка... би сакала да си направам, ме интересира дали ќе ми се допадне. Не знам за тоа дали се јаде свежа, ама варена, печена, пржена може
Еве јас како си ја правам по еден рецепт : 2 главици брокула, свежи шампињони, едно парче стек и хопла за готвење.Ќе си ја исецкате брокулата ,шампињоните и стекот на парчиња и ке ги ставите даа се варат околу 20-тина минути,после тоа ке ги ставите во тава за печење ке им ставите сол, бибер,мозе и малце кари ,ставате и парчиња маргарин и го преливате со хоплата за готвење и печете на 200'c.додека не се згусне смесата ,мммм
Ја обожавам Обично ја јадам обарена неколку минути, со малку сол. Денес за прв пат направив омлет со брокула .. прекраснотии
Брокулата е речиси секој ден кај нас на масата....ја јадеме со сласт... Секогаш ја обарувам во вода во која ставам сол(еден вид на хигиенска постапка,значи да ја фати едно вриење) Ја спремам како салата ,за нас ,а богами и за гостите и сите ја фалат. Значи прво ја обарувам. Кога ќе се олади ,ја сецкам ситно,додавам урда-изварка,рендана краставица,толчено лукче и толчени ореви.Фантазија!!! Пробајте,нема да се каете.
Да се надоврзам на рецептот твој Јас ја обарува ја испасирувам додавам павлака, рендана краставица, малку лукче,и мајонез за вкус ! Прекрасна е пробајте
Јас ја обожавам како салата. Брзо и лесно се приготвува, а верувајте дека уште побрзо ја снемува од чинија. Прво ја обарувам, па откако нели ќе ги разделам китките додавам вегета, магдонос или босилек, ситно сецкано лукче, малку масло и оцет. Преубав вкус добива, да не можеш да се изнајадеш.
Јас си ја јадам така, без ништо. Купувам замрзната (инаку сум читала дека замрзнатиот зеленчук и исто толку добар како и свежиот, заради што е смрзнат веднаш после берењето и не се губат многу витамините). Си ја оставам да се одмрзни, и лепота... крцкај си Е сега, шо сакав да кажам а девојките кои внимаваат на килограмите. Брокулата е одлична за слабење затоа што има таканаречени негативни калории. Тоа значи дека, ќе јадете, и ќе ве засити, но бројот на потрошени калории при обработката на самото јадење е поголем од бројот на внесени калории со јадењето на брокулата. На пример, 100 гр брокула има, да речеме 30 калории, ама организмот ќе потроши 40 калории за да го свари и обработи сето тоа (бројкиве не значи дека се точни ама од прилика). Ем сити и најадени, ем трошиме калории... јеееееееееее
Како помала воопшто не ја сакав. Ми имаше некој грд мирис. Ја јадам и свежа ( прво со жешка вода ја измивам) па, сол, масло, киселина и што ќе ми се фати при рака дали нане или босилек обавезно. Инаку во супи скоро секогаш кога правам, ставам
Вчера јадев свежа брокула, измешана со друга салата, одлична е. Инаку скоро секој ден варам неколку ситно сецкани моркови, сецкан компир, и брокула и после им ставам едно пакетче супа. Ептен е вкусно. Инаку сум слушала дека најдобро е да се јаде свежа бидејќи така сите витамини остануваат во неа, инаку ако се вари за чорба да се вари кратко, само неколку минути.
Си купив брокула. Денес направив супа со неа, утре некоја салата ќе пробам, па ќе пишам. Зоврев вода, ставив една коцка супа без фиде, по 3-4 минути ја ставив предходно измиената и ситно здробена брокула и по 1 минута го тргнав тенџерето од шпорет. Не е воопшто вкусно, нареден пат ќе ставам помалку колку да не ми биде водена супата. Здраво е и добро за диета, па ќе си ја изедам.