ова не е баш салата...

ама пак е со туна и затоа решив тука да го сместам рецептот.
* ролат со туна- 1 обланда
- 2 конзерви туна
- 3 100 гр пченка шеќерец
- 3 поголеми кисели краставички
- 2 лажици испржен сусам
- 100 гр маргарин
- сол и бибер
обландата ставете ја помегу две влажни кујнски крпи за да омекне. туната исцедете ја од мрснотијата. во сад ставете го маргаринот и со миксер пенесто изматете го. додадете ја исцадената туна и изматете го миксерот. потоа додадете ги ситно искечканите кисели краставички, пченката, сусамот, па мешајте со лажица додека не добие хомогена смеса.
со добиената смеса намачкајте ја омекнатата обланда, а потоа свиткајте ја во ролат.
ролатот ставете го фрижидерот да отстои 2 часа.
исечето го на тенки парчиња и послужете го.