МАЛКУ ПОИНАКВА ТУНА САЛАТА
Потребни состојки
1 конзерва туна
1 краставица
1 морков
1 домат
1 јаболко
маслиново масло
сол, бибер, магдонос и лук
Начин на подготовка
Туната исцедете ја и ставете ја во сад. Краставицата, морковот, доматот и јаболкото исецкајте ги на коцки и додајте ја туната. Магдоносот и лукот иситнете ги и ставете ги во садот со салатата. Прелијте го масло, посолете, ставете бибер. Добро промешајте и веднаш послужете.
Салата од туна и грав
додади во омилени
Лосос, харинга, скуша, ослич, туна и други видови на масни риби богати со омега-3 масни киселини, ја намалуваат можноста за мозочон удар и помагаат во неговата превенција. Печената или варената риба препорачлива е за консумирање повеќе пати седмично (во просек 340 грама). Просечна количина на омега-3 масните киселини во 60 грама риба (колку што би требала да биде една порција) кај лососот изнесува 1200 мг. а кај туната од конзерва 145 мг.