Нема англиска верзија, можеш да си уклучиш Google translate, па ќе ти преведе доволно за да можеш да се снајдеш. Инаку, и јас го гледам на Boom TV, знам дека некои кабелски оператори го имаат, ама не сите.
Како и да е, си го пуштам секогаш кога ќе најдам време да седнам пред тв преку ден.
Ми се допаѓаат доста емисии, ама дефинитивно, омилени ми се Easy Meals, Rudolph's Bakery и Donna Hay Fast Fresh Simple. Borderless cooking понекогаш ми фаќа око, a Taste of cooking ми е малку повеќе комплицирана.
Како и да е, си правев некои од рецептчињата, малку ги модифицирав, претежно слатките на Рудолф ги правам, ама знам да искористам некоја идеја од Easy Meals кога не ми текнува што да правам за ручек.
Еве некој рецепт од мене
Speculaas (првото што направив, за да видам дали ќе ги биде рецептите или не)
Оригиналниот рецепт оди вака:
Лажица млеко -
ставив две100г шеќер -
јас дупло, 200г150г брашно -
пак дупло 300г, поточно, помалку сум ставила, дел заменив со крупно мелени лешници (150г)75г путер -
150г во мојот рецепт, ама ставив Кристал маргаринлажичка прашок за пециво -
ставив две75г кафеав шеќер -
100г обичен шеќер5г сода бикарбона - не ставив
clove powder (немам поим што е ова) -
наместо ова ставив какао, една лажицаморско оревче -
наместо ова ставив циметМлекото се става на оган со шеќерот да зоврие (да се стопи). Во подлабок сад се става брашното, останатиот шеќер, какаото, циметот, прашокот за пециво, се меша убаво и се додава маргаринот. Потоа се додава врелото млеко и се замесува тесто. Треба да биде како бисквитно тесто за ванилици - мене ми излезе како тесто за бомбици. Се става во фрижидер да се стврдне малку маргаринот. После треба да се сука како кора и со модли да се вадат колачи, ама бидејќи мене не ми беше доволно цврсто за сукање, направив топчиња и ги плескав со чаша, што не мора, оти ќе се шират во плехот, па да не ви се спојат. Се печат 10-15 минути на 175 степени и меки се кога ќе се извадат, со ладењето се стврднуваат и стануваат крцкави колчаиња. Превкусни се, за со млеко, за со кафе или така за грицкање.
Слика немам, не стигнав да ги сликам

ај нареден пат.
Друго:
Fryske Dumkess110г лешници
250г брашно
малку сол
150г шеќер
150г омекнат путер
лажиче цимет
лажиче ѓумбир
лажиче анис
2 јајца
Крупно мелените или сечкани лешници се мешаат со брашното и солта. Се додаваат шеќерот, путерот, зачините и јајцата. Се меси убаво меко тесто, се остава во фрижидер барем половина час.
Се сука кора и се сечат коцки од тестото (големина по избор, може и со модли). Се редат на хартија во плех, се печат 15-20 минути на 180 степени.
Треба да се втисне отисок од прстот кога малку ќе се оладат

не ми беше сфатливо, па не го направив тоа.
Колачите се супер, јас сакам вакви да имам по дома за секој случај, затоа што стојат подолго време без проблем. Е сега, овие дозите се мали, може да ги дуплирате, триплирате... колку сакате
Coffee caramel truffles20г инстант кафе
200мл слатка павлака
150г шеќер (во оригиналот има 100г шеќер и 100г мед, ама јас ставив 150 г шеќер, да не се многу благи од медот)
200г млечна чоколада (во рецептот е 500г

)
200г црна чоколада (исто и ова во рецептот е 500г, ама многу е)
Се меша кафето со павлаката и се загрева, а од шеќерот се прави карамел. Се истура топлата павлака во карамелата и се чека да се истопи. Се додава млечната чоколада и се меша убаво да се стопи.
Оставаме да се олади, формираме топчиња и ги натопуваме во црната чоколада претходно растопена со малку масло. Може топчињата да се замрзнат, па така замрзнати да се потопат во чоколадо, тоа веднаш ќе се стврдне.
Ај доста е за денес... нареден пат повеќе
