Напишете рецепти со готови кори.Еве јас ке запишам еден,се надевам дека ќе ми кажете некој од вашите рецепти ваши рецепти со готови кори. ПИРОШКИ ОД ГОТОВИ КОРИ .................................................----------- --- Пола кг. готови кори се сечат на пола во должина,се земаат по 3 одеднаш се прскаат со пелистерка и многу малку зејтин,се става во нив фил каков сакате на пример:Урда или сирење со јајца,или кашкавал со мартадела во зависност што сакате или што имате во моментот.Потоа ги виткате во ролна од страна малку ги превитувате да не испадне филот,ги натопувате во јајца и лебни трошки.Се пржат во врел зејтин,кога ги вадите од тавата морате да ги редите на солфети за да се впие зејтинот од нив,кога се служат во празна чинија ставате чист и сув лист марула ставате 2 пирошки а околу нив правита кругови со мајонез врз мајонезот ливчиња магдонос.Верувајте прекрасни се.Феминки мои сега вие сте на ред.ПОЗДРАВ
Состојки 500 гр готови кори 300 гр рендана салама 300 гр рендан кашкавал 100 мл кечап 100 гр печурки 100 мл масло Подготовка Количината на состојките може да се менува по желба, нормално и редоследот на состојките Тепсијата во која ќе го правиме пица бурекот ја намрсуваме и ставаме една кора, потоа кората ја попрскуваме со масло, ставаме рендана салама. Ставаме друга кора и неа ја попрскуваме со масло, ставаме рендан кашкавал, ставаме наредна кора која ја попрскуваме со масло, ставаме кечап, потоа друга која и неа ја попрскуваме со масло и ги ставаме печурките. Најспосле ја ставаме последната кора и рендаме кашкавал. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 -на минути, т.е додека не се истопи кашакавалот и не порумени убаво. Состојки 450 грама готови кори 120 грама салама 120 грама кашкавал Подготовка 1. Ги рендаме саламата и кашкавалот заедно во еден сад. 2. Корите ги сечиме на половина во должина. 3. Секоја половина од кората ја попрскуваме со смесата од масло, кисела вода и пециво. 4. Секоја половина ја превиткуваме уште еднаш по должина и на долниот крај ставаме од саламата и кашкавалот. ( види слика ) 5. Корите ги превиткуваме така да добиеме триаголници. 6. Печиме во плех на хартија за печење во загреана рерна на 180 степени околу 10-15 минути додека да поруменат. 7. Послужуваме со кечап и оригано и топка павлака на средина ( но јас заборавив да купам ) СОВЕТ Ова јадење може да биде и посно доколку се направи само со растителен кашкавал. имам пробано и така се вкусни . Состојки 500гр. готови кори за пита 1кг. јаболки 1 ванилин шеќер 150мл. масло 200гр. шеќер 50гр. пченичен гриз 50гр. шеќер во прав Подготовка 1.Ги лупиме и ги рендаме јаболката. 2.Земаме една кора и ја премачкуваме со масло,врз неа ја ставаме втората кора и неа ја намрсуваме. 3.На почетокот од втората кора ставаме од ренданото јаболко и посипуваме шеќер, малку гриз и ванилин шеќер. 4.Ги виткаме двете кори како палачинка и ја ставаме во тава која претходно сме ја премачкале со масло. 5.И преостанатите кори ги филуваме и ги редиме во тавата. 6.На крај ги премачкуваме со преостанатото масло и ги печеме во загреана рерна на 220 ст. околу 25 мин. додека не добијат убава боја. 7.Откога ќе се олади ја сечеме и ја посипуваме со шеќер во прав. Овие ги прави мајка ми а иначе од интернет се. http://moirecepti.mk/tag/%D0%B3%D0%BE%D ... %80%D0%B8/ од овде се.
најубавата пита со готови кори ја правам по рецепт на една моја пријателка од Србија и секојпат е превкусна! 500гр кори салама,кашкавал,печурки кечап (може и со сирење) фил 2јајца 1филџан јогурт 1филџан зејтин 2филџана брашно сол малку пециво сето ова се меша убаво и треба да дојди малку погусто од смеса за палачинки. ако е густо се разредува со јогурт или млеко(кој што има) корите се делат на 3 дела..на пр во пола кило отприлика се 15 кори.ги делам на 3 дела по 5 кори. првата кора се прска со зејтин,втората се мачка со филот,третата кора пак со зејтин,четвртата со фил, и на петтата се става смесата(дали сирење или како пица-салама,кашкавал,печурки кечап оригано) се витка во ролна и се става во подмачкан плех.ролни се прават и од останатите кори. на крај се ролните се премачкуваат со филот што останал и се наросуваат со сусам. се печи 20-тина мин на 200С.
Јас со готови кори правам ваква баница (или гибаница по српски како што ја вика лудото ) Со пет кори правам една ролна како ролат, со тоа што редам една кора, ставам рендано сирење, редам друга кора, пак рендано сирење и така со пет кори, ги виткам во ролна и ролната ја сечам на околу 10 парчиња, секое парче околу 4-5 см, големината зависи од висината на тавчето во кое ќе се печат, да бидат пониски од висината на тавчето за да не претекува филот. Така се прави со сите кори. Секое парче се реди во намрснета тава, свртено нагоре, круговите да се гледаат одозгора, се редат во круг, како погача. Потоа се прави фил од 3-4 јајца, јогурт или кисело млеко и 1 пециво (се матат со вилушка) и баницата се прелива со филот, а потоа се пече во загреана рерна додека не се испече
Јас пак вака ја правам: 2-3 јајца, сирење или изварка, сол, масло, јогурт и прашок за пециво ги мешам убаво. Немам точна мерка за артиклите, ама да има барем половина кг сирење/изварка, минимум пола литро јогурт, пола филџан масло. Во подмачкан плех или тавче (зависи во што ќе правиш) се редат две кори како основа, се прскаат со масло, па потоа секоја кора се гужва и се потопува во смесата, па се реди во тавчето. Така со секоја кора додека не се потрошат, а последната не ја натопуваш во смесата, само ја ставаш одозгора. Се премачкува со малку масло, јајце (жолчка), и се посипува со многу сусам. Ова е српска гибаница, директ од Панчево
Досега со готови кори сум правела бурек со сирење или урда (зависи што имам во моментот дома), со месо и со праз. Ги правам или во четвртаст плех или кружен, постапката е иста, редам кори кои ги попрскувам со масло, обично по пет кори (некогаш и по три), и на петтата ставам фил, па пак пет, па фил и се така додека се потрошат, потоа ги сечам во плехот и ги полевам или со две јајца изматени и кисела вода, или две јајца изматени и јогурт, оставам малку околу половина час да одстои, за да впие, и се печи. Многу се вкусни, сега сум на диета да ми заврши ќе пробам да направам пица бурек од овие вие што ги имате напишано.
Не знам, колку што прочитав погоре не забележав, дали вие имате во пракса да правите Тутканица?? ПОлесно и побрзо нешто нема!!! Во еден подлабок сад се матат 3 јајца со пола кило урда. Во подмачкана тепсија се редат две кори и се оставаат уште две кори за одозгора. Останатите кори, една по една, се гужваат во рака, топчето се валка во урдата и се редат во тепсијата едно до друго. Така со сите кори и одозгора повторно се покриваат со двете кори оставени од претходно. Прекрасен вкус и богато изгледа.
Најдов една рецепта за банички од готови кори во едно списание кое излага кај нас, малечко е и е 12 денари. Излага еднаш месечно. Сите рецепти се од жени домаќинки и се се погодени рецепти. Значи вака: Потребно е 500 гр готови свежи кори. Се става во еден сад да провријат 2 чаши вода (мала чашка од јогурт е добра мерка) и 1 чаша зејтин. Секоја кора се премачкува со оваа течност. На почетокот на кората се става фил (филот е по желба, 1. јајца изматени со урда; 2. се пржи една главица поголемка кромид и се додава сецкан спанаќ, околу 700 гр., а откако ќе се тргне од оган се додава урда/сирење и сол по желба; 3. кечап и сецкана салама, кашкавал). Потоа кората се врти во ролна, а потоа се врти како полжавче. Корите се редат во плех на хартија за печење. Одкако ќе ги наредете одозгора повторно ставете врз нив хартија за печење. Се пече во загреана релна на 200 степени, 20тина минути. Потоа се вади горната хартија за печење и се пече уште 5минути , додека полжавчињата да добијат убава боја. Кога ќе ги извадите од релна премачкајте ги со течноста од вода+зејтин, ставете ја врз нив хартијата за печење што ја извадивте за да поруменат и покријте ги со чаршавче да “земат душа“ Јас два пати правев по овој рецепт пред да ви ја кажам рецептава и да се уверам дека првиот пат не било погодено на среќа Супер вкусно, супер лесно ... а башка и ептен домаќински
Јас си правам бурек со готови кори. Зависно од тоа со што сакате да ги полните корите, потребно е: Плех за печење и хартија Сирење(количината ствар на вкус, најважно е рамномерно да се распределува низ кората). Доколку сакате со мелено месо, потребно е меленото месо предходно да го запржите со малку кромитче и биберче. Или пица бурек си ставам сецкано сиренце, печурки, маслинки... Филот ми се состои од 2 јајца, 1 чаша кисело млеко и едно пециво кои добро се матат.(за отприлика 400 гр . кори) Кората ја премачкувам од двете страни со едно четче кое постојано го киснам во филот. Потоа редам од состојките, и врз нив доаѓа втората кора која истотака ја премачкувам со филот и врз неа друг слој со состојки... Доколку правите во форма на коцка, препорачливо е одкако ќе ги наредтите корите(пред печење да ја пресечете на 4 делови). Зависно од формата на корите и колку количински сакате да направите, може да се преполови или дуплира смесата за филот. Зајрето е ствар на вкус и нема битна улога точната количина. Јас имам правено и од само една кора. Убаво ја накиснав во филот, ја наполнив со зајре и ја завиткав како ролат. Се пече околу 20/25 минути мислам на 200 степени. За беља точната минутажа немам никогаш приметено, си ѕиркам кога е поцрвенето. Еднаш сликав, па вака изгледа
Морам да се пофалам е ако де прв пат го правам и испадна многу добар, море одличен хахха за Св Василиј или ние како што си го викаме празникот Василица, овде не прават такви работи па си го донесов обичајов од дома . со готови кори од фриком кој мислев дека ќе биде катттассстрофа замрзнати искинати , ама му го најдов чарето . Рецеоптов го гуглирав ама ми беше страв морам да признаам како ќе биди . http://moirecepti.mk/
Јас многу често правам банички од готови кори. Ако се посни, ги прскам со мешавина од кисела вода и масло, ама малку. И потоа прскам фил, може да биде од кисела зелка со праз, печурки и праз или само праз. Притоа, филот мора прво да се динста малку. Ако не се посни, корите за банички ги прскам со мешавина од коцка квасец, 300 мл млеко, 300мл масло, 6 лажици брашно и лажиче сол. После ставам фил, кој може да биде буквално што сакате (сирење, изварка, мелено месо, праз со сирење и јајца, мешавина за пица бурек...). Само се распоредува со прскање низ цела кора, се витка ролат и потоа како баничка.
Еве од мене банички со готови кори. Јас ги правам пола пица банички,пола со сирење.Излегуваат доста,колку кори има во пакувањето толку банички. Најпрво ќе намокрите крпа и убаво ќе ја исцедите. Потоа една кора земаш ја ставаш врз крпата и ја премачкуваш со мешавина зејтин и кисело млеко(тенко слојче). Потоа на едниот крај додаваш од филот,кога е со сирење додавам и плус јајца,а пица фил со се и сешто-шунка,печурки,кашкавал,кисели краставички,малце оригано и кечап.Ги моткам како полжавче,а одозгора ги премачкувам пак со смесата од кисело млеко и зејтин,така се поровки.
Ја видов сликичката и навистина ми се допадна, ама рецептот воопшто не. Затоа си направив сама рецепт и фала му на Бог убаво излезе. Малку е побавен за работа, ама како за гости и за на маса за сервирање и декорирање е одличен. Повелете . Солен ролат со мелено месо Потребно: 3 јајца, 100 мл. млеко, 2 лаж. брашно, 1/2 коцка пресен квасец, 1 мала лаж. шеќер, 1 лаж. сол, 100мл. масло, 500 гр. мелено месо, 3 главици кромид, масло, сол, црн бибер, и 12 кори. Подготовка: Кромидот се сецка ситно и се пржи, потоа се додава месото и се убаво се динста, па на крај се зачинува по вкус. Во малечко тенџере се ставаат јајцата, млекото, квасецот, брашното и шеќерот, па се остава на тивок оган, за да се активира и порасне квасецот. Кога веќе содржината ја дуплира својата големина, се додава солта и маслото. Од оваа смеса се премачкува една кора и на едниот крај се става мелено месо, па се витка како ролат. Најдолу се стваат 4 кори, па 3, па 2 и на крај една. Така наредени како пирамида се ставаат во две други кори кои исто така се премачкани од смесата и се завиткуваат, за да не се расураат. Се премачкува ролатот со јајце и се става сусам. Се пече 30 минути на 180-200 степени. *** Според она на сликата, со оглед на тоа што прилично богато изгледа, мене ми остана фил од меленото месо. Користев тенки кори како за баклава, затоа и ми останаа. Така и другите што преостанаа ги направив како малечки буречиња. Имаше доволно фил и за нив. Половина килограм кори ви се доволни за овој ролат и плус неколку малечки буречиња .
Пити со готови кори обично правам без некоја посебна рецепта. Зависно од моменталната инспирација или она што имам во фрижидер. Пред некој ден правев бурек со спанаќ и сирење. Начинот на подготовка верувам на повеќето ви е познат, а за помладите домаќинки еве накратко 1/2 кг готови кори, 1 шоља (за кафе) масло помешано со исто толку вода и едно пециво, маргарин за премачкување, фил по желба (јас овојпат ставив пола килограм сецкан спанаќ и дробено сирење). Тава бр. 30 се премачкува со маргарин. Како основа се ставаат четири кори распоредени да го покријат дното, а поголемиот дел треба да е надвор од тавата (на крај со нив се преклопува). Останатите кори се редат една врз друга нагужвани. Секоја кора се прска убаво со смесата од вода, масло и пециво, а се филува секоја втора. На крај питата убаво се преклопува со корите од дното. Треба да се работи побрзо бидејќи овие кори брзо се сушат. Одозгора на 5-6 места ставам парченца маргарин. Се пече во загреана рерна на 200, додека не добие убава боја. Испечениот бурек се покрива со платнена салфета да постои 10-15 мин, па потоа се превртува.
Правев бурек со готови кори, но ми останаа 6 кори вишок. Бидејќи откако ќе се отворат брзо се сушат, набрзински смислив нешто како да ги искористам. Ги искинав корите на парчиња и спремив течен дел од едно јајце, околу 100 мл масло, 200 мл млеко (не мерев, меркове не се многу прецизни), сосема малку пециво и издробено сирење. Ова го измешав со издробените кори. Тавчето за мафини го подмачкав со путер (имам објаснувано во темата за мафини). Не ги полнев ептен до горе и од 6 кори добив и исто толку парчиња. Печење -во загреана рерна на 200 додека не се заруменат. Излезе нешто ко гибаница-мафини, но многу вкусно.
мила сакам да те прашам за првиот рецепт сатаваш кисела вода или не?баш ми звучи вкусно и сакам вечерва да го направам а потоа како го сечиш во тепсијата на осминки или било како?
ines.h рецептов е закон работа јас го најдов пред нова година во храна и вино од тогаш три пати го направив
ines.h рецептов е закон работа јас го најдов пред нова година во храна и вино од тогаш три пати го направив