Состојки за тестото:
6 жолчки
80 гр. шеќер во прав
1 рендана кора портокал
цимет
6 белки
100 гр. шеќер
180 гр.брашно
2 ќесички прашок за пециво
100 гр. мелени лешници
80 гр. маргарин (растопен)
Фил 1:
120 гр. суви јаболка
5 суви сливи
7 суви кајсии
неколку сецкани ореви
100 гр. шеќер
1/8 литри црно вино
1/8 литри сок од портокал
1/8 литри рум
¼ литри овошен чај
цимет (по желба)
2 ќесички желе за торти (безбојно)
Фил 2:
250 мл. слатка павлака
1 лажичка шеќер во прав
1 лажичка какао
1 ќесичка кремфикс
За декорација:
250 мл. слатка павлака
1 лажичка шеќер во прав
1 ќесичка кремфикс
70 гр. мелени лешници
растопено чоколадо (по желба)
Подготовка
Жолчките, шеќерот во прав, ренданата кора и циметот се матат додека не се добие пенаста смеса. Белките се матат со шеќерот во цврста пена. Потоа полека се мешаат со смесата со жолчки. Брашното, прашокот за пециво, лешникот и растопениот путер се месат во тесто. Тестото ставете го во округло тавче бр.26 и печете го на 180 степени околу 40 минути. Извадете ја кората и оставете ја да се олади.
Исечкајте го овошјето и измешајте го со останатите состојки за првиот фил. Поклопете ја смесата и оставете ја да отстои преку ноќ.
Кората хоризонтално пресечете ја на 3 дела, така да добиете 4 тенки кори. Првиот фил ставете го малку да поврие на огин и ставете еден дел врз првата кора. Поклопете го со втората кора и врз неа оставете го остатокот од филот. Поклопете го со третата кора и оставете да се олади 1 час. Измешајте ги состојките за вториот фил и нанесете го на третата кора и поклопете со четвртата.
За декорацијата, измешајте ги слатката павлака, кремфиксот и шеќерот во прав и со добиената смеса намачкајте ја тортата. Потоа додадете ги мелените лешници и со чоколадниот прелив направете новогодишни фигури.