Јас сум секој ден на темата за диети

но исто така сум и голем гурман и ги сакам готвењето и тортите ,еве нешто лесно и одлично

се надевам дека ке ти се допадне .1: бисквит овошен колаш :
потребно е>500гр бисквити (најдобро вики)
>2 пудинга од ванила
>овошје:јагоди"малини "капини ,што имаш може и смрзнати и мешано( едно канче од кисело млеко)
>2 ванилин шеќер
>550гр шеќер
>750мл вода
припрема :водата и шеќерот иванилите се ставаат да вријат како шербет <
настрана, овошјето ако е свежо се пасира малку ако е смрзнато не мора
и пудинзите се разредуваат со вода и шеќер (како што се прави пудинг)
бисквитите се кршат на поголеми парчиња во тава што ќе стои тортата ( најдобро е правоаголна
кога ќе зоврие шербетот се додаваат овошјата и се остава пак да зоврие малку околу 10 мин па потоа се додава пудингот и се меша убаво ,добиениот фил се истура врз бесквитите и се меша добро за да има насекаде околу бисквитите се израмнува одозгора и се остава да се олади ,за поубав изглед одозгора се става шлаг или хопла а летен период и сладолед ,,,,

пријатен апетит
и оваа торта е лесна и брза < јаболка торта >
потребно е :2кг јаболки (најдобро е киселки)
:шеќер по вкус ( и малку цимет по вкус)
:бисквити околу 500=600гр
:2 пудинга
:маргарин 150 гр
:хопла мала 200мл или 2 шлага
припрема: јаболките се лупат и се рендаат потоа се пржат на оган се додава малку зејтин да не подгорат
потоа се додава шеќерот се меша и кога ќе биде готово се трга на страна (важно е да биде по сочно, но не премногу)во правоаголна тава се редат бисквитите врз нив се истураат јаболките се разредуваат низ бисквитите убаво па врз јаболките се редат пак бисквити, настрана се прави пудингот со маргаринот и изладен се става врз бисквитите и врз пудингот се става хоплата или шлагот а може и сладолед .
се надевам ти се допаднаа моите рецепти и ако нешто не ти јасно прашај позззззззззззз до тебе и со среќа