Ви го препорачувам овој ролат од цреша и кугловиот од банан и чоколадо многу се вкусни....

- rolat-od-crei-615x272.jpg (45.11 KiB) Разгледано 400 пати
Потребни состојки:
5 јајца
120 гр. шеќер
1 лажичка сол
Кора од 1 лимон
80 гр. брашно
40 гр. пченкарно брашно
100 гр. мармалад од вишни
350 гр. цреши
30 гр. шеќер
100 мл. вода
300 мл. шлаг
1 лажичка ванилин шеќер
70 гр. шеќер во прав
Припрема:
Измијте ги црешите и отстранете им ги семките. Во тенџере ставете го шеќерот и растопете го со постојано мешање се додека не се карамелизира. Додадете вода и гответе 3-4 минути додека шеќерот целосно не се растопи. Додадете го 1 лажица од пченкарното брашно разматено со вода и црешите, гответе уште 2-3 минути, па оставете ја смесата да се излади.
Изматете ги жолчките со малку сол и кора од лимон се додека не добиете кремаста смеса. Изматете ги белките во цврст снег, па додадете го шеќерот и матете се додека не добиете густа смеса. Потоа додадете ги матените жолчки, брашното и остатокот од пченкарното брашно и промешајте. Смесата ставете ја во тава за печење обложена со хартија и печете на температура од 200 степени 10тина минути.
Пандишпанот превртете го во влажна кујнска крпа, отстранете ја хартијата, свиткајте го во ролат и оставете го да се излади.
Изматете ја слатката павлака со ванилиниот шеќер. Внимателно одмотајте го бисквитот и внатрешната страна премачкајте ја со мармалад. На една третина ставете од смесата со цреши, а на другите две размачкајте ја изматената слатка павлака и повторно свиткајте ролат. Ставете го ролатот во фрижидер да се излади околу еден час пред послужување.

- naskuglov-615x272.jpg (54.75 KiB) Разгледано 400 пати
Потребни состојки:
200 гр. путер
200 гр. шеќер
3 јајца
2 банани
¼ прашок за пециво
100 мл. меко
170 гр. чоколада за готвење
Течна чоколада за декорација
Припрема:
Изматете го путерот, па додадете го шеќерот, јајцата, испасираните банани, брашното и прашокот за пециво, млекото и ситно сецканата чоколада и матете се додека смесата не се соедини.
Смесата сипете ја во калап за куглоф и печете во загреана рерна на температура од 180 степени околу 45 минути. Проверете со чепкалка дали куглофот е печен.
Сервирајте го куглофот на чинија за сервирање и декорирајте со растопена чоколада.