1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Па незнам како се вика стварно,откако ќе се испече се попарува со шербет а во составот на тортата нема гриз.Ако знаеш некоја таква пиши. :)
     
  2. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    кока-кола торта
    за тесто потребно е
    7јајца
    7 лажици шеќер
    7 лажици брашно
    2 лажици какао
    околу 200мл кока-кола
    фил
    250гр. шеќер во прав
    250гр. маргарин
    200гр. мелени ореви
    200гр. мелени бисквити може наместо ореви да се стават 400гр. бисквити
    200мл кока-кола
    се матат првин белките да се добие цврст беланец, па се додаваат шеќерот, жолтките, брашното и на крај какото. Тестото се пече во подмачкан четвртаст плех. Се дели на два дела.
    Бисквитите и оревите се мешаат со кока-колата да се добие хомогена смеса и се содинуваат со претходно изматениот маргарин со шеќер во прав.
    се реди тесто, се посипува со кока-кола да се покрие целата површина, фил, другото тесто , се посипува со кока-кола, фил. Се декорира по желба со шлаг или чоколадна глазура.
     
  3. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Боемска торта

    Состојки

    За кори
    10 белки
    260 гр шекер
    250 гр печени сомелени лешници
    15 гр (1 лажица) какао
    За прв фил
    1/2 л млеко
    250 гр шекер + 1 кесичка ванилин шекер
    6 жолчки
    2 преполни лажици густин
    50 гр путер на собна температура
    За втор фил
    6 жолчки
    250 гр шекер во прав
    100 гр чоколадо
    200 гр путер на собна температура
    За глазура
    150 гр чоколадо
    150 гр слатка павлака

    Подготовка

    Се загрева рерната на 180 Ц
    На дното на три округли плехчина со пречник 22 цм се става хартија за печење. Не се масти.
    Белките се матат додека да се направи мек снег, а потоа непрестано матејки се додава една по една лажица шекер и се мати додека целиот шекер не се стопи а снегот од белки не стане многу густ, мазен и сјаен. Се распоредува во трите плехчина, се рамни површината и се пече 20-30 мин во загреаната рерна. Се остават корите потполно да се оладат.
    За првиот фил жолчките се матат со малку од млекото и со густинот да нема грутчина. Се загрева млекото со шекерот и ванилин шекерот до вриење. Се истураат во зовриеното млеко изматените жолчки непрестано мешајки и се вари на тивок оган да се згусти. Се трга од оган и се додава путерот на собна температора мешајки со жица за матење. Врз горната површина на кремот се лепи транспарентна фолија, (Фолијата треба да се залепи за кремот) и така се остава да се излади за да не се створи коричка.
    За вториот фил се матат на пареа жолчките и прах шекерот додека не се згусти. се додава чоколадото искршено на коцкички и се меша да се стопи. Се остава на страна да се олади. Путерот се мати да стане пенест, се додава во него ладниот чоколаден крем и се мати да се изедначи.
    На подлогата за торта се става првата кора. Околу теа се поставува метален обрач. Ова може и да не го направите, ама ванила кремот е прилично мек, така да овој чекор го олеснува редењето на тортата. Врз првата кора се нанесува половина од ванила кремот, а врз него скоро половина од чоколадниот крем. Се става втората кора и повторно се премачкува со двата фила по истиот редослед. Одозгора се става последната кора и се остава тортата во фрижидер неколку часа. Се вади обрачот, одоколу се премачкува тортата со малку од чоколадниот фил.
    За глазура се загрева слатката павлака скоро до вриење. Во еден мал сад се крши чоколадото на ситни парченца, врз него се истура врелата слатка павлака. Се остава да постои 1 мин, па се меша додека не се добие мазна глазура.
    Се прелева тортата, ако сакате дополнително се украсува.
    Најдобро е да отстои до наредниот ден.
    Некои забелешки – Лажиците густин нека ви бидат навистина преполни за да не испадне ванила кремот многу мек. Тортата сечете ја со многу остар, тенок, жежок нож за да ви испадне убаво парче. По мене поубаво е кога се печи во квадратно плехче и се сечи на коцки.
     

    Прикачени фајлови:

    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    феминки ми треба рецепт за некоја торта,но да биде некоја торта која што не е многу позната,а е многу убава..........треба да направам торта за една посебна личност која што ми значи и тоа многу
    тортата може да биде со овошје,ама да биде на пример како со киви,манго и така,да не биде со банана или вишни
    имате некој рецепт....?? :)
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Оди на coolinarika и ќе најдеш доста рецепти за торти со овошје.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ајде кухарици дајте некој рецепт од сладолед торта. Јас имам еден стар рецепт со јајца и млеко ама сакам нешто друго. Има некој нешто запишано по тефтери? :$
     
  7. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    150 грама Шеќер
    100 грама Чоколадо
    150 грама Путер
    малку Прашак за пециво
    30 милилитри Млеко
    1 парче/чиња Лимон
    60 грама Кокосово брашно
    1 лажица/ци Какао
    150 грама Брашно
    300 грама Банана
    3 Јајца/це

    ПОДГОТОВКА:
    Одвојте ги жолчките од белките, па жолчките изматете ги пенесто со масло и две третини од шеќерот.

    Бананите излупете ги, исечете ги на апрчиња и испасирајте ги со сокот од лимон.

    Пирето од банани измешајте го со кокосовото брашно и млекото.

    Белките изматете ги цврсто со остатокот од шеќерот, па додајте ги на смесата од банани.

    На крај додајте го брашното во кое сте ставиле прашокот за пециво.

    Смесата поделете ја на два дела.

    Во едната половина додајте го какаото, па светлата смеса ставете ја во намсен калап за куглоф, потоа додајте ја темната смеса и на крај малку промешајте со вилушка.

    Печете на 175 степени околу 40 минути.

    Оставете да се излади, па прелијте со чоколадо и со остатокот од кокосовото брашно



    Некако не ми е јасна рецептава.Мисла начинот на состојкоите што се праваат.Ај нека си објасни некој оти до пола сум.
     
  8. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    16.696
    Ај некоја чоколадна торта, ама поголема за утре да ми ја прави мајка ми за роденден.
     
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Торта со медењаци
    2 јајца
    5 лажици шеќер
    6 лажици мелени ореви
    3 лажици брашно
    1 пециво

    Фил: 500 грама чоколадни медењаци(не полнети) се попаруваат со 300 грама жешко млеко.Посебно се матит 1 маргарин со 150 грама шеќер во прав кога ќе се пооладит се соединува сето заедно и се додават 1 стопена чоколада и се филува торатата.А одозгора се ставаат 2 изматени шлагови од чоколадо.За оваа торта потребни се две теста :D
     
  11. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Може да го пишеш тој рецепт? :)
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    10 белки се матат со 12 лаж шеќер и се додаваат 8 лаж брашно. Се пече на хартија во тавче од ел. шпорет. Кога ќе се испече целата кора се дупчи со чачкалица и се пари со 700-800мл млеко провриено со 5 лаж шеќер и 2 ванили. Цела кора се сече на 2 дела
    Фил - 10 жутки се матат со 200 гр прах шеќер и се додава 1 изматен маргарин.
    Се филува кора па дебел слој фил, па кора па фил и одозгора врз филот се става шлаг крем.
    Се става во комора да замрзне.

    Новата што ја најдов на кулинарка ја правев пред некој ден и не е лоша убава е. Како за почеток правев мала доза зашто незнаев дали ќе ми се допаѓа :$
    Потребно е 6 шлаг креми.
    Првите 2 се матат со млеко 250мл (во рецептот стоеше дека се матат со к.вода ама јас поради малиот не сакам водени сладоледи па затоа ги матев со млеко) и се додава 1 пакетче сецкана ресана.
    Вторите 2 се матат и се додава рендано чоколадо или 1 пакетче чоколадни мрвици. Јас додадов и 1-2 лаж капучино од чоколада
    Третите 2 се матат и се додава 100гр мелена плазма.
    Се редат прв,втор и трет дел и се остава да замрзнат. Убав е и овој не лош.
     
    На badem4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Е фала ке ги пробам деновиве и двете па ке пишам како испаднале :)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ТОРТА – ЈАПОНСКИ ВЕТЕР


    Потребни состојки

    6 јајца

    300 грама шеќер

    1 лажица сок од лимон

    4 лажици густин

    100 милилитри млеко

    400 милилитри млеко

    125 грама путер

    125 грама маргарин

    120 грама шеќер

    150 грама мелени ораси

    1 шлаг од ванила

    1 шлаг од чоколадо

    1 чоколадо за готвење потребно за глазура

    Тесто

    6 белки

    300 грама шеќер

    1 лажица сок од лимон

    Изматете ги белките со шеќерот, додадете го сокот од лимон, ставете ја смесата врз хартија за печење и печете на 150 степени саат време. Оладеното тесто поделете го должина на два еднакви дела.

    Фил

    6 жолтаци

    6 лажици шеќер

    4 лажици густин

    100 милилитри млеко

    400 милилитри млеко

    125 грама путер

    125 грама маргарин

    120 грама шеќер

    Изматете ги жолтаците со шеќерот, додадете го густинот и 100 милилитри млеко. Останатото млеко (400 мл) ставете го да се обари, па во него ставете ги жолчките и згответе го како пудинг.

    Путерот, маргаринот и 120 грама шеќер изматете ги заедно. Кога ќе се олади филот, помешајте го со путерот и маргринот. Составениот и изматен фил, поделете го на два дела. Во едниот фил додадете ги 150 грама ораси. Врз првото тесто ставете го половина фил со орасите, па половина од жилтиот фил. Врз него ставете го другиот дел од тестото, па повторно филот со ораси, па жолтиот фил. Посебно изматете го шлагот од ванила и шлагот од чоколадо и премачкајте преку колачот. По свој вкус можете да го премачкате и со чоколадна глазура.


    Jас ја направив вчера, тестото го утнав, ко пуслици ми излезе, го издробев, и го редев заедно со бисквити.

    филот добро излезе, мене не ми се допадна тортата како ми излезе, пошто ја утнав нели, ама на брат ми и татко ми многу им се свиѓа, цела ја изедоа :D :D
    значи ако се погоди би требало да биде ептен вкусна
     

    Прикачени фајлови:

  15. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Јас за мојот роденден пред неколку дена си ја направив оваа торта:

    6 јајца,9 лажици шеќер,6 лажици брашно,1 пециво,6 лажици мелени ореви.
    Ги одвоив белките во посебен сад,а жолчките ги изматив со шеќерот додека се растопи. Белките се матат додека се добие цврстина. Во садот со жолчките се додава брашното,пецивото и оревите,а потоа и белките,се заедно се меша со жица за матење да се добие хомогена смеса. Оваа смеса јас ја испеков во помал плех кој се обложува со хартија за печење (добив две ленти за торта наместо три,убаво нарасна паднишпанот).

    За фил
    700мл. млеко,два пудинзи од ванила,250гр. маргарин,200 грама шеќер во прав,8 крем банани.
    Во млекото се вари пудингот и се трга настрана да се излади. Маргаринот пенесто се мати со шеќерот во прав,потоа се додава смесата од изладениот пудинг,се заедно е бие да се добие кремаста смеса.

    Првата кора за тортата се попрскува со млако капучино,врз неа се става од филот а над него се редат крем бананите по должина,врз нив се става уште еден слој фил.Се става и втората кора исто така се попрскува со капучино и целата торта се премачкува со фил. За декорација може растопена чоколада,мрвици или мелени ореви (по желба).
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.654
    Пол:
    Женски

    Не си го утнала ти тестото ;) така и требало да ти излезе, како за пуслици... оваа има исто тесто како Шпански ветар... да ми е да знам кај ги наоѓаат имињата на тортите :?:
    Инаку, наместо лимон, се става оцет - и не се осеќа во тестото.
     
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    5 јајца
    5 супени лажици шеќер
    6 супени лажици мелени ореви
    3 супени лажици брашно
    1 пециво


    Потребно за филовите

    1 маргарин кристал
    200 грама прав шеќер

    5 жолчки
    1 ванила
    2 пакетчиња шлаг крема од чоколада
    2 пакетчиња обичен шлаг
    Начин на подготовка на тестото
    Во подлабок сад ги кршиме јајцата и го додаваме шеќерот, матиме со миксер се' додека не добиеме густа смеса. Откако сме ја добиле густата смеса го додаваме брашното, оревите и пецивото. Готовото тесто го ставаме во претходно подмачкана тепсија,а потоа го ставаме во рерна и го печеме на 200 степени 30 минути. Откако е готова тортата ја вадиме од рерната и ја оставаме да се излади.



    Начин на приготвување на филовите

    Фил 1

    Маргаринот го ставаме во подлабок сад заедно со прав шеќерот. Матиме со миксер,а потоа додаваме 5 жолчки, белките ги матиме посебно. И кога ќе се згуснат се додаваат во маргаринот. Сето тоа убаво се мати и на крајот се додава ванила.

    Фил 2

    Се матат двата шлаг крема во подлабок сад, додека во друг подлабок сад се матат и белите шлагови.

    Потоа врз тортата ги ставаме филовите еден врз друг. Тортата ја премачкуваме со шлаг и по желба ја украсуваме со рендано чоколадо или чоколадни мрвици.
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.690
    Пол:
    Женски
    Женски,дајте малку помош , дали знаете некоја торта со малини и јагоди да е, некој рецепт.Јас имав најдено еден од српска страница беше,но го изгубив и не ми текнува каде точно го најдов. Ако знаете нешто пишете :*
     
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    еве една торта од јагоди,се вика Москва торта
    Тесто: 4 белки, 6 лажици шеќер, 3 лажици сецкани ореви, 1 лажица брашно. Се печат 3 посебни теста, на 225 степени 15 мин, па потоа на 200 степени 20 мин., но сепак зависи од рерната.

    Фил: 12 жолчки се матат со 12 лажици шеќер, се додаваат 10 лажици густин и 1 литар млеко и се вари густ крем. Кога ќе се излади се додаваат 250 гр маргарин. Посебно се мати околку 400 мл слатка павлака.

    Се става тестото, се мачка од кремот, врз него се редат јагоди, се мачка павлака, па кора, фил, јаготки, павлака, кора и одозгора само филот.
    Целата се премачкува со павлака (околу 400 мл) и се декорира по желба со форми од топено чоколадо и овошје.
    ете и ролат од јагоди
    Потребно:
    6 белки
    1,5 шолји шеќер
    500 мл слатка павлака
    500 гр јагоди





    Подготовка:

    Загрејте ја рерната на 170 степени. Добро изматете ги белките во цврст снег, постепено додавајте го шеќерот и на врвот на ножот сол. Плехчето обложете го со хартија за печење и посипете го со шеќер во прав. Истурете ја изматената белка и измазнете ја. Печете на 170 степени околу 15 мин., а потоа намалете на 150 степени и печете уште 10 минути. Внимавајте да не ја препечете кората, треба однадвор да е крцкава, а внатре мека. Кога кората е испечена ставете ја на чиста кујнска крпа посипена со шеќер во прав. Оставете ја да се олади.

    За тоа време, изматете ја слатката павлака, по желба можете да ја засладите. Намачкајте го ролатот по средината со слатката павлака и наредете ги јагодите кои претходно сте ги исекле на пола. Завиткајте ја во вид на ролат. Декорирајте со останатата слатка павлака и јагоди.

    Оставете го ролатото добро да се олади и послужете го.
    Исто и колач од малини:
    Потребно:
    300 гр плазма кекс
    400 мл слатка павлака
    300 гр малини
    300 мл млеко
    1 ќесичка крем шлаг од ванила
    1 ќесичка крем шлаг од чоколадо



    Подготовка:

    Во тавче или калап наредете ја плазмата претходно потопена во млеко. Крем шлагот од ванила подгответе го според упатството на ќесичката. Посебно изматете 300 мл слатка павлака, па измешајте ја со крем шлагот со помош на лажица. Премачкајте ја плазмата со кремот, па одозгора наредете ги малините. Изматете го крем шлагот од чоколадо според упатството на ќесичката и измешајте го со останатата неизматена слатка павлака. Изматете со миксер да се добие цврст шлаг. Намачкајте го шлагот врз малините и ставете го колачот во фрижидер, најдобро да отстои преку ноќта.
    Се надевам нешто ќе ти фати око ;)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Раванија

    -4 јајца се матат со 9 лаж. шеќер
    потоа во истиот сад во кој сте ги мателе јајцата се додава
    - 6 поголеми рендани моркови
    -2 кафени лаж. какао
    -1 пудинг од чоколадо
    -1 пециво
    -9 лажици зејтин
    -9 лаж. млеко
    -100 гр. мелени ореви
    -9 лажици брашно
    -се` се меша со жица и се пече во тавче на 250 степени.

    шербет
    -3 чаши (за млеко) шеќер
    -2 чаши (за млеко) вода
    -1 цеден лимон
    *за поредок и не толку благ шербет може и 3 чаши шеќер со 3 чаши вода

    Откако тортата убаво ќе се излади се попарува со топлиот шербет (препорачувам да користите црпалка (кутлачка) за нанесување на шербетот).