ТЕМА: Рецепти за торти

Мислење 18 Мај 2012, 17:27

slavica999 напиша:Ајде кухарици дајте некој рецепт од сладолед торта. Јас имам еден стар рецепт со јајца и млеко ама сакам нешто друго. Има некој нешто запишано по тефтери? :$

Може да го пишеш тој рецепт? :)
Аватар на корисникот
badem4e

Сино цветче
 
80101
Мислења: 287
Зачленет: 27 Апр 2011, 20:32

Мислење 18 Мај 2012, 20:20

badem4e напиша:
slavica999 напиша:Ајде кухарици дајте некој рецепт од сладолед торта. Јас имам еден стар рецепт со јајца и млеко ама сакам нешто друго. Има некој нешто запишано по тефтери? :$

Може да го пишеш тој рецепт? :)

10 белки се матат со 12 лаж шеќер и се додаваат 8 лаж брашно. Се пече на хартија во тавче од ел. шпорет. Кога ќе се испече целата кора се дупчи со чачкалица и се пари со 700-800мл млеко провриено со 5 лаж шеќер и 2 ванили. Цела кора се сече на 2 дела
Фил - 10 жутки се матат со 200 гр прах шеќер и се додава 1 изматен маргарин.
Се филува кора па дебел слој фил, па кора па фил и одозгора врз филот се става шлаг крем.
Се става во комора да замрзне.

Новата што ја најдов на кулинарка ја правев пред некој ден и не е лоша убава е. Како за почеток правев мала доза зашто незнаев дали ќе ми се допаѓа :$
Потребно е 6 шлаг креми.
Првите 2 се матат со млеко 250мл (во рецептот стоеше дека се матат со к.вода ама јас поради малиот не сакам водени сладоледи па затоа ги матев со млеко) и се додава 1 пакетче сецкана ресана.
Вторите 2 се матат и се додава рендано чоколадо или 1 пакетче чоколадни мрвици. Јас додадов и 1-2 лаж капучино од чоколада
Третите 2 се матат и се додава 100гр мелена плазма.
Се редат прв,втор и трет дел и се остава да замрзнат. Убав е и овој не лош.
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
34382153
Мислења: 3679
Зачленет: 27 Дек 2009, 00:31

Мислење 19 Мај 2012, 00:33

slavica999 напиша:

Е фала ке ги пробам деновиве и двете па ке пишам како испаднале :)
Аватар на корисникот
badem4e

Сино цветче
 
80101
Мислења: 287
Зачленет: 27 Апр 2011, 20:32

Мислење 20 Мај 2012, 15:23

ТОРТА – ЈАПОНСКИ ВЕТЕР

Потребни состојки

6 јајца

300 грама шеќер

1 лажица сок од лимон

4 лажици густин

100 милилитри млеко

400 милилитри млеко

125 грама путер

125 грама маргарин

120 грама шеќер

150 грама мелени ораси

1 шлаг од ванила

1 шлаг од чоколадо

1 чоколадо за готвење потребно за глазура

Тесто

6 белки

300 грама шеќер

1 лажица сок од лимон

Изматете ги белките со шеќерот, додадете го сокот од лимон, ставете ја смесата врз хартија за печење и печете на 150 степени саат време. Оладеното тесто поделете го должина на два еднакви дела.

Фил

6 жолтаци

6 лажици шеќер

4 лажици густин

100 милилитри млеко

400 милилитри млеко

125 грама путер

125 грама маргарин

120 грама шеќер

Изматете ги жолтаците со шеќерот, додадете го густинот и 100 милилитри млеко. Останатото млеко (400 мл) ставете го да се обари, па во него ставете ги жолчките и згответе го како пудинг.

Путерот, маргаринот и 120 грама шеќер изматете ги заедно. Кога ќе се олади филот, помешајте го со путерот и маргринот. Составениот и изматен фил, поделете го на два дела. Во едниот фил додадете ги 150 грама ораси. Врз првото тесто ставете го половина фил со орасите, па половина од жилтиот фил. Врз него ставете го другиот дел од тестото, па повторно филот со ораси, па жолтиот фил. Посебно изматете го шлагот од ванила и шлагот од чоколадо и премачкајте преку колачот. По свој вкус можете да го премачкате и со чоколадна глазура.

Jас ја направив вчера, тестото го утнав, ко пуслици ми излезе, го издробев, и го редев заедно со бисквити.

филот добро излезе, мене не ми се допадна тортата како ми излезе, пошто ја утнав нели, ама на брат ми и татко ми многу им се свиѓа, цела ја изедоа :D :D
значи ако се погоди би требало да биде ептен вкусна
Прикачени фајлови
japanski-vjetar.jpg
japanski-vjetar.jpg (108.56 KiB) Разгледано 783 пати
Аватар на корисникот
ludoto19

Црвено цветче
 
113779887
Мислења: 5854
Зачленет: 01 Мар 2010, 04:05

Мислење 21 Мај 2012, 18:55

Јас за мојот роденден пред неколку дена си ја направив оваа торта:

6 јајца,9 лажици шеќер,6 лажици брашно,1 пециво,6 лажици мелени ореви.
Ги одвоив белките во посебен сад,а жолчките ги изматив со шеќерот додека се растопи. Белките се матат додека се добие цврстина. Во садот со жолчките се додава брашното,пецивото и оревите,а потоа и белките,се заедно се меша со жица за матење да се добие хомогена смеса. Оваа смеса јас ја испеков во помал плех кој се обложува со хартија за печење (добив две ленти за торта наместо три,убаво нарасна паднишпанот).

За фил
700мл. млеко,два пудинзи од ванила,250гр. маргарин,200 грама шеќер во прав,8 крем банани.
Во млекото се вари пудингот и се трга настрана да се излади. Маргаринот пенесто се мати со шеќерот во прав,потоа се додава смесата од изладениот пудинг,се заедно е бие да се добие кремаста смеса.

Првата кора за тортата се попрскува со млако капучино,врз неа се става од филот а над него се редат крем бананите по должина,врз нив се става уште еден слој фил.Се става и втората кора исто така се попрскува со капучино и целата торта се премачкува со фил. За декорација може растопена чоколада,мрвици или мелени ореви (по желба).
Аватар на корисникот
danika

Сино цветче
 
111266
Мислења: 139
Зачленет: 30 Мар 2010, 18:06
Слика

Мислење 23 Мај 2012, 21:25

ludoto19 напиша:ТОРТА – ЈАПОНСКИ ВЕТЕР

Потребни состојки

6 јајца

300 грама шеќер

1 лажица сок од лимон

4 лажици густин

100 милилитри млеко

400 милилитри млеко

125 грама путер

125 грама маргарин

120 грама шеќер

150 грама мелени ораси

1 шлаг од ванила

1 шлаг од чоколадо

1 чоколадо за готвење потребно за глазура

Тесто

6 белки

300 грама шеќер

1 лажица сок од лимон

Изматете ги белките со шеќерот, додадете го сокот од лимон, ставете ја смесата врз хартија за печење и печете на 150 степени саат време. Оладеното тесто поделете го должина на два еднакви дела.

Фил

6 жолтаци

6 лажици шеќер

4 лажици густин

100 милилитри млеко

400 милилитри млеко

125 грама путер

125 грама маргарин

120 грама шеќер

Изматете ги жолтаците со шеќерот, додадете го густинот и 100 милилитри млеко. Останатото млеко (400 мл) ставете го да се обари, па во него ставете ги жолчките и згответе го како пудинг.

Путерот, маргаринот и 120 грама шеќер изматете ги заедно. Кога ќе се олади филот, помешајте го со путерот и маргринот. Составениот и изматен фил, поделете го на два дела. Во едниот фил додадете ги 150 грама ораси. Врз првото тесто ставете го половина фил со орасите, па половина од жилтиот фил. Врз него ставете го другиот дел од тестото, па повторно филот со ораси, па жолтиот фил. Посебно изматете го шлагот од ванила и шлагот од чоколадо и премачкајте преку колачот. По свој вкус можете да го премачкате и со чоколадна глазура.

Jас ја направив вчера, тестото го утнав, ко пуслици ми излезе, го издробев, и го редев заедно со бисквити.

филот добро излезе, мене не ми се допадна тортата како ми излезе, пошто ја утнав нели, ама на брат ми и татко ми многу им се свиѓа, цела ја изедоа :D :D
значи ако се погоди би требало да биде ептен вкусна

Не си го утнала ти тестото ;) така и требало да ти излезе, како за пуслици... оваа има исто тесто како Шпански ветар... да ми е да знам кај ги наоѓаат имињата на тортите :?:
Инаку, наместо лимон, се става оцет - и не се осеќа во тестото.
Annath

Црвено цветче
 
549110414
Мислења: 5334
Зачленет: 09 Јан 2010, 16:01

Мислење 12 Јун 2012, 15:04

5 јајца
5 супени лажици шеќер
6 супени лажици мелени ореви
3 супени лажици брашно
1 пециво

Потребно за филовите

1 маргарин кристал
200 грама прав шеќер

5 жолчки
1 ванила
2 пакетчиња шлаг крема од чоколада
2 пакетчиња обичен шлаг
Начин на подготовка на тестото
Во подлабок сад ги кршиме јајцата и го додаваме шеќерот, матиме со миксер се' додека не добиеме густа смеса. Откако сме ја добиле густата смеса го додаваме брашното, оревите и пецивото. Готовото тесто го ставаме во претходно подмачкана тепсија,а потоа го ставаме во рерна и го печеме на 200 степени 30 минути. Откако е готова тортата ја вадиме од рерната и ја оставаме да се излади.

Начин на приготвување на филовите

Фил 1

Маргаринот го ставаме во подлабок сад заедно со прав шеќерот. Матиме со миксер,а потоа додаваме 5 жолчки, белките ги матиме посебно. И кога ќе се згуснат се додаваат во маргаринот. Сето тоа убаво се мати и на крајот се додава ванила.

Фил 2

Се матат двата шлаг крема во подлабок сад, додека во друг подлабок сад се матат и белите шлагови.

Потоа врз тортата ги ставаме филовите еден врз друг. Тортата ја премачкуваме со шлаг и по желба ја украсуваме со рендано чоколадо или чоколадни мрвици.
Аватар на корисникот
ocila

Црвено цветче
 
18081250
Мислења: 5516
Зачленет: 20 Апр 2012, 18:22
Локација: таму каде што никој нема да ме најде
"Ona kaže da joj nije stalo, ali njene oči pričaju drugu priču."

Мислење 14 Јун 2012, 14:49

Женски,дајте малку помош , дали знаете некоја торта со малини и јагоди да е, некој рецепт.Јас имав најдено еден од српска страница беше,но го изгубив и не ми текнува каде точно го најдов. Ако знаете нешто пишете :*
Аватар на корисникот
koritsaki

Црвено цветче
 
45623621
Мислења: 6666
Зачленет: 01 Мар 2010, 01:25
Слика
Слика

Мислење 14 Јун 2012, 17:55

koritsaki напиша:Женски,дајте малку помош , дали знаете некоја торта со малини и јагоди да е, некој рецепт.Јас имав најдено еден од српска страница беше,но го изгубив и не ми текнува каде точно го најдов. Ако знаете нешто пишете :*

еве една торта од јагоди,се вика Москва торта
Тесто: 4 белки, 6 лажици шеќер, 3 лажици сецкани ореви, 1 лажица брашно. Се печат 3 посебни теста, на 225 степени 15 мин, па потоа на 200 степени 20 мин., но сепак зависи од рерната.

Фил: 12 жолчки се матат со 12 лажици шеќер, се додаваат 10 лажици густин и 1 литар млеко и се вари густ крем. Кога ќе се излади се додаваат 250 гр маргарин. Посебно се мати околку 400 мл слатка павлака.

Се става тестото, се мачка од кремот, врз него се редат јагоди, се мачка павлака, па кора, фил, јаготки, павлака, кора и одозгора само филот.
Целата се премачкува со павлака (околу 400 мл) и се декорира по желба со форми од топено чоколадо и овошје.
ете и ролат од јагоди
Потребно:
6 белки
1,5 шолји шеќер
500 мл слатка павлака
500 гр јагоди

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Добро изматете ги белките во цврст снег, постепено додавајте го шеќерот и на врвот на ножот сол. Плехчето обложете го со хартија за печење и посипете го со шеќер во прав. Истурете ја изматената белка и измазнете ја. Печете на 170 степени околу 15 мин., а потоа намалете на 150 степени и печете уште 10 минути. Внимавајте да не ја препечете кората, треба однадвор да е крцкава, а внатре мека. Кога кората е испечена ставете ја на чиста кујнска крпа посипена со шеќер во прав. Оставете ја да се олади.

За тоа време, изматете ја слатката павлака, по желба можете да ја засладите. Намачкајте го ролатот по средината со слатката павлака и наредете ги јагодите кои претходно сте ги исекле на пола. Завиткајте ја во вид на ролат. Декорирајте со останатата слатка павлака и јагоди.

Оставете го ролатото добро да се олади и послужете го.
Исто и колач од малини:
Потребно:
300 гр плазма кекс
400 мл слатка павлака
300 гр малини
300 мл млеко
1 ќесичка крем шлаг од ванила
1 ќесичка крем шлаг од чоколадо

Подготовка:

Во тавче или калап наредете ја плазмата претходно потопена во млеко. Крем шлагот од ванила подгответе го според упатството на ќесичката. Посебно изматете 300 мл слатка павлака, па измешајте ја со крем шлагот со помош на лажица. Премачкајте ја плазмата со кремот, па одозгора наредете ги малините. Изматете го крем шлагот од чоколадо според упатството на ќесичката и измешајте го со останатата неизматена слатка павлака. Изматете со миксер да се добие цврст шлаг. Намачкајте го шлагот врз малините и ставете го колачот во фрижидер, најдобро да отстои преку ноќта.
Се надевам нешто ќе ти фати око ;)
Аватар на корисникот
ilipili

Жолто цветче
 
47235583
Мислења: 1223
Зачленет: 19 Апр 2012, 16:22

Мислење 22 Јун 2012, 16:46

Раванија

-4 јајца се матат со 9 лаж. шеќер
потоа во истиот сад во кој сте ги мателе јајцата се додава
- 6 поголеми рендани моркови
-2 кафени лаж. какао
-1 пудинг од чоколадо
-1 пециво
-9 лажици зејтин
-9 лаж. млеко
-100 гр. мелени ореви
-9 лажици брашно
-се` се меша со жица и се пече во тавче на 250 степени.

шербет
-3 чаши (за млеко) шеќер
-2 чаши (за млеко) вода
-1 цеден лимон
*за поредок и не толку благ шербет може и 3 чаши шеќер со 3 чаши вода

Откако тортата убаво ќе се излади се попарува со топлиот шербет (препорачувам да користите црпалка (кутлачка) за нанесување на шербетот).
Аватар на корисникот
lolyta777

Жолто цветче
 
66267383
Мислења: 2339
Зачленет: 12 Јан 2011, 19:54

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: cookie-monster, jagoda777 и 18 гости