1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Женски дајте некој рецет за торта од малини, некоја полесна летна торта, да нема многу тешки филови нешто така.
    Ме мрзи да барам низ темава :wasntme:
     
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    ТОРТА СО МАЛИНИ
    Состојки: 10 јајца, 10 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 7 лажички мелени бадеми, 3 ќесички пудинг од малини, 2 ќесички шлаг пена, 100 грама мелени бадеми, 15 грама путер, за декорација – сок од малини, ќесичка желатин, сецкани бадеми.

    ПОДГОТОВКА

    Направете цврста смеса од белки, додадете шеќер и една по една жолчка од јајце. Матете додека смесата не стане пенеста, па потоа додадете брашно и мелени бадеми. Истурете го во кала за торта подмачкан и попрскан со брашно и ставете го да се пече.

    Во меѓувреме, сварете го пудингот, па кога малце ќе се олади, додадете путер и матете го додека пудингот не се олади целосно. Потоа додадете ги шлагот и мелените бадени.

    Печената и изладена торта пресечете ја на 3 дела, и филувајте го пудингот. За украсување разматете го желатинот во малце ладна вода, додадете го во вриење сирупот од малини, малце изладете го, па кога желатинот ќе почне да се стега, прелијте ја горната кора. Остатокот украсете го со кремот и бадемите.
    еве една ........
     
  3. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    знае некој да ми каже како се правеше шлаг од белки ? :D колку шеќер што како? :)
     
  4. EffyPink

    EffyPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    Дали знае некој рецепт за торатата ТРИ ЛЕЧЕ ја има по насите слаткарници :talk:
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    1 лаж шеќер на 1 белка, ако сакаш поблаго да ти биде на крај додај уште 1 екстра лаж шеќер
     
  6. sweet13kendall

    sweet13kendall Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дечки за 2 недели на сестра ми и е роденден (полни 12). Уште од 5тиот роденден па се до минатата година тетка ми и ја правеше тортата бидејки таа работи во слаткарница.Но оваа година одат на одмор во Преспа и нема да бидат тука.На сестра ми (и на мене) омиленти торти ни се овошната и мачмалоу.
    Овошната може да биде или со праски или со јагоди.Ако знаете некој рецепт посебно за овие овошја ве молам напишете го.А за мачмалоу торта гледам има рецепти само тетка ми ја правеше и со желе внатре.Ако ја знаете и варијантата со желе ве молам кажете ми ја
     
  7. narakvica

    narakvica Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    1
    6 јајца се матат со 18 лажици шеќер, 18 лажици топла вода, 18 лажици брашно и пола пециво. Смесата се пече на 200 степени околу 25 минути. Испеченото тесто се остава да се олади.

    Фил: 700 мл вода се става да зоврие со 300 гр шеќер, потоа во истата вода се става сецкано овошје, да се свари и потоа се вади овошјето настрана во друг сад. Во водата се стават 2 пудинга од ванила да се сварат и потоа се сипуваат врз тестото. Одозгора се реди свареното овошје. Се филува со шлаг крема и декорира со овошје. Се става во фрижидер околу 2 часа да се олади и стврдне. еве ти рецепт за овошна торта ако не ти се допага може да најдам и други рецепти сошто и мајками работи во слаткарница и има многу рецепти
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Рецепт за торта со крем и овошје, вкусна многу.

    Тесто: 5 јајца, со 150 гр шеќер се мати убаво да сатне пенесто. Се додава лажица зејтин, 30мл минерална вода, 60 мл млеко, 200 гр брашно и прашок за пециво, ванила. Ова се соединува убаво со матените јајца и се додаваат 70 гр мелени ореви. Се пече во намрсено и набрашнето тавче или обложено со хартија за печење во добро загреана рерна на 200 степени. Се пече дури убаво се зарумени. Од кога ќе се олади добро, се попарува со овошен ликер или рум.

    Крем: 600-700 мл млеко заедно со 150-200 гр шеќер и ванила се загреаваат убаво и во млекото тргнато настрана се додаваат 5-6 цели јајца изматени со 5-6 лажици брашно. Се враќа млекото на оган и се меша дури се згусне. Се трга на страна да се олади добро. Настрана во сад се мати 150-200 гр маргарин со 3 лажици шеќер во прав. Се додава на оладениот крем и се меша дур се соедини. Може во кремот да се дадат и 3-4 лажици шлаг за уште поубав вкус.

    Тестото откако ќе го упие ликерот или румот се премачкува со тенок слој крем, па се редат или малини, или сечени парчиња праски или што сакате вие по желба од овошје. Па над нив се додава останатиот крем. Над кремот се нанесува шлаг.

    Вкусно и лесно, уште откако ќе го смрзнете е ко сладолед торта.
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Се моли Пеперминт да даде рецепт за Павлова торта :wasntme:
     
  10. OneDirection

    OneDirection Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    238
    Кокос торта

    Потребно:
    -1 обланда
    -200 гр. кокос
    -6 јајца
    -250 гр. мармалад од кајсии
    -100 гр. путер
    -300 гр. шеќер
    -50 мл. вода
    -50 гр. какао
    Подготовка
    - Јајцата се кршат и се делат жолчките од белките.Белките се матат и во нив постепено се додава 200 гр.шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи се додава кокосот и се меша со лажица. Обландата се става во тава за печење и врз неа го нанесуваме филот со кокос.Тавата се става во рерна и се пече 20 минути на 180 степени.
    -Во тенџере на оган се става 100 гр. шеќер,50 гр. какао и 50 мл. вода и се промешува. Кога ова ќе зоврие се додава путерот и мешаме.
    -Испечената обланда ја вадиме од тавата и ја сечеме на 3 ленти. Првата лента ја премачкуваме со мармалад.Врз неа ја ставаме другата лента и и неа ја премачкуваме со мармалад, на крај ја ставаме и последната лента и целата торта ја мачкаме со мармалад.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Павлова е многу лесен за подготовка десерт, ептен погоден за летен период
    Потребно е 5 белки, 250 г шеќер, 2 шлаг пени, овошје по желба.

    За долниот дел, односно кората убаво се матат 5 белки со 250 г шеќер. Ќе најдете рецепти според кои во матењето се додава 1 лажица оцет, некои додаваат малку густин. Јас не ставам ништо од тоа само малку сол на врвот од ножот. Битно е да се добие многу цврст шам (кога ќе се сврти садот наопаку да стои цврсто).

    Понатаму на плех обложен со хартија за печење се црта круг со дијаметар околу 25 центиметри, се нанесува белката и убаво се обликува според кругот.

    Рерната ја загревам на околу 180 степени и ја оставам белката на оваа температура 2-3 минути, а потоа намалувам на 120. На оваа температура се суши околу 1 час. Во зависност од рерната, оваа температура на сушење може да варира од 100-130 степени. Доволно е исушена кога ќе потемни малку (како на сликата) и ќе почне да напукнува што не е страшно. Потоа во изгасната и отворена рерна ја оставам да се олади. Внимателно треба да се пренесе во соодветен тањир за торта. (долго мечтаам по оние со постоље, но никако да купам).

    Убаво оладена се филува. И во однос на ова можни се секакви варијации - слатка павлака, шлаг креми од ванила. Јас ставам 2-3 изматени шлаг пени.

    Одозгора се украсува со овошје- јагоди најчесто, а изминатиов период јас ја правев со малини и боровинки.
     

    Прикачени фајлови:

    • P7275090.JPG
      P7275090.JPG
      Големина на фајлот:
      94,8 KB
      Прегледи:
      880
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pandevci

    pandevci Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
     
  13. pandevci

    pandevci Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    moze da mi kazes vo kolkava tepsija ja peces korata
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Девојки дали е можно некој да ми го пише рецептот за еурокрем торта? По можност да биде без пудинг..? Бидејки мразам пудинг... |( И да ве прашам дали наместо обично чоколадо може да се стави милка? Не ми се смејте бидејки млада сум и многу не се разбирам од овие работи. :D
     
  15. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
  16. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    дали знае некој рецепт од тортата ( Лебедово Езеро )
     
  17. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    http://www.svirecepti.com/recept.asp?link=37888

    Eve тука го имаш рецептот за тортата лебедово езеро ;)
     
    На RIRIFENTY му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Некој рецепт за Бела Долина ?
     
  19. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    На Forgotten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053