1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Ми се виде лесна тортава....а може ли да се стави нешто друго наместо пудинг од ванила...чисто онака ме интересира...
    Патем некој да ми каже за што се користи Нишесте? :wasntme:
     
  2. Lusiii

    Lusiii Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    7
    15 крем бананки
    2 пакетчиња ресани
    250гр бисквити
    250гр маргарин
    2 кесички пудинг од ванила

    Подготовка:
    Се прави пудингот и се остава да се лади. Во меѓувреме се сецкаат бананките, ресаните и бисквитите , се додава пудингот и се меша. Потоа се става во некој сад правоаголен или каков што имате. Над тоа се става растопена чоколада па се става у фрижидер да се стврдне.
    Пробајте многу е вкусно, а и лесно за правење :) :*
     
  3. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Жени дајте некој испробан рецепт на чоколадна торта. По можност повеќе крем помалку тесто ми треба за роденден на мм :$
     
  4. malangel

    malangel Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    ве молам ако имате некоја рецепта за помалечка торта, на дечко ми му е роденден и сакам да му направам нешто, чисто како знак на внимание и по можност да е со чоколадо или карамела
     
  5. alimiti

    alimiti Нов член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Еве и од мене една прекрасна торта :inlove: СВЕТОГОРСКИ КОЛАЧ
    6 супени лажици џем
    10 супени лажици шеќер
    1 кесичка цимет
    кора од 1 лимон и 1 портокал + сок од 1 портокал
    1 супена лажица сода бикарбона + малку прашок за пециво
    500 гр. брашно
    ¼ л. млака вода
    1 рака сецкани ореви (може да се додаде суво грозје, урми)
    мармалад од кајсија
    150 гр. посно чоколадо за готвење
    Џемот и шеќерот се матат со миксер за да се добие уедначена маса, се разредува со вода, се додава цимет, рендана кора од лимон и портокал, сок од портокал, ореви, суво грозје и полека, со мешање, се додава брашното помешано со сода бокарбона и со прашок за пециво. Смесата добро се изедначува со мешање и се става во тефлонска тава. Сместа не смее да биде премногу тврда (треба лесно, со мокра рака да се изедначи површината да биде мазна). Се става во умерено загреана рерна. Се пече околу 25-30 минути. Се проверува дали е печено со чачкалица. Откако рерната ќе се исклучи, колачот се остава внатре уште неколку минути. Уште топол, колачот се премачкува со 3 супени лажици отопен мармалад од кајсија, а врз него се става чоколадна глазура.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Вечерва ќе ја правам оваа и ќе ви кажам каква испаднала. :*
     
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Преубава е, прсти да излижеш! Од сега често ќе си ја правам, ем лесна ем вкусна. :rock: :D
     
  8. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    ^ А сликичка од колачот имате ли? Да видиме како би изгледал? Ми мати вода пудингот од ванила... :?:
     
  9. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Барам рецепт, се работи за торта, кекс, колач во два слоја. Долу е обична потурена раванија или така нешто, а горе е бел подебел слој од нешто меко, ми личи нешто со гриз или нишесте. Ја јадев на сега за Божиќ, ама немам рецепт, а навистина беше вкусна.
     
  10. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Здраво феминки,
    Дали некој знае рецепт за влашка торта?! Сите ја фалат многу, а никаде неможам да најдам рецепт. Се надевам некој ќе сподели :)
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.572
    Пол:
    Женски
    Дур се пече да ви ја пишам :)

    4 јајца
    16 лажици шеќер
    16 лажици брашно
    16 лажици млеко
    16 лажици зејтин
    1 пециво

    Со миксер се матат прво јајцата и шеќерот, па од кога ќе се згусне се става останатото. Се пече во тавче бр. 32

    250 мл вода
    250 гр. шеќер
    2 лажици какао
    1 ванилин шеќер

    Од кога ќе се испече тортата, дур се лади, се прави шербетот. Се сече тестото ладно и се попарува со шербетов. Јас не го ставам секогаш цел шербет зошто сакам кога е шарено.
     
  12. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ми треба сладок рецепт за торта. Сакам да му направам на дечко ми за св.Валентин, само да не биде чоколадна, и доколку знаете како да ја направам во форма на срце, и дајте ми идеја за декорација. :$ Благодарам однапред. :*
     
  13. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Еве некоја слика како модел и декорација
    [/img] [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    :)
     
  14. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Ако некој го интересира, најдов што било, не било баш торта, туку Ледени коцки. Има доста рецепти на интернет , се прави со густин. Многу се вкусни, и релативно лесно се прави.
    http://moirecepti.mk/post/%D0%BB%D0%B5% ... A%D0%B8-2/
     
  15. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    девојки јас барам некој рецепт на чоколадна торта, ама да не биде многу скапа, некоја економична торта :rofl:
     
  16. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Женски
    Мојата омилена :
    - За тесто: Пола литар јогурт, 1 чаша шеќер, 2 чаши брашно, половина чаша масло, 1 пециво, 3 лажици какао. Се пече на 200 степени околу 15 мин. Откако ќе се испече се прелива со приготвениот прелив.

    -За прелив: 120мл млеко, 1 ипол чоколада за кување, 3 лажици какао, 5 лажици шекер и околу 100 грама маргарин. Сето тоа убаво да се растопи и соедини но не да зоврие. Откако ќе се прелие тортата се остава да се здрви преливот и одозгора се ренда преостанатата половина од чоколадата. :)

    Многу е вкусно ;)
     
    На Lovely93 и irena.1 им се допаѓа ова.
  17. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Еве ја рецептата за мојата омилена торта во последниов период. Се вика Карпати - според изгледот, односно површината која е нерамна и личи на планиниве. Но, слободно може да се нарече и Еклер-торта бидејќи корите се всушност тесто како за еклери.
    Кори
    Во 2дл зовриена вода се растопува пола маргарин Кристал. Се додава 180 г брашно, малку сол и убаво се меша со лажица. Откако ќе се олади се додаваат едно по едно 5 јајца и се меша со делот од миксерот кој е за тесто.
    Во правоаголен плех, на хартија за печење се мачка од смесата тенок слој. Се пече на 200 степени во претходно загреана рерна, околу 20 мин. Но, оставете ја уште малку во исклучена рерна да се досуши. На овој начин се прават 2 кори. Значи ќе добиете две кори кои се со многу интересн изглед со нерамнини.

    Филот го правам многу едноставно-варам три пудинга во 1л млако и 9 лажици шекер. Откако ќе се подолади додавам околу 100г. путер. Но, може да направите било каков фил, а во органалната рецепта од Кулинарка, во филот се редат и праски од компот.
    Филот е во средина, а одозгора се посипува со шеќер во прав. Еве како изгледа
     

    Прикачени фајлови:

    • IMGP0126.JPG
      IMGP0126.JPG
      Големина на фајлот:
      84,6 KB
      Прегледи:
      395
    На kate21 и ines.h им се допаѓа ова.
  18. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Една забалешка. Во вашите рецепти за торти, мислам дека би требало да пишете и димензии на тавчето во кое се пече пандишпанот :) ... Инаку најубава ми е Киндер торта, имаше рецепт од една феминка во првите страници на темава, само што јас не правев пандишпан, туку купив готов од Винчини и ми испадна многу убаво тортата
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Зимам 5 палачинки, им ставам обично чоколадо, банани, блага хопла. Ги превиткувам како ќе ми текне и ги оставам да се потпечат на загреана рерна 3-4 минути.
    Ги вадам, ако имам крем им турам
    читај: истурам :D
    И ги јадам. :P
    Боље од торта. :lol:
     
  20. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    Mi Treba recept za tortaa od limun Ili limun torta,nekoj?