ТЕМА: Риба - начини на приготвување

Мислење 22 Мар 2010, 12:16

Јас имам печено крап, лесно се прави, компири моркови и кромид, покрупно исечени и зачинети се ставаат во тавче, рибата се посолува, ако ја солите само од надвор нема шанси да ја пресолите, се полни со ситно сецкано морковче, лукче и магдонос. Наполнетата риба се легнува во тавчето врз зеленчукот , ако многу се отвара рибата тогаш може да ја затворите со стапчиња за скара или со чепкалки за заби. Прво ја печам под фолија околу пола саат зависи колкава е рибата а после кога ќе ја извадам фолијата уште 15-20 минути, пак ќе кажам зависи колку кила е крапот.
Вака може секоја риба да се пече освен скушата, многу мириса и јас јадам само димена скуша многу ми е убава а е евтина, парче димана скуша од околу 300 грама не е повеќе од 30-40 денари.
Аватар на корисникот
irenna

Жолто цветче
 
15481855
Мислења: 2588
Зачленет: 01 Дек 2009, 19:19
Локација: Скопје
There are three ways to do something: good way, bad way and my way

Мислење 22 Мар 2010, 17:50

Annath напиша:Искрено, мислам дека не може да се најдат во маркетите, само во рибарници, ама не знам колку ги има по другиве градови од Македонија... јас сум од Охрид, и кај нас многу често може да се најдат да се купат, особено во лето...


Рибарница во Скопје има во населба Маџари, ако ти е блиску... :D
Аватар на корисникот
maja8

Жолто цветче
 
1335575
Мислења: 2250
Зачленет: 03 Јан 2010, 22:46

Мислење 06 Сеп 2010, 12:56

irenna напиша:Јас имам печено крап, лесно се прави, компири моркови и кромид, покрупно исечени и зачинети се ставаат во тавче, рибата се посолува, ако ја солите само од надвор нема шанси да ја пресолите, се полни со ситно сецкано морковче, лукче и магдонос. Наполнетата риба се легнува во тавчето врз зеленчукот , ако многу се отвара рибата тогаш може да ја затворите со стапчиња за скара или со чепкалки за заби. Прво ја печам под фолија околу пола саат зависи колкава е рибата а после кога ќе ја извадам фолијата уште 15-20 минути, пак ќе кажам зависи колку кила е крапот.
Вака може секоја риба да се пече освен скушата, многу мириса и јас јадам само димена скуша многу ми е убава а е евтина, парче димана скуша од околу 300 грама не е повеќе од 30-40 денари.

Денес прв пат ке правам риба со овој рецепт,уствари ке и ставам компири,морков,кисели краставички од тегла,а габички може ли? Инаку сакав да прашам,кога да знам кога е рибата испечена?
Доколку знае некој друг рецепт за риба е добредојден...
Аватар на корисникот
katka-slatka

Сино цветче
 
3613
Мислења: 296
Зачленет: 15 Мај 2010, 00:42
Ако можеш да гледаш на минатото без жал,а на иднината без страв,тогаш се наоѓаш на вистинскиот пат.

Мислење 01 Окт 2010, 23:51

Jas obozavam polnet LOSOS :mm: :mm: :mm: Lososot go polnam so zelenuk(koj prethodno kje go isprzam vo tava)-znaci -kompir varen,morkov,piperce,grasok,kromid ,pecurki,i otkako kje go napolnam so ova stavam parcinja luk niz lososot taka da navlezat vo ribata odozgora.koga kje se servira stavam mnogu limon i so da vi kazam :x i nekolku casi belo vino -ubavini :mm:
Аватар на корисникот
maca99

Жолто цветче
 
16242812
Мислења: 1820
Зачленет: 19 Сеп 2010, 21:54

Мислење 06 Окт 2010, 01:12

* ослич во павлака

- 500 гр филети од ослич
- 400 гр свежи шампињони
- 1 главица кромид
- сок од 1 портокал
- брашно
- 200 гр растителна неутрална павлака
- 75 мл бело вино
- магдонос
- 1/2 кафена лажица густин
- масло, сол и бибер

најпрво филетите од ослич измијте ги, исушете ги си кујнска крпа и исечкајте ги на поголеми парчиња.
парчињата риба свалкајте ги во брашното (во кое претходно беа додадени солта и биберот) и пржете ги во тенџере со загреано масло. испржените парчиња ставете ги во чинија и полијте ги со половина од сокот од портокал.
во истото тенџере на преостанатото масло испржете ја ситно исечканата главица кромид. кога кромидот ќе омекне додајте ги шампињоните исечкани на тенки листови, покријте го тенџерето со капак и оставете печурките да пуштат течност. потоа отворете го капакот и на средна температура пржете повремено мешајќи, додека половината од течноста не испари. додадете го виното и преостанатиот сок од портокал и кога поголемиот дел од течноста ќе испари додадете ја растителната павлака. кога содржината ќе зоврие, додадете го ситно исечканиот магдонос и парчињата испржена риба, промешајте и тргенете го тенџерето од оган.

(ако сосот е премногу редок, згуснете го со густинот размешан во малку ладна вода)

бон апетит :)
Аватар на корисникот
2468

Жолто цветче
 
26662347
Мислења: 4498
Зачленет: 23 Дек 2009, 22:22
Локација: Big apple...
Life isn't about finding yourself. Life is about creating yourself! Слика

Мислење 22 Јун 2011, 11:17

Пред некој ден печев полнет крап
Смеса за полнење
- ситно исецкани 2-3 моркови
-ситно исецкани 2 лукчиња
-магданос, сол, вегета
-1 сецкана на кругови пиперка
-1 сецкан на коцки патлиџан
-1 компир исецкан на коцки
Крапот се засече на 4-5 места колку да се стави чешне лукче
Наполнетиот крап се затвори со чепкалки и се стави во подмачкана фолија. Се налева 1 чаша бело вино и пола филџан вода. Целиот се затвори во фолија и така се пече половина час а потоа само се тргне фолијата за да рибата убаво се допече.
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
34652157
Мислења: 3692
Зачленет: 27 Дек 2009, 00:31

Мислење 30 Јун 2011, 15:23

2кг риба исечени на парчиња се ставаат во тавче и врз нив се става лукче и магдонос. Потоа се става вегета, 1 чаша зејтин и пиво :)
Аватар на корисникот
pepelashka.20

Сино цветче
 
1715
Мислења: 146
Зачленет: 30 Апр 2011, 12:50

Мислење 30 Јун 2011, 20:31

2468 напиша:* ослич во павлака

- 500 гр филети од ослич
- 400 гр свежи шампињони
- 1 главица кромид
- сок од 1 портокал
- брашно
- 200 гр растителна неутрална павлака
- 75 мл бело вино
- магдонос
- 1/2 кафена лажица густин
- масло, сол и бибер

најпрво филетите од ослич измијте ги, исушете ги си кујнска крпа и исечкајте ги на поголеми парчиња.
парчињата риба свалкајте ги во брашното (во кое претходно беа додадени солта и биберот) и пржете ги во тенџере со загреано масло. испржените парчиња ставете ги во чинија и полијте ги со половина од сокот од портокал.
во истото тенџере на преостанатото масло испржете ја ситно исечканата главица кромид. кога кромидот ќе омекне додајте ги шампињоните исечкани на тенки листови, покријте го тенџерето со капак и оставете печурките да пуштат течност. потоа отворете го капакот и на средна температура пржете повремено мешајќи, додека половината од течноста не испари. додадете го виното и преостанатиот сок од портокал и кога поголемиот дел од течноста ќе испари додадете ја растителната павлака. кога содржината ќе зоврие, додадете го ситно исечканиот магдонос и парчињата испржена риба, промешајте и тргенете го тенџерето од оган.

(ако сосот е премногу редок, згуснете го со густинот размешан во малку ладна вода)

бон апетит :)

и мајками вака нешто ја спрема ама мислам дека не става густин
kankus

Жолто цветче
 
277270
Мислења: 1188
Зачленет: 31 Дек 2010, 23:35

Мислење 13 Јул 2011, 14:11

Девојки некој рецепт за ракчиња и школки???
Аватар на корисникот
Negreva

Бело цветче
 
724
Мислења: 68
Зачленет: 25 Сеп 2010, 18:21
Локација: Каваадрци

Мислење 13 Јул 2011, 14:14

Јас би ти препорачала риба - панга печена во шпорет... Мајка ми ја приготвува со многу лук и магодонос и ја пече, едноставно превкусна е, не мириса, и нема коски...фантастично
Аватар на корисникот
Shoe-Gal

Сино цветче
 
166133
Мислења: 368
Зачленет: 08 Јул 2011, 08:49
Локација: California
YOUNG, WILD & FREE

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: antaanta и 5 гости