Девојки, многу го сакам оризот како гарнир за јадењата со месо. Мајка ми знае да ми го направи убаво, ама сепак мислам дека никогаш го немаме погодено да биде баш сув и ронлив. Некогаш и од оризот зависи дали убаво ќе се свари и ќе остане целосен, ама сепак можда има некој посебна техника. Ајде кажувајте дали правите, го јадете, со што го јадете, што ставате во него. Има ли некој посебен начин на подготвување? Мене ми е најубав со грашок и ситни коцкички моркови и целер. Домаќинки, вие сте на ред
Јас па никогаш не сум сакала да биде сув и ронлив, што знам... можеби до мене е... ама мислам дека овој нашиов кочански ориз не го бива така. Барем мене не ми е убав. А пробај басмати ориз, мислам дека може да се најде во поголемите маркети, и пишува како се приготвува. Инаку, сум правела рижото со зеленчук, ама оризот ми е како оној класичниот во тава. Значи прво го пржам на масло, му додавам зачини и зеленчук, а после вода (шолја ориз со три и пол шолји вода - таа мера ја користам јас). Ако сакаш на пример месо да му додадеш, прво го сечкаш месото на ситни парчиња и го пржиш посебно, може со малку кромид, а ако ставаш и лукче, тоа ептен на крај да го ставиш, оти лукот не сака многу пржење, горчи. Јас правам такво рижото со пилешко и печурки, прво го сечкам месото и му ставам кромид и зачини да отстои малку (зачини: вегета, црн пипер, малку оригано и сусам). Го пропржувам убаво, му ги додавам печурките (свежи или конзервирани - сега ставам буковки или вргањи, ми досадија шампињони) и го пржам уште малку додека да испари водата од печурките, а после го ставам оризот. На крајот ја додавам водата и го ставам во рерна - мене така ми е најубав.
Е па да Ана, и нас ни испаѓа како оној класичниот ориз во тава, јас секогаш го печам скроз да испари водата ама пак некогаш е лигав и залепен. Ама најверојатно си во право, од оризот е, од кочанскиов ретко се погаѓа. А сакам да биде сув. Со печурки не сум пробала. И баш ќе пробам да видам дали ќе ми е вкусно, пошто сакам печурки многу. Ете ми нова идеја, фала ти
Кате, сега ми текна дека гледав една емисија на Џејми Оливер каде тој кажуваше како правилно да се направи рижото, и тоа не беше во тава. Ама емисијата ја гледав пред најмалце три години и не се сеќавам како го правеше тој. Но мислам дека за вистинско рижото оризот го вариш во супа од кокошка или некоја слична бистра супа (коцка растворена во зовриена вода). Кога ќе го пржиш, додаваш една лажица и чекаш да испари, ако не ти е доволно варен, ставаш уште една, па така се додека да стане онаков каков што навистина сакаш да биде. Ама пак е лигав и залепен, барем така изгледа на сликите. Јас така не сум пробала. Ама сега се намислив некој ден да пробам. Само што либето мое ориз не јаде
Хаха на последниов коментар-ни мојов не јаде Ама дома ми јадат, па сега ќе пробам деновиве, многу сакам да биде СУВ И РОНЛИВ. Досадна веќе станувам. И арно ме потсети, ќе побарам на нетов рецепти од Џејми Оливер, можда ќе се најде некој
Има еден ориз во кутии со слика од еден дедо Mr.... нешто се викаше, не ми текнува во моментов Го има по маркетите. Тој е долгнавест и е друг тип ориз, не е како кочанскиот. Го има во кутија рефус, а и пакуван во кесички во кои што се вари. Се вари само 5 минути, бидејќи е така обработен. Потоа го вадиш од кесичката и останува цел зрната не се растурени и слепени туку издвоени и суви. Не го користам често, но ете така понекогаш од мерак Инаку го готвам на милион начини. Со кари сос, со пилешко месо, со печурки, со сос од зеленчук, со се...
имам јадено рижотот со пилешко и лимон,ама незнам да готвам не ми текнало на гугл да видам,а полно рецпти можеш да најдеш
Дома си го правам често, кога не ми се јаде месо, а рецептот по кој го правам е на Џејми Оливер. Ви треба само една шоља ориз, главица кромид, путер, парче пармезан, бибер,сол, малку бело вино, сецкан магдонос и чешне лук. На лажица путер се пропржува кромидот ситно исечкан, заедно со лукчето, исто така ситно сецкано. Се додава бибер, сол,магдонос и на тивко се пржи додека не стане стаклесто. Се додава шољата ориз (за едно лице, една шоља) и се пржи. Се меша постојано, со надодавање две шољи вода, малку по малку, и неколку лажици вино, за вкус. Густината си ја одредувате по желба, ако сакате густо рижото, ставете помалку вода и на тивко оставете го само да си се згусне, а ако сакате поретко, надодавајте вода во зависност од тоа дали е сварен оризот. Кога ќе се свари, изрендајте го парчето пармезан во рижотото и оставете го да го впие. Се служи со прилог од грашок и печурки.
Za orizot da ti bide suv i ronliv, ne go vari do kraj za da ne ti prenarasne , stavi go vo cedalka da se cedi privremeno vrti go so cedalkata za da ne se zalepi. Ima i drug nacina za varenej na oriz go stavas vo cedalka i cedalkata vrz tendzere so vrela voda i taka se vari na parea i nikogas nema ni da ti se zalepi ili da se raspadne, POZZZ
Еве ви рецепт како се прави ориз кој се дели зрно по зрно. Прво на малку зејтин се пропрзува ситно сецкан кромид ама да биде бел да не загори, се додадава оризот ( јас ставам 3 кутлачи големи за тава ориз) и се пропржува во тавата во кој ќе го печете. Ама да остане бел да не пожолти или да изгори. За цело време рерната треба да е пуштена и да се загрева на максимум. Додека оризот е во тавчето, се додава жешка вода. (јас претходно ја варам во електричен бокал, а ако сака некој може во тенџерче да свари вода и да додаде и коцка за супа ) и со жешка вода се полива оризот додека не дојде вода околу еден прст над оризот. Се додадава вегета, црн пипер и ли друг зачин по желба . Се остава малку да провари на ринглата. Кога ќе се појави како пена одозгора, тавата од рингла се става во жешка рерна и се пече околу 20-30 мин. Ќе видите кога ќе биде готов.
рецептот ми е од баба ми знаци оризот за да се дели зрно по зрно треба да биде сув,знаЧи и или да се измие и исуШи или ако се брзате мозе и немиен .и првата Шолја вода која ке му се тури треба да биде ладна а останатите ЖеШки,и во сооднос 2.5 спрема 1 т.е. 1 Шолја ориз ,2.5 Шолји вода во кои се сварила и една пилеска коцка за супа.... е вака го правам јас....запрЖувам пола главица кромид го ставам и оризот да запрЖи но внимателно на потивок оган да не се залепи ставам вегета ја истурам водата и го варам на рингла на тивок оган со капак
Е со оризов кочанскиов што моите дома го купуваат никогаш не ми испаднале посебно зрнцата, па си викам да не е до оризот, вие каков користите?
Маја јас имам слушано дека за да испаднат посебно зрната не требало да се мие оризот. Ама јас кога си го правам ми се делат, а го мијам. Може ставаш многу вода? На една шоља ориз ставаш 3 вода, ама јас ставам 4 и пак ми се двои.
Јас кога сакам ориз што се дели зрно од зрно го готвам во вакво и користам ориз со долго зрно/басамати А за рижото традиционално се користи арборио ориз.
последен пат кога требаше да се вари ориз ,стоеше неколку саати во вода.И супер се двоеа зрната,а кочански е оризот
Во рижото може да се стават шримпови, октопод (оној бејби што е) нормално нели, зеленчук што ви оди со морската храна. А оризот, чист, мек. Откако ќе се зготви, ја истурам водата, и го плакнам со ладна да не се лепат зрната.
го спремаме со морски полодови или месо. ова со месно се приготвува лесно - се става масло лук и магданос да се продинста, - се става пилешко месо на коцкици сецкано, и тоа се динста заедно едно 20 минути ако не се лажам, - потоа се додава оризот и долева вода и така се додека не омекне а мислам потребни се околку 40 минути да се свари да биде онака ал денте (ни тврд ни мек) а така и најправилно, ако сака некој помек нека го врие уште. - при крај пред да се извади од оган се долева вино и маслинов зејтн и 10 минути со тоа да провире и готов е! некаде наместо вода ставаат т.н темељац од супа, ако рижотото се прави со пилешко тогаш пилешка супа. добар апетит