Пред некое време експериментирав ама стварно вкусно ептен излезе го здробив компирот ставив врз него кисело млеко малку црвено вино вагета сушено нане,мајчина душичка и златна мешавина од ова зеленото кесе што има грашок морков и пченка многу и го ставив да се пече многу убаво излезе и испржив колбаси + зелка салата еве и сликичка
И јас ги правам кроективе од компири, но во пасираниот компир ставам сецкани краставички и салама,и потоа ги правам топчиња во јајца па во презла и се пржат! Превкусни се
Da go spodelam mojot omilen nacin na kompiri. 1 kg mlad kompir se sece na 4 dela , 1 fildzan voda,1l sol 1l vegeta 1lazicka ruzmarin sitno secen i 1l luk vo prav mmm probajte
Обично од компири правам: салата, пржени компирчиња, чипс, пире или ги печам. Но, решив утре нешто ново да пробам. ШНИЦЛИ ОД КОМПИР. Еве го рецептот: 1 кг компири; 250 г кравјо сирење; главица кромид; 20 г лебни трошки; 200 мл масло за готвење; 1 јајце; сол; црвен пипер Начин на подготовка: Кромидот исчистете го и изрендајте го ситно. Измијте го компирот, потоа излупете го и сварете го. Потоа, убаво истолчете го. Во пирето додадете ги кромидот, сирењето, лебните трошки, јајцето, како и сол и црвен пипер по вкус и замесете тесто. Од тестото направете тенки шницли и пржете ги во врело масло. Јадете ги топли, а како прилог можете да послужите сос.
девојки мене ме интересира кога ги пржите компирите што им правете за да не ви останува зејтин во садот кога ги ставате од тавата? бидејќи на мене ми се мрсни и не знам што да правам за да не ми останува зејтин?
Кога ќе ги ставиш во сад одозгора стави им од оние големите бришачи за раце и си се упива тоа. Наредната тура пак исто, ќе ја смениш само харитијата и така немаш мрсни компири
Јас направив салата (како што погоре ја спомна една девојка) со компир, јајце, кашкавал и мајонез. Супер испадна. Одма ми ја изедоа и примив само пофалби.
Јас си правам со компири еден превкусен рецепт,значи тенко ги сечете компирите ,ги пржите,потоа ги додавате печурките,морковчиња сецкани,и домати сецкани на парчиња,им ставате зачини по желба.Откако ќе се испржи се тоа го ставате со плех со зејтинот од тавчето во кое сте пржеле и малку вода, го печете половина час на 200степени.Бон апетит
Малку поинаков рецепт со компири. Потребно ви е: 200гр. бело брашно, 200гр. пченкарно брашно, 200-300гр. варени компири, изрендани, малку фета сирење. Се замесува со квасец, малку путер, малку шекер, сол и топла вода. Откако ќе покисне тестото, се прават топчиња и се печат во релна. (По желба во тестото се става и јајце)
Вчера за ручек имав пире,арно ама многу (скоро цело) не се изеде,денеска од него направив топчиња ги ставив прво во разметено јајце па во презла и ги испржив,преубави излегоа Еве и сликичка во прилог...
Немам време да ја листам темата ајде некоја да се најди ми треба рецепт за виџис. Ќе ни идат луѓе на ручек/вечера па да се покажам
Вчера ги правев, повкусни немам пробано. Се сече на крупни коцки и се вари со додаен сол и вегета. Одкако компирот ке се свари, се цеди и се става во тава со загрејано масло да се пржи. Излегува прекрасно, внатре мек, а одозгора крцкав
Еве нешто од вчера што експериментирав. Би му дошло како мусака без месо. Дури и вкусот е сличен на мусака. Со вилушка смешав 3 јајца и млеко од прилика. Спојлер Го ставив во тавчето со исецкани компири и додадов плус зачини, зејтин и нецела лажичка сол. Меѓутоа за нареден пат, би ставила лажичка ипол. Можеби би било убаво и со урда. Спојлер Кога беа скоро готови, ставив неколку парчиња одозгора кашкавал. Спојлер И еве што излезе. Спојлер На моите им се допадна, само на сестра ми не и' се допадна. Треба малку да се доработи на рецептата. И нареден пат би го правела без ким. И ондак то.
Мајка ми ги прави на пареа, вели дека така се најздрави.Ги сецка на коцкички, посолува со вагета ги става во метална цедалка за шпагети, онаа со дупчиња кои се поситни.Цедалката ја става во тенџере со вода и на тивок огин.Од пареата на водата се готват компирите, оди споро но многу се вкусни. Јас некогаш подоцна си ги пржам, и многу се вкусни
Мојот омилен рецепт со компири: Спојлер И моркови -Морковите и компирите се сечат на долгнавести тенки парчиња. Од прилика како показалецот. Се мешаат и се распоредуваат во тава. Се става малку маслиново масло и се истура чаша вода, за да бидат посочни. Се става бибер и веѓета и убаво се размешува. Се печат во рерна, на околу 250 степени. Кога ќе почне да омекнува компирот, ако испарила цела вода, се става уште малку. После тоа се става сецкан рузмарин, Им дава преубав вкус. Само не дозволувајте да загорат или да се исушат. Многу се сочни, а и убави!
Јас сум воодушевена од плескавиците со соја (и компир) по рецептот на Серафима! Спојлер Премногу едноставни дури и за почетници како мене. Дозата е супер, излегоа навистина многу, ги правев во некоја средна големина. И плус, додадов неколку рендани моркови за да ми бидат малку шарени внатре. Е сега, првите 2-3 ги утнав, ми станаа разлеани и ги бркав низ тавчето, ама потоа им го фатив теркот и испаднаа преубави и за око и на вкус. Дури и на татко ми му се допаднаа, а имајте на ум дека не е баш некој љубител на соја. Сакав да направам неколку фотографии, ама ми ги изеле сите, нека остане за некој следен пат, сигурна сум дека ќе ги направам пак.