Јас го пробав овој рецепт и многу ми се свиѓа. Инаку компирите ги обожавам во сите варијанти и гледам дека повеќето начини на приготвување веќе сте ги напишале.Ми текнува уште дека може компирите да се исецкаат на ситни парчиња и кога ќе бидат готови да се додадат матени јајца.Вкусно е ама малку е помрсничко така да мене повеќе ми одговара за јадење во зима
Гледав пред некој ден на тв рецепт и ги направив,многу беа вкусни.Значи постапката е следна. Земаш компири колку што сметаш дека ти се доволни.Ги лупиш,ги сечеш на парчиња помали,ама не многу мали да не ти се исушат во печењето.Во тава за печење ставаш хартија за печење.На хартијата ги редиш претходно исечените компири.Ги “премачкуваш„ компирите со со рузмарин и лук.Т.е. претходно ги пасираш заедно рузмаринот и лукот.После тоа компирите ги попрскуваш со масло и тураш сол по вкус.Се печат додека не се испечат Се шегувам.Гледај да се печени средно,затоа што ако ги печеш многу долго ќе се исушат.Јас откако ги извадов од рерна им ставив одозгора и пармезан за поубав вкус.прсти да излижеш беа.А ќе заборавев.Стави во печењето и неколку цели парчиња лук.
Polneti kompiri -20gr. puter -600gr. kompiri -50gr. kaska.val -malku biber -1 jajce -malku sol Kompirite se varat se prepolovuvaat i se vadi vnatresnosta, ostavajki dzidovi ne se da se izvadi. nastrana se mati jajceto i se renda kaskavalot. Srcevinata od kompirot znaci vnatresnosta sto prethodno ja izvadivme od kompirot se mesa so kaskavalot i se dodava jajceto i puterot pa se zacinuva so sol i biber, ako e potrebno ako e tvrdo se dodava i malku melko ama sosem malku. So taka prigotvena smesa se polnat kompirite, so cetkicka se mackaat so puter i se pecat vo rerna 10 do 15 min. se sluzat so zelencuk!
Компирот најмогу го сакам вака. излуете го и исечкајте го на поголеми парченца. Полијте ги со вода која претходно сте ја зовриле и покријте ги со капак, така нека постојат 6-7 минути. Потоа исцедете ги и веднаш полијте ги со ладна вода. Вака стојат една минутка до две. Потоа наредете ги во подмачкано тавче посолете и печете на 200 степени. Добиваат вкус ко правени на жар...превкусно..
*солени колачиња од компири - 3 поголеми компири - 150 гр растителен кашкавал - 1/2 кафена лажица сол - 1/2 кафена лажица црвен пипер - сечкан магдонос - бибер - малку брашно - зејтин излупете ги компирите и ставете ги да се варат 30 мин. откако ќе се сварат извадете ги од тенџерето и испасирајте ги. во изладеното пире додадете го изренданиот кашкавал, посолете го, додадете го црвениот пипер, наросете со биберот, додадете го сечканиот магдонос и промешајте да се соедини смесата. со набрашнети раце формирајте мали колачиња (како ќофтиња). оставете ги малку да отстојат. во тава со загреано масло пржете ги колачињата од компири од двете страни.
девојки немам време да пишувам па ви го праќам линкот се е детално објаснето на англиски ова се моите омилени компири се надевам ќе ви се допадне http://www.videojug.com/film/how-to-mak ... e-potatoes
Видов дека овој рецепт го нема,па да го споделам со вас Ги варете компирите и ги пасирате со вилушка. Испасираните компири ги ставате во загреан зејтин и ставате црвен пипер (препорачливо толку колку што ставате во манџите) и додавате сол,вегета и црн пипер.Запржувате околу 2 мин и го тргате од шпоретот. Многу е вкусно,пробајте
обожавам компири.. и можам секој ден да ги јадам... може изгледа чудно но јас МРАЗАМ ПРЖЕНИ КОМПИРИ... не можам да ги јадам, некако мрсни ми се, па и помислата колку калорични се ...а и нејкам многу сосови и зачини со компири.. нив си ги јадам со сирење или само сол... зависи како ке ми чукне во главата најчесто ги јадам како пире, варени обично( компирите со се лушпа се варат), и печени во рерна исто така со се лушпа.. ем не се мрсни ем се прекрасни...
http://www.femina.mk/%D1%80%D0%B5%D1%86 ... 1%82%D0%B5 епа обожователки на компири еве ви рецепт како да ги подготвувате компирите, јас го пробав тој за печени и се превкусни ммм
Манџа од компир Ајде рецептче некое за манџа од компир. Треба да направам, а не знам како , не сум правела до сега. Поздрав
манѓа со компири Вакааа... Го сечеш месото на парчиња колкави сакаш да бидат во јадењето. Го ставаш во тенџере со зејтин и пржиш... треба убаво да порумени. После додаваш кромид (и пак пропржуваш). (Обично прво го ставаат кромидот да се пржи, ама така кромидот се препржува, прво сам, па со месо, а лекар ми има кажано треба само малку, колку да пушти вкус). Па додаваш компири сечкани на парчиња (исто колкави што сакаш, ама немој премногу мали, да не се распаднат), зачини по вкус-јас ставам зачинал, многу малку бибер, црвен пипер. Некогаш ставам и трклаца морков. Потоа се налева со топла вода и се остава да си крчка полека.
манѓа со компири а со суво мевце,исто кромидот се прзи ,потоа се налева топла вода па компирот на парченца и мевцето да се вари па потоа запршка???
Имам еден проблем со Компир манџата, абе никако не ми излегува убава како на мајка ми , па ве молам дај те ми некој рецепт ама сакам се детално
Вака ја правевме дома кај моите: ако ја правиш со месо, прво го вариш месото убаво, со ловоров лист. После тоа, пропржуваш малку кромид, па му го додаваш компирот исечен на коцки (големина по твоја желба), додаваш лук, доматен сос или црвен пипер, малку црн пипер, вегета, зелена свежа пиперка (ако имаш) и водата во која се варело месото. Потоа ја оставаш да крчка на тивко некое време без месото, а после го додаваш и него да го добие вкусот на манџата. Кога татко ми ја прави, повкусна е од онаа на мајка ми (а исто ја прават), не знам зошто
Annath и јас ја правам исто само без вагета и ловоров лист, па затоа ве прашав не знам зошто не ми излегува како на мајка ми
Јас вака ја приготвувам. Прво сецкам кромид, морков (пиперка ако имам) на коцкицки и ги пропржувам со месото исто сецкано на коцки, потоа додавам вегета, сол (по вкус), патлиџан или кечап и додавам малку водичка за да издинстаат. Потоа додавам црвен пипер и го полнам тенџерето со вода. После отприлика 1 саат варење на тивко ги додавам сецканите компири и оставам да се вари. Кога компирите ќе се сварат, во едно тавче или тањирче вадам неколку компирчиња, ги гмечам со вилушка и ги враќам назад во тенџерето, промешувам, оставам малку да поврие и готово.
ВАКА ПАК НОВ РЕЦЕПТ! се варат компирите, се пасираат како за пире, им се додава ситно сецкан магдонос, вегета, оригано. се прават топчиња се валкаат во јајце и во презла потоа се пржат одлични се за мезе, брзо се приготвуваат, нема ништо посебно во нив а се многу интересни и вкусни!!! може да се декорираат со павлака меѓу нив и магдонос гранче!
Јас го направив ова само што додадов вегета, малку сол, малку маргарин и две јајца (убаво е и со млеко, но тешко се прават топчиња потоа) и ги валкав во јајце и презла (без брашно), а внатре ставав парче кашкавал. Превкусни се, прсти да излижеш, не можам да прастанам да јадам еве втор пат кај што ги правам во рок од три дена. Пробајте, нема да згрешите. Спојлер Гледам и на Лина рецептот е сличен Еве точно вакви ми дојдоа, само што јас ги правев малку помали:
И јас ги пробав овие крокетите, само малку вегета сум им ставила не ми беа солени, уфф многу се нервирам, ама за другпат ке ги погодам со сол, еве и како ким што вели ќе додадам и јајца и маргарин, инаку убаво излагаат. Паметно рекле, тајната на вкусот е во зачините.