1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè од компири

Дискусија во 'Рецепти' започната од kiki-riki, 6 јануари 2010.

  1. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Рецептот се вика Скинати гаќи :rofl:
    Ако ви остане пире од компир, се додава 2 јајца, малку сол и шеќер, 1 пециво и се додава брашно додека не престане да се лепи тестото. Се извлекува кора се сече на парчиња и се пржи.
    :D
     
    На SoNi55 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Beluvce84

    Beluvce84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    71
    Пица мусака

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    малку Оригано
    250 милилитри Млеко
    2 лажица/ци Масло
    1000 грама Компир
    200 грама Кашкавал
    100 милилитри Доматно пире
    3 Јајца/це
    200 грама Шунка


    ПОДГОТОВКА:
    Компирот сварете го, па исечете го на крогови и наредете го во огноотпорен сад премачкан со масло.

    Прелијте го со јајцата изматени со млекото, па запечете во рерна за да се добие кора.

    Потоа, извадете го од рерната и одозгора прелијте со густо пире од домати.

    Преку пирето од домати наредете ги парчињата шунка, а одозгора ренданиот кашкавал.

    Потоа, попрскајте со малку оригано и вратете уште малку во рерна, додека кашкавалот убаво не се запече.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    Компир салата од варени компири,исечкани на ситно,варени јајца и краставички и кромидче-исто исецкани,се додава сол,бибер,оцет и зејтин и се меша=неодолива салатка :inlove:
    Друг рецеппт исто со варени компирки-се варат значи ,и во длабок сад се ренда-слој компири,па мајоне,па сирење ,па верени јајца и се така во слоеви додека не го исполните садот :lol: и оваа е преубава иако е покалорична :lol:
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Еве моментално печам компири во рерна, ги сечам на кругови, не многу дебели за побрзо да се испечат, им ставам вода колку да ги облие, зачинувам со вегета, оригано, црн пипер и што си сакате вие по желба и се печат некаде околу 1 час и потоа се ммммммм највкусно нешто, пробајте ;)
     
    На SoNi55 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Јас обожавам домашно пире :) Се варат компирите а и малку кромид се потпржува. После тоа компирите се гмечат, кромидот се додава се става сол и voila супер јадење. :D
     
    На mila85 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Мајка ми цел живот дома правеше пире со рачна гмечалка и секогаш имаше грутчиња. Јас деновиве си купив миксер со пасатор и кога компирите се ептен сварени им додавам млеко, па со пасаторот се прават како крем. Превкусно :)
     
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    5.920
    Ситни млади компирчиња со големина на орев се варат. Се јадат со беровско сирење дури се топли :)
    Па уште и беровски ако се компирите НЕМА ПОУБО НЕШТО !
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  8. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Ги вариш компирите,ги сечеш на средно големки парчиња,ги посолуваш со вегета или сол,загреваш масло и одкога ќе се загрее маслото му додаваш 1 лажица црвен пипер,колку да се запржи и со тоа ги преливаш компирите. Гарнир- прсти да изедеш :inlove:

    2. Не ми е пробан ами го најдов на нет, ми изгледа интересно па ако има кандидати за проба повелете. ;)
    6 компири од средна големина ,2-3 лукчиња ,2 супени лажици масло ,30 гр. путер ,сол, бибер
    Рерната се загрева на 220˚C. Ставете го компирот на подлогата за сечење и започнете со сечење од едниот до другиот крај на компирот, на рстојание од 3 до 4 мм.
    Ставете го компирите во плех за печење и ставете го лукот измеѓу резовите на компирот. Врз секој компир ставете по малку путер. Потоа попрскајте ги со малсиново масло, сол и бибер.
    Печете го околу 40 минути, одоносно додека не станат крцкави.
     

    Прикачени фајлови:

    • tc5-IMG-00.jpg
      tc5-IMG-00.jpg
      Големина на фајлот:
      20 KB
      Прегледи:
      568
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Во подмачкама тава се редат мали компирчиња излупени и исечени ан пола а на секое компирче се става по малце маргарин или путер. Преубави се со павлака или сирење. Исто така во подмачкана тава се ренда компир, кашкавал или сирење, се додава и едно добро изматено јајце, сосема малку вода (1 филџанче), малку масло и зачини по вкус и се пече во загреана рерна... ммммммм ми се пријаде :)
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    А зошто мене ми се залепија компирите во тавата? :wasntme:
    Додека ги одлепам, пире се сторија.
     
  11. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Бројче убаво подмачкај го тавчето, не штеди материјал :D . И во текот на готвењето ако сакаш да си посигурна доклај им малце путрече одозгоре, или преврти ги од другата страна.
     
  12. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Помеѓу варени и пржени, дефинитивно би избрала варени, а може и пире од нив (онака домашно). А она ќофтињата од компири ми се најубави. :)
     
  13. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Колку и да сум најадена, кога слушнам дека се приготвуваат компири, одма ми се отвара апетит. :lol:
    Највкусни ми се кога сама ќе си ги направам. Знам само 2 начина, но човек учи додека е жив. :)
    1. Ги сварам компирите. Ги делам на пола. На едната половина ставам намаз ( стопено сирење ), малку прас, вегета и други зачини и поклопувам со другата половина.
    Не е голема филозофија, но на крај резултатот е прекрасен!

    2. Ако ми останат од сварени компири ( значи оладени сакам да се ), ги сецкам на помали делчиња и ги пржам на масло, си додавам сирење, кашкавал, јајце понекогаш... :mm:

    Голема благодарност до маја8 бидејќи утре ќе го пробам нејзиниот рецепт. :)
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    ПИЦА ОД КОМПИРИ

    Потребно е:1.5кг лупени компири,300гр. брашно,200гр. сирење,2 јајца,200гр. шунка,половина мала лажичка сол,1 сув квасец,5лаж. масло за јадење,150мл вода,масло за јадење,сол и црн пипер.Во поголем сад се ставаат сувиот квасец,водата,5лаж. масло,солта и брашното и мешаме.Продолжуваме да го месиме тестото со рака.Од тестото формираме топка.Садот го покриваме и оставаме тестото да нарасне.
    Претходно излупените компири ги сечкаме на кругови и ги вариме во зовриена и посолена вода.Круговите варени компири со лажица ги вадиме и ги ставаме во цедалка.По 30-тина минути го вадиме тестото од садот и го размесуваме.Со сукалка развлекуваме кора.Тавата за печење ја намрсуваме со масло.Во намрсената тава наросуваме брашно и ја протресуваме за да се набрашни целата површина.Со помош на сукалка ја ставаме кората во тавата.Кората ја боцкаме со вилушка.Врз кората ги распоредуваме круговите компири.Ги попрскуваме компирите со масло за јадење и ги наросуваме со оригано.Шунката ја сечкаме на тенки полукругови кои ги распоредуваме врз компирите.Во подлабок сад ги кршиме јајцата,ги посолуваме и ги матиме.Изматените јајца ги нанесуваме врз пицата.На ситната страна од рендето врз пицата рендаме сирење.Печеме 20-тина минути на температура од 200 степени.
    Овој рецепт е од Храна и Вино.
     
  15. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    ај сите рецепти сте ги напишале ама ај најпростиот ке ви го кажам јас ;)
    ке си свариш компири убо,ке ги изгмечиш немора како за пире,ке му ставиш една конзерва туна,малку вегета сол бибер ке ги измешаш и лепотија,кркај само :rofl:
     
  16. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Пржени компири, мњамиииии, нешто најубаво! :)
     
  17. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Компири едноставно обожавам :rofl: а најчесто го правам печени односно ги мијам компирите го ставам во караванче му ставам сол и ги ставам бо релна 45 минути и ги вадам ги лупам и ги јадам :D така ми се највкусни многу се меки едноставно се топат во уста ;)
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    34.263
    Пол:
    Женски
    Обожавам компири можам на секаков начин да ги јадам . Претежно мама ми прави пржени компирЧиња , јас сама си правам пире многу вкусно ми е . Сакам и пеЧени компири .. Уф Уф сеа ми се пријаде :lol: :lol:
     
  20. Sienna

    Sienna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    25
    Ставаме да се варат компирите колку да омекнат малце,се љупат и се сечат на пола..па ги ставаме во рерна,се става зачин по свој избор,јас обично им ставам вегета..да не заборавам масло,свинска маст или путер, :lol: и тоа по свој избор за количина ќе видите зависит колку компири сте ставиле предходно да се варат..ги оставате некаде околу 45 мин да се вцрвенат..иии добар апетит,.. ;)