ВТОР ДЕЛГастритис, хипертензија, тврда столица, ждригавица, чир на желудникот и на дванаесетпалачното црево:
Во природен вид компирот има лековит ефект врз сите органи за варење. Пред се, препаратите од компири им се препорачуваат на заболените коишто страдаат од зголемена киселост на желудниковиот сок. Тоа е предизвикано од големите количини на природни соединенија во компирот кои имаат алкална реакција.
Традиционално се употребува подготвен сок од свежи компири. терапефтитскиот ефект се постигнува откако ќе испиете 2 или 3 пати по четвартина или по половина чаша од сокот. Количината на сокот е индивидуално, во однос на тежината и во зависност од симптомите на болеста. Сокот треба да се пие 30-40мин. пред јадење. Лекувањето е секојдневно во текот на 2-3 недели. После тоа се прави пауза од 7 до 10 дена.По неколку спроведени терапии од сокотерапијата, се подобрува процесот на преработка и усвојување на хранливите состојки, како и намалувањето на артерискиот притисок кај заболените од хипертензија, односно од висок притисок.
За подготовка на сокот треба да се употребуваат тврди компири кај кои не започнал процесот на гниење. На нив не смее да има изникнати делове или да има делови со зелена боја. На тија места се собираат токсичен алкалоид соланин кој во организмот може да предизвика труење. Компирот треба да се одбере и да се измие, а потоа природно да се исуши и ситно да се изренда или да се подготви како каша со помош на машина за мелење месо. Подготвената маса да се исцеди со цеделка во стаклен сад или чаша. Многумина откако са го пробали сокот, са се откажали, поради неговиот непријатен вкус. За да се подобри вкусот, може да се додаде мед. Количината на медот не треба да биде повеке од 1 лажица на една пропорција од сокот. Исто така количината на сокот на почетокот треба да биде минимална, за да се навикне организмот на лековитото средство. Соодветната количина, за на почето, на оние кои со тешкотија го пијат сокот е 50мл.Постепено сокот да се зголеми до 150-170мл. На 24 часа треба да се земат 2 такви порции-наутро и навечер пред јадење.
Главоболка:1 голем компир да се изие и изљупи и да се исече на тркалца, па да се обложи на било кој дел од главата прицврстувајко го со помош на подврска. Тоа се прави, дури човекот кој има главоболка да е во постела. Ако се уште не поминува главоболката, тогава се прави топла купка за рацете:Се потопуват рацете во топла вода до лактите и да се држат до престануване на болката. Ако е необходно во садодт да се додава жешка вода.
Лушпата од компирот исто така може да се употребува за главоболка. Треба да се свари во мал сад, да се постави во рамномерен слој на парче од ткаенина, да се стави на челото додека е жешка и да се држи до очекуваниот резултат. Откако се излади истата лушпа може да се користи повторно откако ќе се загрее.
Жолтица:Тоа е инфекција на црниот дроб. За лекување на жолтица секојдневно треба да се јаде испечени компири со лушпата во рерна. Особено е полезно во периодот на зајакнување.
Здив на алкохол од устата:Доволно е да се џвакат неколку делови од суров компир. Со џвакането на компир во устата се неутрализира мирисот на алкохол.
Запек:Во текот на денот да се консумират 200-250мл. сок од компири. Пожелно е таа количина да се подели на 3 дела и да се пие пред јадење секој дел.Потребно е секогаш да се подготува свежа доза сок. При атонија на цревата треба почесто да се внесува компир во исхраната во било кој вид и тоа во комбинација со цвекло.
Наутро на празен желудник, исто така, треба да се изедат до 150 гр. компир.
ПушењеКомпирот, како и тутунот и доматите, има својство во зелените делови и плодови да собира никотин. Се разбира концентрацијата на соединенијата во овој зеленчук не може да се спореди со онаа во тутунот, но не им нанесува никаква штета на непушачите и може да помогне на пушачите да се откажат од штетната навика. Не е тајна, дека при нагло откажување на цигарите, организмот дава силен отпор: никотинот станал неразделен дел од организмот на пушачот. Затоа, ако труењето со тутунскиот чад се одвивало во текот на многу години, има смисла да се откажете од опасната навика постепено, на почетокот намалувајки бројот на испушените цигари во денот, а потоа дозата никотин да се потрудите да се добие од тастителните култури во вид на секојдневна исхрана. Компирот може да се приготви во повеке од 1000 јадења-останува само цврсто да се решите да престанете да пушите. Во сезоната јадењата од компир може успешно да се дополнас со карфиол, домати, модри домати, кои ја намалуват никотинската апстиненција.
Ларингитис, фарингитис, озраченост, прочуствување од солите на тешките метали, колитис и гастритис, миозитис, миом на матката, плускавци, изгореници, изгореници од сонце и топлина, смрзнатини, остеохондроза, отоци, лекување на срцето, отоци на лицето, болести на црниот дроб, воспаление на белите дробови, псоријаза, рак, запирање на повракањето, солзење, болка во зглобовите, мачнина, трахома, пукнатини на аналниот отвор, бодежи од пчели и од оси, болести на штитната жлезда...Овие се болестите, кои можат да се лекуват или да се облекчат болки со компири...Има и уште.. Овие сите нешта ги препишав од мала книшка „КОМПИРИ, ПРИРОДНО ЛЕКУВАЊЕ“, издание на Мартина. Летово се набавив со такви книжа, исто имам и за лимон, лук, моркови чаеви, зачини и све е за лекување. Се разбира се надевам никога да не ми влезнат во употреба, али знам дека ако не болест, главоболка ќе има (ако не нешто големо, недај Боже, то ќе е мало) и сум приврженик на лекување со природни лекови, не со апчиња и антибиотици. Се надевам на некого да сум помогнала со малку информација, ако некој се интересира и од болестите наведени накрај, за кои не сум напишала информација за лекување со компир, нека слободно ми пише л.п., ќе му препишам што пише во книшката. Не ми е проблем да го направам тоа, и јас сум човек, ако не се потребни на вас, може би се потребни информациите за мајка ви, татко ви, сестра, брат...
Компирот може да се користи и во козметиката. Като
негување на мрсна кожа, кожа со дупчиња, нега на сува кожа, избелување на кожата, копривница, црвенило и љупене на кожата на рацете, црвенило на носот, стареење на кожата околу очите.Не пишам подробности за сите овие болести и за козметиката како што с еправи, затоа што, ќе ми е потребен цел ден да препишам цело книже

Ако сака некој да ме праша, нека ми пише слободно
Ви посакувам убав ден