Форумџика на годината

Сè од овошје

Дискусија во 'Рецепти' започната од cindy, 6 јуни 2011.

  1. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    Рецепти со јагоди

    домаќинки дајте идеа што да направам имам куп јагоди дома веќе направив 3 кг сок од јагоди што со другите ? :wasntme: идеа?
    п.с повелете на сокче :lol:
     
    На nicol му/ѝ се допаѓа ова.
  2. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Сакам да прашам...?

    Можеш и еден дел да ставиш во замрзнувач и да си блендираш ладни овошни шејкчиња, да си ги додаваш во сладолед, колачи..мхммм.. :inlove:
     
    На cindy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Рецепти со јагоди

    Сладолед со јагоди :
    Мерка е едно канче од кисело млеко.
    Едно канче јагоди се миксира, се додава едно канче шеќер и канче кисело млеко. Се мисксираат заедно и се замрзнува. Лесно и вкусно :)
     
    На cindy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    Рецепти со јагоди

    јас преги си направив шејк од јагоди ставив јагоди одприлика едно канче ги исецкав потоа две чаши јогурт бидејки беше за двајца и една лажица шекер а може и од оној во прав што е го измиксирав и супер беше
     
  5. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Рецепти со јагоди

    а некоја торта со јагоди да предложете?
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Рецепти со јагоди

    Овошна торта со јагоди

    6 јајца, 4 супени лажици брашно, 13 лажици супени шеќер, пола прашок за пециво, 70 гр. сецкани ореви, 70 гр. сецкано суво грозје, 100 мл. млеко, 1 лажица густин, 100 гр. путер, ванилин шеќер, 2 шлага , јагоди

    Во сад за матење ги кршиме јајцата , ги двоиме белките од жолчките. Матиме со миксер ... и додаваме 6 лажици шеќер и продолжуваме со матење. Кога ќе се изматат белките со шеќерот ги додаваме брашното и прашокот за печиво. Убаво мешаме додека се изедначи се, па ги додаваме оревите и сувото грозје. Истураме во плех (може да биде и тркалезна форма) во кој претходно е ставена хартија за печење. Печеме во рерна на 200 степени.

    Во друг сад за варење ги ставаме жолчките и останатиот шеќер.Со миксер ги матиме да се изедначи, па потоа вариме на пареа. Кога ќе се растопи шеќерот ги додаваме млекото и густинот убаво размешани и мешаме се додека се свари кремот..Го додаваме ванилиниот шеќер. Настрана се мати путерот, па од кога кремот ќе се олади се додава путерот и заедно се матат.

    Тестото или пандишпанот од кога ќе се олади се премачкува со кремот па се додаваат јагодите претходно исечкани на половинки и на крај се додава изматениот шлаг.

    Тортава е превкусна. :)
     
    На Zaljubena111 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nicol

    nicol Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    139
    Рецепти со јагоди

    направи слатко од јагоди ммм ах сега ми се пријаде :D
     
  8. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    Рецепти со јагоди

    го направив :D ајде сега повелете :lol:
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Рецепти со јагоди

    исечкајте ги јагодите на пола и зашеќерете ги. Изматете шлаг пена и ставете ги јагодите промешај те и сервирај те ги во пошироки чаши. Топ десерт кога ќе ви дојдат гости
     
  10. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Рецепти со јагоди

    Еве од мене еден лесен рецепт за торта со јагоди
    потребно - 500 гр.кисело млеко, 465 гр бисквити, 300 гр.шеќер, 20-ина сецкани јаготки и(или) друго овошје, 2 шлаг пена

    Киселото млеко и шеќерот се матат, потоа се додаваат бисквитите кршени на 4 и се изедначува смесата.
    Се редат во тава или на послужавник, како сакате, па врз нив се става изматената шлаг пена, а врз неа сецканите јаготки. Се става во фрижидер да се стегне. Тоа е тоа. :)
     
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Рецепти со јагоди

    Значи мајка ми прави преубава торта од јагоди! :inlove: :angel:
    Само не е дома, а незнам кај и е рецептот. :worried:
    Иначе има пандишпан, јагоди и горе шлаг. За летно време, лесна, охоо. :f: :^:
     
  12. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Рецепти со јагоди

    Еве една моја идеја.
    Потребна ви е блага хопла, изматена со мискер. Се става во чашки, било какви и пред тоа се ставаат јаготки на пола исечени и после како за декорација може да се стави чоколаден прелив.

    Порано мајка ми замрзнуваше јагоди и од време на време ќе одмрзнеше и ќе ни ставеше со брат ми во чашки и ги матеше со миксер. Ни ставаше одозгора и шлаг.

    Може да се направи нешто слично на овошна салата. Ќе земете било какво овошје имате дома, ќе го исецкате на парченца, ќе стаавите во чашка, можете и да направите како ред од овошјето, па шлаг, овошје, па шлаг и сл.
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Рецепти со јагоди

    Најубав рецепт за јагоди ми е следниов. Ги миеш јагодите, им седнуваш и ги јадеш :) Најмногу ги сакам свежи и цели. Некогаш кога сама си правам сладолед дома ги сецкам , ги додавам во смесата и ставам да се замрзне.Ама некогаш многу ми замрзнуваат па не се убави.
     
    На LoOnyD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Рецепти со јагоди

    Јас имам свои експерименти :D Ќе земеш две готови кори. На првата ќе го нанесеш пудингот од чоколадо или лешник, ќе расфрлаш јагоди врз пудингот и ќе ја залепеш врз сето тоа и втората кора. После стај го тоа во фрижидер и ЈАДИ И УЖИВАЈ! :)
     
  15. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Рецепти со јагоди

    Нешто најнајнај убаво е мус од јагоди. Мммм...
    Потребно е: 4 белки, 100 гр. шеќер, 2.5 мл. слатка павлака, 200 гр. бело чоколадо, 200 гр. јагоди.
    Подготовка:
    Се топи чоколадото на пареа. Од белките и шеќерот се мати цврст снег и се соединуваат со растопеното чоколадо. Се мати слатката павлака па се додава на чоколадото и белките. Во помали чаши се распоредуваат јагодите па се преливаат со подготвената смеса. Потоа се лади мусот, може да го декорирате со џем од јагоди или шлаг па се служи.
    Обавезно да пробате да направите прстите ке си ги изедете! :lol:
     
  16. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Рецепти со јагоди

    Тортава ја правам и со друг вид овошје и ја нарекувам превртена торта.
    Значи јагодите измиени, а поголемите јагоди ги сечам на половинки и ги ставам во округла ватростална малку намачкана со зејтин. Количината никогаш не ја мерам, но отприлика 1/2 килограм. Додавам 3-4 лажици шекер. Го ставам во загреана рерна на 200 ст. Значи јагодите треба да се динстаат во рерната како за џем, но пократко (околу 20 мин). Ке пуштат сок и тој треба малку да подизвие. За тоа време пандишпан од 4 јајца, 4 големи лажици шеќер и 4 големи лажици брашно. (или 5-5-5 за поголема тепсија и повеќе јагоди). Ги вадам јагодите од рерната, а ако има многу сок го вадам со лажица. Но не треба да биде и премногу суво. Го истурам тестото одозгора и ја оставам да се допече. По печењето и откако ќе се подолади, ја поклопувам тортата со округол тањир на кој ке стои тортата и ја превртувам. Значи јагодите ке дојдат горе, а пандишпанот долу. Одозгора 2 изматени шлаг пени.
    Вака изгледа комплицирано, но е многу проста, а прв пат ако ја ја утнете, вториот сигурно ќе ја погодите.
     
    На Masnickaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Рецепти со јагоди

    [​IMG]
    +
    [​IMG]
    +
    [​IMG]
    Бананите и јагодите ги сецкам ситно, ставам од шлагот и одозгора ако имам ставам чоколаден прелив. Потоа малку во фрижидер и спремно е за јадење :D ммм
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Рецепти со јагоди

    Ја најдов конечно рецептата. :tmi: Еве ја: преубава е..
    Пандишпан:
    3 јајца
    5 филџани шеќер
    1 чаша јогурт (од тие поголемите)
    2 филџани зејтин
    6 филџани брашно
    1 пециво
    1 ванила
    Фил:
    750 гр. вода
    350 гр. шеќер
    800 гр. јагоди
    2 пудинга
    И одозбора шлаг. :inlove:

    Иначе кога има дома јагоди јас си правам фрапе. Се става јагоди во блендер (како и да се вика) се мути, и се става млеко. (се од прилика) и па се мути. Преубаво е. :inlove:
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Рецепти со јагоди

    Најчесто ги јадам така без ништо, убави ми се.
    Но понекогаш им додавам и шлаг и чоколаден прелив.
    Преубаво ми е фрапето од јагоди, се зема окулу два грста јагоди, убави, измиени, исчестени, се ставаат во блендер и убаво се сецкаат. Откако се исецкани им се додава пола чашка млеко и шеќер(по вкус, јас не ставам воопшто) и повторно се мати, за да се соедини се тоа.
    Потоа се остава малце да се олади и е одлично за летно време.
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Рецепти со јагоди

    Пуслици со јагоди
    за тестото 250 гр путер, 50 гр шеќер, 3 жолчки, 300 гр. млеко брашно
    за филот 3 белки, 150гр шеќер 550 гр. јагоди

    се матат путерот и шеќерот и во нив постепено се додаваат жолчките. Се додава брашното, се замесува тестото и се развлекува кора во форма на правоаголник. Долгнавестиот калап се обложува со хартија за печење, па се става развлеченото тесто. се пече околу 15 минути во загреана рерна на температура од 180. испечената кора се вади од рерна.
    Белките се матат со шеќерот па се додаваат јагодите и смесата се промешува со дрвена лажица се сипува врз кората и повторно се враќа во рерната. по 5 минути се исклучува рерната а колачот се остава внатре уште 30 минути .