ТЕМА: Селско месо

Мислење 26 Јул 2011, 22:19

Ако знаете рецепт и подготовка за селско месо ве замолувам да ми го кажете.
Благодарам однапред! :)
Аватар на корисникот
belieber

Жолто цветче
 
627813
Мислења: 1083
Зачленет: 24 Сеп 2010, 20:39
Локација: Скопје
Stay strong and never give up.

Мислење 26 Јул 2011, 23:49

Не знам дали ова е типичен рецепт за селско месо но јас си го правам вака:
Сецкаш кромид (еден тон), се става многу али ти по вкус можеш колку сакаш, го ставаш на тивок оган да се пржи, да омекне, додаваш ситно сецкан морков, можеш и пиперки, домати,печурки, не е грешка но и без нив се може...На крај го ставаш месото, се пржи малку па се додава вода-колку да се налее сето, затвараш со капак и го оставаш скрос на тих оган околу 2 саати...Да не заборавиш зачини :!:
На 15 мин. пред да го извадиш од оган му додаваш брашно кое претходно го разматуваш во топла вода (1 или 2 лаж. брашно во мала чаша топла вода)...На крај излегува ммммм...кај ме потсети ми се пријаде...поздрав!
MSkorpionka

Жолто цветче
 
39502276
Мислења: 1972
Зачленет: 04 Фев 2011, 16:36
Локација: Плутон

Мислење 26 Јул 2011, 23:57

Абе секој си го прави на како што си знае :)
Јас го правам вака: прво сецкам кромид и запржувам, го додавам месото исецкано на коцки и вода колку да облие и го оставам така да си крчка. Кога водата ќе изврие додавам свежи печрки, моркови сецкани на кругчиња и додавам томатео сос, зачинувам и оставам да крчка. Понекогаш ставам и брокула. Абе месото и печурките ти се главни намирници за селско месо и се друго по вкус можеш да си додадеш!
Аватар на корисникот
SOVRSENSTVO

Жолто цветче
 
1475567
Мислења: 2795
Зачленет: 20 Сеп 2010, 13:25
Локација: далекy од реланоста...
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, дури и кошулата од грбот - но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.

Атентат - Јасмина Кадра

Мислење 27 Јул 2011, 11:14

Да не повторувам едно те исто ама освен печурки и свинско месо јас си ставам и телешко месо -исецкано на коцки и/или мали ќувтиња - плескавички. Зачини по желба, и не ставам запршка туку сето тоа се крчка и на крај пропржува или втора варијанта која ми е полесна - сето тоа го крчкам во крем супа од печурки за да на крај ставам во релна да се потпече малку. Одозгора обавезно ситно сецкан магданос и луто пиперче (сакам луто)
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
34642157
Мислења: 3692
Зачленет: 27 Дек 2009, 00:31

Мислење 27 Јул 2011, 19:11

Дефинитивно мое омилено јадење!
Знам дека мама вака го прави, еднаш ја гледав: прво сецка кромид и го става да се пропржи, додава сецкан морков и сецкан патлиџан и се тоа заедно се пржи. Во друг сад го пржи месото, потоа го додава кромидот, додава сенф малку, зачини, вода така повеќе и става печурки ( јас го сакам со повеќепечурки поубаво ми е) и сето тоа така се прави околу 2-2ипол саати :)
Аватар на корисникот
cvetce93

Жолто цветче
 
506198
Мислења: 1401
Зачленет: 23 Јан 2011, 22:53
Не го исмејувај тој којшто поради љубовта ја загубил гордоста, туку тој којшто поради гордоста ја загубил љубовта. <3

Мислење 27 Јул 2011, 19:59

Леле, еднаш мајка и на цимерката ни пушти Селско месо и не можевме да се донајадеме колку само вкусно ни беше! Преубаво јадење! :inlove:
Аватар на корисникот
Bright

Жолто цветче
 
53163513
Мислења: 2540
Зачленет: 25 Ное 2009, 14:20
Локација: Чуден свет.
~ I let love in ~

Мислење 05 Сеп 2011, 19:56

не сум пробала но, дали ќе биде вкусно ако покрај споменатите состојки и покрај кечапот (или томателото) на крај ставиме павлака? Ако некој пробал нека каже сакам да пробам ама не и да утнам :D
Аватар на корисникот
guardian

Фем почетничка
 
36
Мислења: 14
Зачленет: 27 Дек 2009, 12:12

Мислење 05 Сеп 2011, 20:44

Леле го обожавам ! Татичко мој го прави со винце и кисели краставички.. уф уф мераци :x
Аватар на корисникот
Grunge

Сино цветче
 
621595
Мислења: 359
Зачленет: 20 Јун 2011, 02:20
Локација: On the dark side of the moon.
Try not. Do or do not.

Мислење 17 Сеп 2011, 09:58

Мојот рецепт за селско месо е без кромид, но дефинитивно највкусен рецепт што некогаш го имам пробано.
На ситно се сецка свинското месо и се става во тава за пржење. Откако ќе почне да се пропржува, се додаваат шампињоните и повторно заедно се впржуваат. Откако месото ќе ја промени бојата, се додава малку вода, а потоа зачините, вегета, бибер и една лажица сол-буковец. Штом водата почне да врие, се додава 1 голема лажица мајонез, 1 лажица црвен пипер и 2 лажици брашно, а кога ќе почне да се згуснува, се додава уште малку вода и смесата се истура во земјена тава или тавче за печење, се става во рерна и се крчка додека не фати коричка одозгора.
Аватар на корисникот
Gea

Зелено цветче
 
82432979
Мислења: 949
Зачленет: 07 Јан 2011, 00:54
Слика

Мислење 17 Сеп 2011, 15:59

belieber напиша:Ако знаете рецепт и подготовка за селско месо ве замолувам да ми го кажете.
Благодарам однапред! :)

Јас вака го правам-свинско месо се сече на помали парчиња,а по желба се додава и пилешко-стек.Го посолувам месото,а потоа сите парчиња ги провалкувам во брашно,а потоа ги ставам во врел зејтин -не се пржат целосно туку онака 5-7 мин.Потоа додавам печурки,сенф,вегета ,бело вино,оригано,бибер и малку водичка.Го оставам да прокрчка 15-20 мин,му додавам една чаша кисела павлака,а потоа го префрлувам во земјена тава и оди во рерна. 5 мин.пред крајот,додавам одозгора рендан посен кашкавал(не горчи кога е посен ,другите даваат горчлив вкус).Супер е ,овој рецепт со години е на маса кај мене за разни собирања со друштвото и досега е само фален. ;)
Аватар на корисникот
stetoskop

Зелено цветче
 
1483915
Мислења: 662
Зачленет: 11 Мај 2011, 14:31

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 6 гости