Колку многу сакате сладолед? Го приготвувате ли дома? Која ви е омилена рецепта за подготовка на домашен сладолед? Јас ОБОЖАВАМ сладолед, посебно домашно подготвен... Пааа дај те ми некој рецепт за домашно подготвен сладолед...
може ќе се чудите ама јас несакам сладолет...многу ретко јадам и тоа летно време во кафич по 3 топки сладолед и тие ми се многу...и дома не правам домашен...некогаш може да ми донесат моиве да ми купат од кило и само 2-3 лажички ќе пробам а ако сама си купам тоа е воден сладолед за да се освежам ама ептен ретко, никако млечен или со вкус на цреша,банана,карамела и лешник
Леле Go-Girl па како преживуваш?! Јас летно време не можам да си го замислам денот без сладолед! Најмногу го јадам Бест (во сите вкусови) или Марс. Дома ретко правиме, најчесто купуваме во кутии, а од нив омилен ми е страчатела и вишна
Сладолед обожавам. Обично ако купувам купувам од слаткарница и тоа најчесто некои овошни вкусови. А од оние пакованите го сакам Ол Стар (во корнет) од ванила. Најчесто си правам сама дома сладолед. Сега не ми текнува точно на количината на состојките, ама: Во еден сад се мати шлаг (најчесто две кесички). Во друг сад се матат јајца со шеќер и млеко (јас нбекогаш редам и малку вода за да може да се замрзни сладоледот). Потоа се соединуваат двете смеси и се матат додека не се изедначи смесата. На крај додавате што сакате за да добие сладоледот вкус. Можете да додадете топена чоколада, еурокрем, некое овошје кое може да се измати како јагоди или малини, мармалад....
јас сакам секаков сладолед .. а посебно тие водените со вкус на лубеница,јагода,калинка ... мммм ... или па овие млечните на пример Kit Kat,King,Nesquik,Rodeo и др.Не сакам сладоледи со вкус на ванила .. фуј!
Не сум голем љубител на сладолед. Јадам во слаткарници и ако ми купат сладолед, инаку сама не ми текнува да си купам. Се случува и дома да си направам сладолед, ама ретко. Сладолед со степ-лајт 3 јајца 3 лажици шеќер 1 шлаг-пена млеко 1 степ-лајт (од портокал или од малина) Се кршат јајцата и се одделуваат белките од жолчките. Белките се матат со шеќерот. Во друг сад се матат млекото и шлаг-пената. Тоа се додава кај изматените белки и се мати. Се додаваат жолчките и пак се мати. На крај се додава степ-лајтот и се мати.
Обожавам сладолед... ама како што сум зависник од благо, без сладолед не бива ден да ми помине... омилен ми е сладолед од чоколадо, т.е се што содржи чоколадо во било каква форма... а бе не знам друг човек што сака сладолед колку мене, мислам дека само тоа да јадам цел живот, нема да ми здосади
сакам сладолед, ама не секаков сакам од чоколадо, страчатела и сникерс дома ретко приготвувам, тоа најчесто мајка ми го прави... а јас само си уживам и си јадам
Да ви дадам еден лесен рецепт за сладолед од јагода ама не е обичен сладолед туку малку киселкаст, ама не кисел туку благ, уствари направете го па кажете како ви се допаднал Потребни состојки 1канче кисело млеко 1канче исчистени и измиени јагоди 1канче шеќер Мерка е канчето од кисело млеко , се се става според таа мерка, се миксираат јагодите ,киселото млеко и шеќерот. Кога ќе добиете хомогена смеса ја замрзнувате и добивате сладолед од јагоди.
Јас и не прам баш сладоледи ама ко ке прам си купвам кесичка да сладолед од др.откер или це(с) и најубај се тие мислам
Јас правев порано некој сличен сладолед можеби и истиот беше, само што наместо кисело млеко ставав јогурт. Убав беше само малку кисел, па наредниот пат го направив без јаготки и некако повеќе ми се допаѓаше Инаку не обожавам многу сладоледи, јадам ама не сум некој манијак.
Сакам сладолед, порано јадев повеќе, а и сега јадам ама можам да издржам и без тоа. Понекогаш правам од сладоледот во ќесичка во КАМ што се продава - вкусен е. Омилен вкус ми е чоколадо и рум-пунч, а секогаш сакам да пробувам нови вкусови да не е се едно исто.
За правење од кам тие кесичките ама лани тоа купував и правев а сега имам во две кутии едната е ванила другата чоколадо чоколадото е пренајубаво од тедико мислам дека се но како и да е преубав е
А го имате пробано МИЛИНА сладоледот ? Наш е , Македонски...поточно Прилепски. Штета што го нема во сите продавници , а ако го начекате обавезно да го пробате.
уфф ирена кај прочитав сеа од сабајле ми се пријаде иначе без огромна шолја сладолед од милина вечерта не ми минува сите ги имам пробано а најубави ми се Schwarzwald,од шумско овошје,само чоколадо,смокваа.. сите ма! единствено мразам сладолед од ванила,а не сакам и од карамела од малите сладоледи најмногу сакам мачо(сите три вкуса),милка на стапче,кит кат,родео,сникерс,кинг... обожавам сладоледи!!!
ММММММММмммм НИРВАНА...поубав сладолед здравје карамела, ореви Најскап е од сите, ама вреди да се пробааа
Ммммммммммммммм обожавам сладолед. Кај баш сега го видов постов, ми се пријаде Иначе сакам чоколаден, одозгора со чоколаден прелив и измелени оревчиња, или бадеми превкусно.. А иначе каков и да е, само да е чоколаден! Тоа е моето правило..
Порано многу ама многу го сакав оној на Хит внатре со парчиња чоколадо..а сега еден има незнам како се вика внатре има нешто со чоколадо незнам што е и БЕСТ сладоледи па може и МИЛКА тука да се стави..и еден со карамела е незнам како се вика во кутија мислам дека бугарски е и тој е убав .. ма сите се уабви