Слатко од смокви Мајка ми вака го прави: во длабоко тенџере се става 1 кг вода и отприлика од 800 до 1000 гр шеќер(зависи колку сакате да е благо),кога ова ќе зоврие се пуштаат смоквите(1кг смокви ако имате повеќе ја дуплирате целата доза) и кога ке почне да се згуснува шербетот се трга и се собира.(Некој го собира додека е топло слаткото,а некој кога ќе се излади.)
Слатко од смокви На кило смокви околу 800 гр шеќер и две чаши вода , шеќерот и водата се ставаат да зовријат после се ставаат смоквите и се мешаат едно 3 сати после се собира во тегли ладно.
Слатко од грозје Девојки, дур не ми скапало грозјето до крај..хехе... Сум пробала слатко од грозје но не знам и како се подготвува. Доколку некој знае- секоја помош е добредојдена.Поздрав
Слатко од грозје Направиш шербет во голема шерпа во зависност од тоа колку кг грозје имаш (обично оди 1кг шеќер на 1кг овошје, ама бидејќи грозјето само по себе е благо тогаш помалку шеќер 600-700гр. Ќе процениш сама колку е благо грозјето). Откако ќе се стопи шеќерот во водата го додаваш грозјето, на него му треба многу малку да се вари, некаде половина час до 45 мин. На крај додадеш сецкан лимон на кришки и собираш во тегли. Слаткото се собира ладно во топли тегли
Слатко од грозје Браво бе феминки мои, од вас се можам да научам ќе станам супер домаќинка , а сакам да прашам дали со црно или со бело грозде?
Слатко од грозје Благодарам за насоките Сега останува да си ги опробам моите готвачки капацитети.. хехехе сега се потсетив на песничката од Сара Кеј- златни раце матат вешто ке испадне барем нешто!!
Слатко од грозје Со бело грозје, има специјално кое е без семчиња и е за слатко. Ајде кухајте па викајте на кафе и слатко
Слатко од цреши феминки Ве молам помогнете ми ..ако можи некоја да ми даде рецепт за подготовка на слатко од цреши ..благодарам
Слатко од цреши Јас правев од вишни сега ама исто е и со цреши. Како прво мора да се извадат семките е знам, многу досадна работа, али има техника како се вадат со онаа тенка игла (оние ептен тенки) за плетење или било каква тенка игла. Обично оди 1кг шеќер на 1 кг овошје али ако е поблаго овошјето се намалува количина на шеќер, одприлика 700-800гр. Прво се прави шербет затоа што на овошјето му треба многу малку време за да се свари. Доволно е да проврие овошјето околу пола саат до 45мин, и самата ќе приметиш дека е варено овошјето. На крај додадеш исецкан лимон на кругови за да не се шеќердиса слаткото и најбитно е дека слатко се собира во тегли кога е целосно ладно. Значи може комотно утреден да се собере во тегли.
Слатко од грозје А од обичново грозје нема нешто слатко/мармалад нешто да се прави? Татко ми купил цела гајба божем ние само грозје да ќе јадеме... Ај ако има нешто пишете рецепт
Сè од овошје слатко од висни се прави шербет од 1 кг шекер и сестава вода само колку да го порие шекерот одкако ке се згусне шербетот во него се додаваат 1кг(исцистени од семки)висни и заедно се варат се додека не се згусне околу 2 часа,при крај на варењето се додава малку лимонтос и потоа се трга настрана да се олади,на крај се собира во тегли слаткото од висни мозе да го користите и во сладолед и во торти и колаци
Рецепт за слатко од зелени смокви Кажете убав рецепт за слатко од зелени смокви,сакам денес да наберам и да правам. Некој испробан рецепт
vickyy90 малку каснам со одговоров на твоето прашање, но сега го видов пребарувајќи во рецепти! Пред една недела правев слатко од зелени смокви, излезе супер и е превкусно, но верувај ми се изнамачив!!! Смоквите се засекуваат од страната на рачката рамно и се боцнуваат 2-3 пати со игла. Се ставаат во тенџере со ладна вода и откако ќе зовријат се менува водата. Постапката се повторува 9 пати!!! По деветата промена на вода се вари шербет - за 1кг смокви е потребно 1кг шеќер и 700мл вода. Откако ке проврие шербетот се ставаат сварените смокви и се вари со повремено протресување на тенџерето до саканата густина. Се додава лимонтус, се трга од оган и се покрива со навлажнета памучна крпа. Се остава да се олади (обично преку ноќ) и се собира во чисти тегли.
Слатко од дуњи - 3кг. дуњи - 2.5 големи чаши вода - 2.5кг шеќер Дуњите се сечкаат на коцки (или каква форма и да сакате). Се вари шербет од водата и шеќерот, но да не биде премногу густ. Се ставаат исечканите дуњи и се варат додека не добијат розовкаста боја (жолто-розова). Теглите се полнат и се ставаат во рерна на 100 степени додека да се стоплат, потоа рерната се исклучува и се оставаат теглите внатре до сабајле (ова мислам беше за да затворат убаво и да не се расипат).
Имам грозје и за да не го фрлам сакам да го направам слатко ,но со семки е што би ме советувале вие ?
@Viktorijaaa5 Ако грозјето е во мала количина и е полузрело, може да го направиш и со семки. Подобро да го користиш за домашен десерт отколку да го фрлиш, доколку не сакаш да го консумираш свежо. За овој вид слатко, најдобро е да се подготви од грозје без семки од сортата Султанија.
Фала ти @poenta.Знам дека најдобро за слатко е грозје без семки но еве прашувам дека и јас самата никогаш не сум пробала со семки и незнам како би било