ТЕМА: Смеса за декорација на торти - Fondant

Мислење 28 Ное 2011, 18:12

Разгледував и немаше некоја ваква тема :D

Се работи за оние торти со розе смеса украсени на пример или со срциња и слично. Па гледав на Интернет многу рецепти но потребни се многу состојки кои ги нема во нашава земја. Вакви торти се прават во Канела и насекаде низ земјава но никако да го добијам вистинскиот рецепт :tmi: . Пробав да направам смеса со манчмелоус ги стопив во микро ги помешав со боја за храна потоа ставив шекер во прав и се бесе добро до тогаш но смесата никако не ми успеа бидејќи смесата ми се делеше од самата торта!. :lol: :@ . Ако некоја од вас украсува торти би сакала да ме советувате како оди сето ова зошто се наближува роденденот на мајка ми и сакам да ја изненадам! Еве некои рецепти и како изгледаат овие торти :D

1. http://video.about.com/candy/How-to-Make-Fondant.htm
2. http://thecookduke.com/fondant-recipe/
3. http://www.piece-a-cake.com/how-to-make-fondant.html
Аватар на корисникот
Miss.Waldorf

Сино цветче
 
1110
Мислења: 198
Зачленет: 27 Јун 2011, 15:37
I know you <3 me
Xoxo.. Gossip Girl

Мислење 28 Ное 2011, 19:17

убава цветна торта :)
Аватар на корисникот
savana

Жолто цветче
 
488378
Мислења: 1132
Зачленет: 18 Авг 2010, 12:39

Мислење 29 Ное 2011, 02:25

Ќе може ли некој да ми каже каков е тој касато фил за торти на вкус? Како изгледа, бидејќи не можам да најдам тоа што барам на интернет :?:
Anceeeee

Фем почетничка
 
10
Мислења: 10
Зачленет: 13 Сеп 2011, 23:19

Мислење 29 Ное 2011, 10:14

Јас знам дека локум се меси со шеќер во прав, не знам точно дозирање, ама мислам и дека нема, ќе си видиш по месењето како ти стои.
Аватар на корисникот
DAngel

Зелено цветче
 
961473
Мислења: 923
Зачленет: 19 Мар 2011, 17:49
Локација: Houston, we have a problem :|
Roses are red violets are blue, God made me pretty, what happened to you? :wasntme:
Драги мажи, единствен начин да ја измерите вашата машкост со сантиметри е да ја измерите ширината на насмевката на лицето на вашата девојка! :)

Мислење 29 Ное 2011, 12:55

DAngel напиша:Јас знам дека локум се меси со шеќер во прав, не знам точно дозирање, ама мислам и дека нема, ќе си видиш по месењето како ти стои.

колку што ме држи меморијата мислам дека беше 200 грама локум и 200 грама шеќер во прав( но шеќерот во прав да биде од оној купечкиот да не го правите дома со машинка бидејќи крцка). се замесувам се меси се додека не се изедначи и стане помеко ( добар 1час е потребно да месиш за да добиеш добар фондан). го оставаш 1час да отстои ( не знам зошто, но така ми кажаа) и потоа си правиш фигури.
Аватар на корисникот
Zaljubena111

Жолто цветче
 
404145
Мислења: 1364
Зачленет: 20 Фев 2010, 01:09
08.08, 12.09, 14.10, 13.11, 13.12, 13.01, 11.02, 11.03, 11.04, 10.05

Бракот не е само парче хартија.Не е носење бурми и собирање на колекција од фотографии.Бракот е да се сакате еден со друг делејќи ја секоја воздишка взаемно.

Мислење 29 Ное 2011, 12:58

Zaljubena111 напиша:

Заљубена фала многуу не знаев дека е толку едноставно! разни глупости читав на интернет. Само уште нешто. Дали треба локумот да се истопи во микро или само го месам? зошто не ми е логично некако хахаха
Аватар на корисникот
Miss.Waldorf

Сино цветче
 
1110
Мислења: 198
Зачленет: 27 Јун 2011, 15:37
I know you <3 me
Xoxo.. Gossip Girl

Мислење 29 Ное 2011, 13:10

Miss.Waldorf напиша:
Zaljubena111 напиша:
DAngel напиша:Јас знам дека локум се меси со шеќер во прав, не знам точно дозирање, ама мислам и дека нема, ќе си видиш по месењето како ти стои.

колку што ме држи меморијата мислам дека беше 200 грама локум и 200 грама шеќер во прав( но шеќерот во прав да биде од оној купечкиот да не го правите дома со машинка бидејќи крцка). се замесувам се меси се додека не се изедначи и стане помеко ( добар 1час е потребно да месиш за да добиеш добар фондан). го оставаш 1час да отстои ( не знам зошто, но така ми кажаа) и потоа си правиш фигури.

Заљубена фала многуу не знаев дека е толку едноставно! разни глупости читав на интернет. Само уште нешто. Дали треба локумот да се истопи во микро или само го месам? зошто не ми е логично некако хахаха

локумот не треба да се растопи, треба добро да се измеси за да се соедини смесата. И на крајот кога веќе е отстоен 1 час со сукало ќе го развлечиш за да добиеш кора колку потенка толку подобро за формирање на фигури.
Аватар на корисникот
Zaljubena111

Жолто цветче
 
404145
Мислења: 1364
Зачленет: 20 Фев 2010, 01:09
08.08, 12.09, 14.10, 13.11, 13.12, 13.01, 11.02, 11.03, 11.04, 10.05

Бракот не е само парче хартија.Не е носење бурми и собирање на колекција од фотографии.Бракот е да се сакате еден со друг делејќи ја секоја воздишка взаемно.

Мислење 06 Дек 2011, 11:55

Сум го испробала рецептот за фондан што се прави од желатин и за него можам да кажам дека е најдобар за правење на фигури, зашто е постојан. Веднаш го правиш и ги оставаш фигурите да се сушат. За неколку часа се готови, што не е случај со фонданот од локум.
Додека фонданот од локум го правам најмногу за обложување на тортата, зашто овој другиот од желатин некако многу ми се кине. Изгледа е до искуството :lol: . А 3Д фигурите од локум се доста непостојани и со стоењето(сушењето) ја губат формата (ако фонданот истовремено се меси и веднаш се прават истите).

***Важен совет за сите кои би правеле торти во иднина и би ги обложувале со фондан е: тортата треба да биде премачкана со фил кој е доста тврд. Не со шлаг или пудинг, во никој случај, зашто фонданот, бидејќи е повеќе на шеќер, ќе ви се разлее. Но најубаво е да се премачка со избиен путер или маргарин или со една лажица млеко или со чоколадо. Ова ви го кажувам од искуство.

***Друг совет: никогаш не обложувајте ја тортата доколку е премногу ладна, односно доколку има голема разлика на температурата, како сега од ладилник, пак дома на висока температура, или директно да ја извадите од замрзнувач (ако ви била претходно замрзната) и да ја обложувате. Зашто како се одмрзнува, така ќе ви паѓа фонданот. И ова од искуство ви го кажувам :$ . Туку извадете ја околу 30 минути на собна температура каде што ќе работите да постои и потоа ставете и го фонданот.

***Исто фонданот од локум би бил подобар ако се меси и се остави 24 часа. Zaljubena111 кажа дека е доволно еден час, ама од свое лично искуство ве советувам да го оставите повеќе. Ставете го во најлонска кеса и нека стои. Наредниот ден и подобро ќе се сучи и подобри ќе би бидат и попостојани фигурите.
Аватар на корисникот
Serafima

Сино цветче
 
25402542
Мислења: 437
Зачленет: 28 Окт 2010, 13:38
Локација: Во Неговото срце, душа...
... Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуват и гонат...

Слика

Мислење 06 Дек 2011, 15:33

Јас сакам да ја обложам вака тортата за роденден овојпат,ама се мислам да не ми се кине па да се изнервирам :D
Серафима викаш дека е подобро со тој со локум за цела торта да се покрие а?
А пошто мене филот на тортата ми е доста мек,кремаст,дали ќе биде подобро тортата да завршува со пандишпан?
Аватар на корисникот
jarec6

Зелено цветче
 
698425
Мислења: 785
Зачленет: 11 Јун 2010, 19:59
Слика

Слика

Мислење 06 Дек 2011, 16:38

jarec6 напиша:Јас сакам да ја обложам вака тортата за роденден овојпат,ама се мислам да не ми се кине па да се изнервирам :D
Серафима викаш дека е подобро со тој со локум за цела торта да се покрие а?
А пошто мене филот на тортата ми е доста мек,кремаст,дали ќе биде подобро тортата да завршува со пандишпан?

Мила мене вистински оној фондан од локум ми е подобар за обложување и затоа го препорачувам. Разликата е тоа што овој од желатин некако ми е покрут, не можеш убаво да го истегнеш или да обликуваш ивица или да го истегнеш ако правиш нешто кружно. Сепак би те посоветувала за овој другиот од локум, зашто е поеластичен.

Тортата секако да ти завршува со пандшпан, не ставај од филот горе, само избијај путер или маргарин со млеко или чоколадо и со него премачакај ја целата торта. Ќе ја оставиш малку да се стегне, околу 15 минути и можеш да и ставиш фондан.(Путер или маргарин се става за да залепи фонданот. Ако е друго, како пудинг, шлаг, од нив се топи и целиот фондан ќе ти се разлее.)

Ако нешто нејасно сум опишала, слободно прашај, од моето неискуство научив малку :$ :lol: .

Па да видиме на крај што си направила и како си украсила, ако може :) ?!
Аватар на корисникот
Serafima

Сино цветче
 
25402542
Мислења: 437
Зачленет: 28 Окт 2010, 13:38
Локација: Во Неговото срце, душа...
... Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуват и гонат...

Слика

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 2 гости

Site Meter