ANGEL1 напиша:Serafima moze li da go pisis receptot za fondan od zelatin?
Фондан со желатин: 1 кесичка желатин (мелен)
50 мл. ладна вода (за желатинот)
100 гр фруктоза (Ја има во поголемите маркети. Јас ја користам од Виталија и цената и е околу 100 денари за 300 гр.)
20 мл. вода (за фруктозата)
1 супена лажица глицерин (Се купува во аптека. Едно малечко шишенце изнесува околу 100 денари.)
900 гр. шеќер во прав
Подготовка: Желатинот се става во сад настрана и му се додава водата. Се остава околу 5 минути да набубри.
Во теџере се става фруктозата и водата за неа (20 мл.) и се остава на тивок оган (со постојано мешање) да се истопи. Кога ќе зоврие се остава уште некои 30 секунди до минута да врие и се трга од оган. Веднаш во врелата течност се додава глицеринот и набубрениот желатин. Се меша додека се убаво се изедначи.
Потоа по малку се додава од шеќерот во прав. На почеток се меша со лажица, зашто содржината е врела. Потоа кога смесата неможе веќе да се меша (и малку излади) се меси убаво со раце.
Додека за
фонданот од локум никогаш не може со точност да се каже колку шеќер би се ставило во истиот. Се зависи од локумот дали е свеж или не. Дозата е некаде 1:1 (100 гр локум со 100 гр. шеќер во прав).
Се надевам дека убаво ќе излезе тортата

. Важно не се откажувај, дури и да погрешиш не се откажувај. За почеток обиди се со половина доза и ќе видиш. Секој почеток е малку тежок, додека се започне, но ќе биде се со време

.