ТЕМА: Соленки

Мислење 06 Окт 2010, 15:27

Сакам да прашам дали некоја од вас знае како да направам соленки, ама без квасец да се ?? Од оние како со ким и со сусам?Слика
Аватар на корисникот
starfish

Жолто цветче
 
94081879
Мислења: 4596
Зачленет: 31 Јан 2010, 22:50
Слика

Hiljadu necijih srecnih casaka bice kao ovaj, ali ovaj nikada više.
Hiljadu tudjih ljubavi bice kao ova, ali ova nikada više.
Nikada: jedina konacnost.

Мислење 06 Окт 2010, 15:39

starfish напиша:Сакам да прашам дали некоја од вас знае како да направам соленки, ама без квасец да се ?? Од оние како со ким и со сусам?

http://www.kulinar.mk/recepti/Vitkani-solenki.html

Слика

Еве овде има рецепт со прашак за пециво се, не со квасец. Само не сум ги правела, незнам аккви се.
А зошто да не се со квасец?

Еве еден рецепт за со квасец. Мислам дека овие се поубави.
http://www.kulinar.mk/recepti/Posni-solenki.html
Аватар на корисникот
Nina24

Зелено цветче
 
301188
Мислења: 667
Зачленет: 25 Дек 2009, 16:32
Локација: Скопје

Мислење 06 Окт 2010, 15:45

фала Нина.
Инаку не сакав со квасец, зошто немам време да чекам тестото да стасува. А и тие без квасец се покрцкави :)
Аватар на корисникот
starfish

Жолто цветче
 
94081879
Мислења: 4596
Зачленет: 31 Јан 2010, 22:50
Слика

Hiljadu necijih srecnih casaka bice kao ovaj, ali ovaj nikada više.
Hiljadu tudjih ljubavi bice kao ova, ali ova nikada više.
Nikada: jedina konacnost.

Мислење 07 Окт 2010, 08:09

Еве два рецепти за соленки што јас ги правам, едните се со квасец, а другите се без квасец. Ама и тие што се со квасец не ги киснам многу (а некогаш ни воопшто не ги киснам).

Без квасец - овие може да ги оквалификувам и како посни соленки

Се замесува тесто од една шолја бело вино, една шолја масло, ќесичка прашок за пециво, две лажичиња сол и брашно по потреба. Тестото може да биде малку потврдо (како бисквитно тесто - за ванилици и слични колачи). Се остава малку во фрижидер, се сука правоаголна кора и се сечат ленти со сакана дебелина и должина. Јас кога ќе ја исукам кората ја попрскувам со мак, а можеш да ја попрскаш со што сакаш (сусам, крупна сол, ким...). Кога ќе ги исечам лентите, малку ги завиткувам како спирала и така ги печам. Ама треба да останат бели, не да се препечат, оти ептен ќе бидат тврди.


Со квасец

Се кисне еден свеж квасец со 300 мл вода, малку шеќер и брашно. Се замесува со еден кг брашно, 300 мл масло, две лажичиња сол, 100г сусам, ќесичка-две ким, лажица црвен пипер (ова не мора ако не сакаш). Се сука кора, се сечат ленти, се премачкуваат со јајце, се посипуваат со крупна сол и се печат на 200 степени.
Напомена - ако ги ставаш сусамот, кимот и пиперот во тестото - треба да ги додадеш во водата, а после се додава брашното.
Annath

Црвено цветче
 
548510414
Мислења: 5334
Зачленет: 09 Јан 2010, 16:01

Мислење 11 Јан 2011, 17:18

Јас денес направив едни со кашкавал.
Рецептот го најдов случајно и решив да ги пробам, прелесни се за правење, а превкусни.

Потребно е:
100 гр.брашно
100 гр.путер искршен во коцки
100 гр.кашкавал (да биде тврд, пр.пармезан, или некој рендан)
1 жолчка
1 лажичка чили зачин или црвен пипер
малку сол, малку бибер (по желба)

**Ова е потребно за една доза, едно тавче.
Јас направив дупла, за две тавчиња, односно ги дуплирав бројките.

**Најпрво во брашното ќе го ставите маргаринот или путерот и ќе мешате се додека не стане тестото како трошки. Потоа ќе го додадете кашкавалот, зачинот, солта и ќе мешате убаво.На крај доаѓа жолчката. Отакако убаво се ќе измешате, извадете го тестото на набрашнета рамна површина, и сукајте го тестото. Од него сечете долги лентички, стапчиња и редете ги во намрсена површина.
Ог горе пречмачкајте ги со белката, и наросете ги со сусам. Ова е по желба, секако.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени, од 6 до 10 минути (зависи колку ви е јаа рерната), додека да добијат убава златеста боичка.


Многу се вкусни, ама многу!! Пробајте ви гарантирам.


Слика
Аватар на корисникот
starfish

Жолто цветче
 
94081879
Мислења: 4596
Зачленет: 31 Јан 2010, 22:50
Слика

Hiljadu necijih srecnih casaka bice kao ovaj, ali ovaj nikada više.
Hiljadu tudjih ljubavi bice kao ova, ali ova nikada više.
Nikada: jedina konacnost.

Мислење 16 Јан 2011, 19:00

^ јас ги напраив овие аиии колку грдо ми искочија, ептен беа мрсни, и се кршеа не личеа на ништо, а направив се како што пишува, незнам зашто така :^)
Аватар на корисникот
mims-89

Црвено цветче
 
1185615972
Мислења: 5008
Зачленет: 07 Мај 2010, 16:56

Мислење 16 Јан 2011, 19:04

Мимс каков кашкавал стави?
Аватар на корисникот
starfish

Жолто цветче
 
94081879
Мислења: 4596
Зачленет: 31 Јан 2010, 22:50
Слика

Hiljadu necijih srecnih casaka bice kao ovaj, ali ovaj nikada više.
Hiljadu tudjih ljubavi bice kao ova, ali ova nikada više.
Nikada: jedina konacnost.

Мислење 16 Јан 2011, 23:20

Слика
Ваков, овој е полутврд како што знам :)
Аватар на корисникот
mims-89

Црвено цветче
 
1185615972
Мислења: 5008
Зачленет: 07 Мај 2010, 16:56

Мислење 17 Јан 2011, 16:15

јас вака си правам соленки...
во кило брашно си ставам цело шолче млеко,1 јајце,лажица шеќер,лажица сол,квасец,си го замесувам тестото со топла вода,треба да биде срдено меко тестото.го оставам да стаса тестото и потоа го сечам на помали топчиња и истите ги развлекувам со сукало и го сечам тестото на 4 дела.од тие 4 дела си виткам соленки и ги редам во тавче намачкано со маргарин.кога ќе стасаат соленките ги намачкувам со жолчка од јајце и им ставам сусам,потоа ги ставам да се печат и потоа си ги јадам :lol: . вкусни се,барем мене ми се допаѓаат :$
Аватар на корисникот
stilas7

Зелено цветче
 
230837
Мислења: 632
Зачленет: 06 Јул 2010, 15:06
Nisam Angeo ja,ali mogu da probam da budem.

Мислење 22 Фев 2012, 17:25

________________________________________Соленки
Квасец(малку)
250мл вино бело
250 мл масло
Црвен пипер
3 мали лажички сол
Ким
Сусам на сува тава
________________________________________
* Соленки
200гр павлака(кисело овчо млеко)
Маргарин
1 пециво
2 кафени лажички сол
Брашното да се замеси , се сука во кора и се сече на мали парчиња се вала со жолчка и ким и се става да се пече.________________________________________
* Соленки
300 мл Вода
1 квасец
200 мл масло
По 1 мала лажица, сол, шекер и црвен пипер
100 гр сусам се меси со тестото, брашното се меси тврдо, се сука и се сече на ленти и се замотува како спирала и се печат. Се мачкаат со ким.
Тестото не стасува.
________________________________________
Сусамки
1 маргарин
4 јајца; 250 гр шеќер
сусам
1 ванила
1 пециво
Се месат со брашно и се увалуваат во сусам
Аватар на корисникот
figgiMK

Црвено цветче
 
22162477
Мислења: 6933
Зачленет: 23 Дек 2010, 15:38
СликаСлика

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 8 гости