ТЕМА: Сос за шпагети

Мислење 25 Ное 2009, 21:53

Пишете некој интересен сос за шпагети. Јас правев неколку, но сакам да пробам нешто ново. Пишете некој што веќе сте го пробале и е вкусен :roll:
Аватар на корисникот
milena-21

Фем почетничка
 
30
Мислења: 20
Зачленет: 08 Ное 2009, 02:30
“I've been lucky. I'll be lucky again.”

Мислење 25 Ное 2009, 22:22

овој сигурно го знаеш ама мене ми се допаѓа
запржи сецкани шампињони, откако убаво ќе заруменат, додај брашно, пропржи уште малку па додади млеко (сол и зачинки по вкус)
пиши некој од тие што си ги пробала
Аватар на корисникот
kiki-riki

Сино цветче
 
789
Мислења: 219
Зачленет: 21 Ное 2009, 10:56

Мислење 25 Ное 2009, 22:48

Најпрвин потпржуваш мелено месо со малку кромид и вагета и откако ќе биде готово додади кечап или може и рендан патлиџан и остави го тоа уште малце да динска.После само додади го на претходно сварените шпагети :)
Пробај па можеш да ми пишеш како ти се допаѓа. Поздравче
Аватар на корисникот
Mija

Бело цветче
 
178
Мислења: 85
Зачленет: 25 Ное 2009, 16:54

Мислење 02 Дек 2009, 14:26

Јас најчесто зимам од готовите сосови во тегла и ги додавам во испржено мелено месо, во нив си има зачини и вкусни се.
Или пак ако немам пржам месо, додавам патлиџан, или полесно, доматно пире, претходно може кромид па и некое лукче ако јадете плус зачини и толку.
Поздрав
8-)
Аватар на корисникот
majatri

Бело цветче
 
200
Мислења: 81
Зачленет: 25 Ное 2009, 12:40

Мислење 02 Дек 2009, 18:14

На маслиново масло се пропржува еден кромид и пола главичка лук-сецкани.
Се додава сецкана сланина по желба од 200-300гр.
Се варат шпагетите (пола од 500 гр.) и откако ќе се процедат се враќаат во тенџерето во кое се вареле и им се додаваат две јајца изматени со малку бибер.
Откако јајцето и шпагетите ќе се соединат,се додава испржената сланина(цело тавче) и се промешува.
Оди добро со црвено вино.
БОН АПЕТИТ!
Иначе рецептот го кажуваше Том Круз во Опра шоу.
Пробан ми е и многу е вкусен,а многу бргу се прави. ;)
Поз.
Аватар на корисникот
babyketi

Жолто цветче
 
49539
Мислења: 1303
Зачленет: 29 Ное 2009, 03:35

Мислење 12 Дек 2009, 00:17

Рецепти за сосови еден куп ама најдобар е кога ќе си направиш гулаш па со шпагети мммммммм немам зборови
vesna11

Фем почетничка
 
00
Мислења: 2
Зачленет: 05 Дек 2009, 23:14

Мислење 12 Дек 2009, 15:21

Сланина сецкана на парчиња малку се пропржува,после се цеди зејтинот само сосема малце да остане на тавчето.После тоа се додаваат печурки, малце да се пропржат и на крај се додава БЛАГА хопла (ама ке ја посолиш со вегета или сол и ќе ставиш кари и оригано малце) Се пржи се заедно десетина минути додека не стане густа хоплата.Се јаде со макарони,вкусот е прекрасен не се осеќа дека хоплата е блага.Пробајте
Аватар на корисникот
LaRagazza

Сино цветче
 
852
Мислења: 203
Зачленет: 10 Дек 2009, 08:15
Трофеи: 1

Мислење 14 Дек 2009, 12:32

Си го направив вчера, и супер ми дојде:
Мала главица кромид и едно чешне лук ситно сецкани се пржат на тивко, да омекнат сосема.
Кога ќе бидат испржени, се додава една мала конзерва туна и се меша. Се додава сос од домати (може Томатело, за да биде потечно), пола лажичка сенф и неколку ситно исечкани маслинки. Се меша да стане густо, се зачинува со сол, бибер и малку оригано. Јас си ставив и кари, но ако не сакате мешавина од зачини, останете на провереното оригано.
Кога ќе се искрчка добро сосот, се полева врз шпагетите. Ептен е вкусно.
Аватар на корисникот
Shelea

Жолто цветче
 
109401941
Мислења: 2780
Зачленет: 27 Ное 2009, 10:49
Scribo i canto!

Мислење 15 Дек 2009, 07:21

Се зема пола литар неутрална хопла , се додава 1-2 чаши вода , се загрева. Се додава 2 кеси ,,Фант болоњезе сос“ се вари колку да се згусни. Се прелева преку варени тестенини (за овој рецепт јас користам машнички) . Одозгора се става 2-3 виршли сечени на тркалца. Се става да се потпечи. Пред вадење се посипува со рендан кашкавал . Се враќа уште малку во рерна. Многу е вкусно, зачините од ,,Фант болоњезе сос“ му даваат посебен вкус на ова јадење.
Аватар на корисникот
pavlina64

Фем почетничка
 
00
Мислења: 3
Зачленет: 28 Ное 2009, 12:41

Мислење 12 Јан 2010, 22:45

Јас правам обично едноставен сос со зеленчуци...
На маслинов зејтин ставам сецкан кромид, додавам, печурки, пиперка, и на крај патлиџан... Патлиџанот кога имам повеќе време го потпекувам во рерна и после го лупам и го ставам во сосот.
Многу брз едноставен и лесен, а што е најважно вкусен сос....
Аватар на корисникот
Peace.Love.Happiness

Бело цветче
 
180
Мислења: 65
Зачленет: 12 Јан 2010, 18:13

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: antaanta и 5 гости