Омилен сос кој го приготвувам со додаток на томатело е овој. Ситно сечкам тиквичка, поголема така, за околу 4 цела цела тиквичка, пиперка зелена или црвена бабура, една главица кромид ситно сецкана и 2 чешниња лук, и еден мек олупен домат, ставам да се потпржува на масло, потоа додавам маринирани печурки или свежи, повеќе ми се допаѓа со свежи сецкани и оставам да се зарумени и омекне сето тоа.Потоа го додавам томателото најчесто чили оти сакам лута храна и оставам да прокрчка, зачинувам по желба, најчесто со оригано, сол, бибер и босилек на крај, ако е свеж го додавам кога ќе тргнам од оган.Го мешам сосот со предходно сварените шпагети и одозгора рендам некое посолено сирење, послатко ми е отколку со пармезан.Некогаш кога имам додавам и маслинки сецкани. Прсти да излижеш, ептен го сакам сосот, а тиквичката му дава посебен шмек.
Мене кечапот ми е многу повкусен во сос за шпагети од томателото бидејќи е погуст. Инаку ме интересира за претходните рецепти (чинам за болоњезе сосот беше) лукчето го ставате прво да се пржи? Лукот нели секогаш се става на крај за да го задржи вкусот? А и нели многу побрзо се пржи за разлика од другите состојки? Не ви загорува? Инаку јас си го правам стандардниот сос за шпагети со мелено месо, а овој период од годината му ставам и црвена пиперка (ајварка) превкусен е! Пропржувам кромид, додавам ситно сецкана пиперка, свежи или маринирани печурки и на крајот меленото месо. Откако сето тоа убаво ќе се испржи, додавам кечап, но внимавам да не ставам премногу бидејќи некогаш поголема количина на кечап знае да даде киселкаст вкус. Ставам еден филџан вода, вегета и оставам да проврие. На крајот ставам оригано и свеж магдонос!
Јас шпагетите ги обожавам со сосче од кечап (посебно ако е домашен) измешан со оригано. Одогзгора рендан млечен кашкавал и босилек. мх мх мх... ми се пријаде сега
Па тоа ми е чудно,зошто се мачите да правите сосови кога има кечап? Купечки сос Не знам,мене ми стои многу работа за џабе...ама не мора да значи
Сос за шпагети а може и за макарони Се припржува младо лукче(поубаво е доколку ставите повеќе) се пржи со малку масло, убаво да ја смени бојата и да омекне.Додавате 200-300грама печурки маринирани па заедно се пржи на тивок оган околу 15-20 минути.Додавате ситно сецкани конзервирани домати и оставате да се крчка на тивок оган.Доколку сакате да ви биде потечно се додава томатело. Од зачини додавам сол,малку шеќер,рузмарин,нане...
Пред неколку месеци пробав еден одличен сос за шпагети, еден од најубавите според мене кој вреди да се проба. Потребно ви е: - Пакетче шпагети - Пакетче fant bolognese - Meшано мелено месо - Кромид и лук (по желба) - Сенф - Павлака - Мајонез - Сол Подготовка: Прво го пржите кромидот. Откако ќе зарумени го додавате меленото месо кое оставате да се испржи. Додавате вода (соодветно упатството), сол, а потоа ја истурате и содржината од ќесичката. Сето тоа добро го промешувате притоа додавајќи лук (за шмек по желба), и оставате да се крчка 7-10 минути, за сосот да се згусне. На крајот го тргате од оган, и оставате малку да се олади. Откако малку ќе се олади додавате една мала лажичка сенф, и половина од малите пакетчиња павлака и мајонез. На крај сето тоа го мешате со шпагетите.
Се извинувам за офтопик ама темава не гласи кој ви е најомилен сос, туку наменета е за рецепти за сосови. И пред да го постирате истиот рецепт како и десет феминки уназад, проверете дали е пишан, ништо не ве чини.. 2мин работа, малку страни се. Се отепавме од читање на едни исти рецепти раскажани на илјада и еден начин.
За кој пост точно мислиш, зошто не прецизираш? Пријави и администраторите ќе си завршат работа, не е биг дил. Јас овој на Валерин (ако се однесува за него коментарот) прв пат го приметив во темава, обично сите варијации на сосови се со Томатело. И што има врска, секоја додава по нешто поразлично, битно да се крчка нешто вкусно *намиг*.
Не прецизирав намерно за да не излези дека сакам да се карам или напаѓам некој, затоа генерализирав без да наведам некој, ама еве пример доматниот сос со лук, оригано или босилек па да не претерам не знам колку пати го прочитав. Не замерувам, само совет давам да се подобри темава. Би пишала и јас рецепти кои ги правам ама ете пишани се веќе претходно.
Може досега сум го каѓала, ама ај пак, оти ми е омилен сос. Се пропржува една пиперка. Се става ситно сецкан лук (2 чешниња), а после маринирани печурки. Отккао се ќе се пропржи, се ставаат 3 зденки, лажица кисела павлака и се пржи кратко. После се става хопла (онаа со макарони на неа ја користам). Се меша и се додава магдонос малку, оригано, црн бибер, вегета, сол. Кога ќе почне малце да згуснува, се истураат шпагетите или други тестенини се меша и се трга од оган. Рецептов си го измислив, настана еднаш случајно и сега редовно го користам. Второрангираниот сос е со мелено месо, слично на погорните рецепти, со тоа што го правам малку лут. Кога ме мрзи да правам домаќински сос, правам шпагети со сирење, кечап и мелена сол.
Брз, едноставен и многу вкусен сос. На загреано масло се пропржува ситно сечкана шунка и печурки, Откако ќе заруменат се додава кашкавал колку да се растопи и на крај се додава солена павлака и се промешува убаво. Зачини може да ставите по желба, а јас најчесто ставам вегета и оригано.
Ima gotov sos vo KAM preubav e, se przi meleno.meso stavam origano jas otkako ubavo ke se isprzi malku voda i prasokot.mislam sosot go istursm i preubavo e.... nemam zborovi a isto nekogas koga nemam sos gi varam spagetite vo obicna voda megjutoa dodavam od sosot vo vodata i fakticki na nekoj nacin se varat vo.sosot i se so vkus na bolonjeze :3
Шпагети со сурими ракчиња Шпагетите се варат , а во меѓувреме се подготвува сосот. Одмрзнатите сурими ракчиња се запржуваат 2-3 мин на масло а потоа се додава малку бело вино. Се пржи уште малку додека да испари виното. Се прави бешамел сос и во него се ставаат испржените сурими. Во садот со сосот се ставаат шпагетите и се меша. Мх мх мх!