1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сос за шпагети

Дискусија во 'Рецепти' започната од milena-21, 25 ноември 2009.

  1. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    200 грама томатно пире измешајте со 2 лажицки масло и малку мајчина душичка. Излупете и изгмечкајте две чешниња лук и имешајте го тоа сето заедно. Додаете му и црн пипер. Оваа смеса полијте ја врз веке сварени шпагети или макарони но ставени за потпечување во тавче. Измешајте го сето и додатет туна исцедена од масло.Сето ова потпечете го. Јас во принцип не сакам мн мешаници...но ова е превкусно :)
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Јас овој сос го правам и со шпагети а и кога потпечувам макарони го полевам врз нив.Вака:
    Главица кромид се пропржува со пиперче и морковче ситно исецкани.се додава и магдонос.потоа ситно се сецкаат кобасици и се пржат и тие.се додава вегета,бибер,и црвен пипер.потоа се додава томатело сос(може и кецап) и пола чаша бело вино малку вода,и 2-3лажици павлака.може да се додадат и печурки(јас оти не јадам печурки не ставам)се остава да се динста малку-и готово е.пробајте го ова и кога ке потпечувате макарони --повкусно е,( со чаша-две,три... бело вино ;)
    Можеби вака ви изгледа чудно и необично ,ама пробајте ќе се уверите во вкусот:мм:
     
  3. banakieva

    banakieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Сос од спанаќ
    Се вари спанаќ се цеди и се иситнува, во тава со масло се става малку сецкана сланина (може и без неа) и сецкан лук се пропржува и се додава спанаќот се пржи усте малку и се додава една кисела павлака се меша добро се зачинува со вегета и црн пипер. Се истура врз претходно сварени шпагети или макарони. Сосот е многу вкусен!
     
  4. Lola5

    Lola5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Купува мајка ми еден германски сос за шпагети и преубав е , им дава одличен шмек на шпагетите а и брзо се приготвува :)
     
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Еве еден вкусен сос:

    -Се пропржува една главица кромид
    -Се додава малку сецкана пиперка (лута или блага по желба)
    -Потоа се става 200 гр. мелено месо и тоа убаво се пропржува
    -1 голема лажица вегета
    -Бибер (по желба)
    -И на крајот се додава кечап или доматен сос (исто така по желба)
    -Во кечапот ако сакате можете да ставите оригано.
    Додека тоа се пржи на тивок оган ставете и 1 шоља вода.

    Нека стои на оган 20-25 мин. Константно промешувајте.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. feit4eva

    feit4eva Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Здрава варијанта:

    Најпрво се избираат неколку (отприлика 6) со средна големина домати. Се лупат и потоа ситно се сечкаат или за побрзо да оди, се рендаат. На тефлонска тава ставам малку маслиново масло и додека да се згрее, сечкам главица кромид на ситно. Го ставам кромидот да се пржи на маслото. Од саксијата до мене кинам неколку ливчиња свеж босилек, го сечкам и него и го ставам заедно со кромидот. На крај ги додавам и доматите и сето тоа фино си се крчка на тивок оган додека не ја добие саканата густина. По желба може да се додаде луто пиперче или чили во прав.
    *Понекогаш со кромидот и босилекот пропржувам сечкани маслинки, а и со печурки (свежи) не е лошо.
    -----------------------------------------------

    “Нездрава“ варијанта:

    Печурки (свежи или маринирани) се пропржуваат на путер. Земам неутрална Хопла, посолувам, зачинувам со се и сешто (копар, оригано, кари, сушен лук, магдонос, рузмарин). Кога печурките ќе бидат пржени, ја истурам хоплата во тенџерето. Настрана мешам една лажица брашно со малку вода и ја истурам во смесата за да се згусне. Се става врз тестенината и се ренда убав кашкавал одозгора.
    -----------------------------------------------

    Калориска бомба:

    Се сечкаат шунка, сланина, колбас, кулен и се ставаат да се пропржат (јас на тефлонска тава готвам, така нема потреба од додатни маснотии). Се додаваат зачини по желба. Кога ќе бидат убаво пржени, истурам домашен кечап (може и Томатело). Кога ова убаво ќе се згусти, го тргам од оган. Подготвувам класичен бешамел сос и во него додавам пармезан. Прво врз тестенините се става од доматниот сос, а врз него малку од бешамелот. Преубаво е.
     
  7. JUMEROVA

    JUMEROVA Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    I Jас ги правам така,земам мелано месо како за двајца.200-300гр,го упрЖувам во масло,додавам кромид,заЧини,вегета сол,црн бибер,оригано,се пржи.ставаме болоњезе сос,пола пакетче,за повеке особи цело,и дупло месо,пола пакетче во 250гр.вода,млака и го додаваме месото и сето тоа врие 10мин,го тргаме пожелба може и пекурки,шпагетите ги вариме зачиниме,ги попариме со зејтин загреан,ги посипуваме со сосот и прсти са излизеш,и плус тоа најадува,добар апетит.
     
  8. del-fin

    del-fin Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    20
    :!: На маслиново масло се подпрзува една главица кромид и 2-3 Чеснихја лук потоа се додава сецкана сланина.Откако ке заруменее сланината се истура една конзерва грав сео тоа откако ке зоврие се додава 2-3 лазици рендан каскавал и се меса заедно со 500 гр макарони или спагети.


    На маслиново масло исто се подпрзува кромит и лук и сланина се додаваат тестенините и се поливат со павлака прет тоа измесана со едно јајце.

    на маслиново масло се потпрзува исецкан кромид,морков(предходно варен),тиквиЧка,пецурки и мелено месо и лук пото се додава 2-3 лазици пире од домати и се прзи 5-6 мин.потоа се додават тестенините.
    Buon Apettito tuti quanti. :bow: :D :D :D :D :D
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Сос со туна : запржуваш кромид, додаваш исецкани на ситни коцкички патлиџани така убаво да се пропржи со туната и се додава врз шпагетите
     
  10. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297

    јас скоро секогаш го правам тој сос и прекрасно е мада пред некој ден пробав овака на овој сос му додадов две кашики мајонес размешуваш убаво и врс шпагетите/макароните...иначе кога и да одам во маркет прво нешто ми е готови сосови зимање или обичен сос па дома му додавам зачини и мелено месо
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Болоњезе сос, подобар не сум пробала :)
     
  12. marince87

    marince87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    160
    Миланезе од Подравка... ммм нешто најслатко.... инаку друг добар сос - запржи кромид, додади мелено месо, вагета , оригано, томатело ( не сакам кечап томателото ми е поубаво, и тоа томатело италијано) 2-3 лажички соја сос и за мерак ... И уште еден друг сос, томатело купете, томателото ставете го на оган, додадете маслиново масло, пола чаша бело вино, исецкан кромид на кругови , рузмарин , босилек и туна...нека се провари малце ...и ммммммм.. Типичен италијански рецепт :) :P
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mops

    mops Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    119
    откако ке се сварат шпагетите додека се топли во нив се става рендано сирење,рендан кашкавал, кари, кечап, мајонез ( количински се става по желба зависи на што сакате повеке да има вкус може и да се стави рендана салама и печурки но мене лично ми е повкусно без нив) сето тоа убаво се меша ииииии прсти да си излижеш :clap:
     
  14. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    За овој сос мој личен се потребни :

    -Печурки
    -300 гр мелено месо
    -Пола главица кромид
    -Доматен сос
    -Оригано
    -Пармезан

    * Ги варите шпагетите.. Откако ќе се подготват ги тргате на страна и ги цедите. Ставате на загреано масло да се пропржи меленото месо, откако че ја добие онаа црвенкаста боја ги додавате печурките и кромидот. Потоа се додава доматниот сос и ориганото.. Се пржи и се трга на страна..Се сервираат шпагетите одозгора сосот и над него пармезан...

    Добар апетит, пробајте ! :*
     
  15. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Јас најчесто на шпагетите додавам купечки Соја сос и пармезан,а по некогаш но многу ретко домашен сос со мелено месо,домата или пресни домати,кромидче,сосема малку лукче и од зачини оригано и малку мајчина душица или рузмарин и ловоров лист
     
  16. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Фант мене ми е најубав.
     
  17. Gerberce

    Gerberce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    65
    Татко ми е шеф, дома само он праи јадења.

    Во врска со овие сосовиве, ако се правилно правени... знам дека пример фунги зема пола саат до 45 минути, болоњезе сос го прави едно 2 саата. И демек тоа му е забрзана постапка.
    И мистично е нели како во ресторан за 15 - 20 минути го добивате јадењето. Во ресторан нешо кажува дека одсабајле сосовите ги спремаат до некаде, не потполно, а кога добиваат нарачка само финишираат.

    Рецептите не му ги знам не сум се заинтересирала, ама ако сакате да стоите пред шпорет долго време, можам да прашам :)
     
  18. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    ,Фант болоњезе сос“ ама многу е добар ммм :)
     
  19. Skorpija87

    Skorpija87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    68
    купив готов сос болоњезе е сега наместо мелено месо бива со печурки :wasntme:
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Еден и од мене.
    Во тавче со малку зејтин пржам печеница и сланина сецкани на ленти, додавам и било каква салама исто сецкана на ленти. Потоа додавам неутрална хопла, обична павлака и зачинувам (сол, вегета, кари, оригано). Пропржувам се` заедно и готово.
    Целото приготвување на сосот трае околу 15-20 минутки и многу е вкусно.
    Може и да ги додате шпагетите во сосот и заедно да пропржите, а може и само шпагетите да се прелеат.
    Одозгора може и пармезан, а и не мора.
    Бон апетит :)
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.