200 грама томатно пире измешајте со 2 лажицки масло и малку мајчина душичка. Излупете и изгмечкајте две чешниња лук и имешајте го тоа сето заедно. Додаете му и црн пипер. Оваа смеса полијте ја врз веке сварени шпагети или макарони но ставени за потпечување во тавче. Измешајте го сето и додатет туна исцедена од масло.Сето ова потпечете го. Јас во принцип не сакам мн мешаници...но ова е превкусно
Јас овој сос го правам и со шпагети а и кога потпечувам макарони го полевам врз нив.Вака: Главица кромид се пропржува со пиперче и морковче ситно исецкани.се додава и магдонос.потоа ситно се сецкаат кобасици и се пржат и тие.се додава вегета,бибер,и црвен пипер.потоа се додава томатело сос(може и кецап) и пола чаша бело вино малку вода,и 2-3лажици павлака.може да се додадат и печурки(јас оти не јадам печурки не ставам)се остава да се динста малку-и готово е.пробајте го ова и кога ке потпечувате макарони --повкусно е,( со чаша-две,три... бело вино Можеби вака ви изгледа чудно и необично ,ама пробајте ќе се уверите во вкусот:мм:
Сос од спанаќ Се вари спанаќ се цеди и се иситнува, во тава со масло се става малку сецкана сланина (може и без неа) и сецкан лук се пропржува и се додава спанаќот се пржи усте малку и се додава една кисела павлака се меша добро се зачинува со вегета и црн пипер. Се истура врз претходно сварени шпагети или макарони. Сосот е многу вкусен!
Купува мајка ми еден германски сос за шпагети и преубав е , им дава одличен шмек на шпагетите а и брзо се приготвува
Еве еден вкусен сос: -Се пропржува една главица кромид -Се додава малку сецкана пиперка (лута или блага по желба) -Потоа се става 200 гр. мелено месо и тоа убаво се пропржува -1 голема лажица вегета -Бибер (по желба) -И на крајот се додава кечап или доматен сос (исто така по желба) -Во кечапот ако сакате можете да ставите оригано. Додека тоа се пржи на тивок оган ставете и 1 шоља вода. Нека стои на оган 20-25 мин. Константно промешувајте.
Здрава варијанта: Најпрво се избираат неколку (отприлика 6) со средна големина домати. Се лупат и потоа ситно се сечкаат или за побрзо да оди, се рендаат. На тефлонска тава ставам малку маслиново масло и додека да се згрее, сечкам главица кромид на ситно. Го ставам кромидот да се пржи на маслото. Од саксијата до мене кинам неколку ливчиња свеж босилек, го сечкам и него и го ставам заедно со кромидот. На крај ги додавам и доматите и сето тоа фино си се крчка на тивок оган додека не ја добие саканата густина. По желба може да се додаде луто пиперче или чили во прав. *Понекогаш со кромидот и босилекот пропржувам сечкани маслинки, а и со печурки (свежи) не е лошо. ----------------------------------------------- “Нездрава“ варијанта: Печурки (свежи или маринирани) се пропржуваат на путер. Земам неутрална Хопла, посолувам, зачинувам со се и сешто (копар, оригано, кари, сушен лук, магдонос, рузмарин). Кога печурките ќе бидат пржени, ја истурам хоплата во тенџерето. Настрана мешам една лажица брашно со малку вода и ја истурам во смесата за да се згусне. Се става врз тестенината и се ренда убав кашкавал одозгора. ----------------------------------------------- Калориска бомба: Се сечкаат шунка, сланина, колбас, кулен и се ставаат да се пропржат (јас на тефлонска тава готвам, така нема потреба од додатни маснотии). Се додаваат зачини по желба. Кога ќе бидат убаво пржени, истурам домашен кечап (може и Томатело). Кога ова убаво ќе се згусти, го тргам од оган. Подготвувам класичен бешамел сос и во него додавам пармезан. Прво врз тестенините се става од доматниот сос, а врз него малку од бешамелот. Преубаво е.
I Jас ги правам така,земам мелано месо како за двајца.200-300гр,го упрЖувам во масло,додавам кромид,заЧини,вегета сол,црн бибер,оригано,се пржи.ставаме болоњезе сос,пола пакетче,за повеке особи цело,и дупло месо,пола пакетче во 250гр.вода,млака и го додаваме месото и сето тоа врие 10мин,го тргаме пожелба може и пекурки,шпагетите ги вариме зачиниме,ги попариме со зејтин загреан,ги посипуваме со сосот и прсти са излизеш,и плус тоа најадува,добар апетит.
На маслиново масло се подпрзува една главица кромид и 2-3 Чеснихја лук потоа се додава сецкана сланина.Откако ке заруменее сланината се истура една конзерва грав сео тоа откако ке зоврие се додава 2-3 лазици рендан каскавал и се меса заедно со 500 гр макарони или спагети. На маслиново масло исто се подпрзува кромит и лук и сланина се додаваат тестенините и се поливат со павлака прет тоа измесана со едно јајце. на маслиново масло се потпрзува исецкан кромид,морков(предходно варен),тиквиЧка,пецурки и мелено месо и лук пото се додава 2-3 лазици пире од домати и се прзи 5-6 мин.потоа се додават тестенините. Buon Apettito tuti quanti.
Сос со туна : запржуваш кромид, додаваш исецкани на ситни коцкички патлиџани така убаво да се пропржи со туната и се додава врз шпагетите
јас скоро секогаш го правам тој сос и прекрасно е мада пред некој ден пробав овака на овој сос му додадов две кашики мајонес размешуваш убаво и врс шпагетите/макароните...иначе кога и да одам во маркет прво нешто ми е готови сосови зимање или обичен сос па дома му додавам зачини и мелено месо
Миланезе од Подравка... ммм нешто најслатко.... инаку друг добар сос - запржи кромид, додади мелено месо, вагета , оригано, томатело ( не сакам кечап томателото ми е поубаво, и тоа томатело италијано) 2-3 лажички соја сос и за мерак ... И уште еден друг сос, томатело купете, томателото ставете го на оган, додадете маслиново масло, пола чаша бело вино, исецкан кромид на кругови , рузмарин , босилек и туна...нека се провари малце ...и ммммммм.. Типичен италијански рецепт
откако ке се сварат шпагетите додека се топли во нив се става рендано сирење,рендан кашкавал, кари, кечап, мајонез ( количински се става по желба зависи на што сакате повеке да има вкус може и да се стави рендана салама и печурки но мене лично ми е повкусно без нив) сето тоа убаво се меша ииииии прсти да си излижеш
За овој сос мој личен се потребни : -Печурки -300 гр мелено месо -Пола главица кромид -Доматен сос -Оригано -Пармезан * Ги варите шпагетите.. Откако ќе се подготват ги тргате на страна и ги цедите. Ставате на загреано масло да се пропржи меленото месо, откако че ја добие онаа црвенкаста боја ги додавате печурките и кромидот. Потоа се додава доматниот сос и ориганото.. Се пржи и се трга на страна..Се сервираат шпагетите одозгора сосот и над него пармезан... Добар апетит, пробајте !
Јас најчесто на шпагетите додавам купечки Соја сос и пармезан,а по некогаш но многу ретко домашен сос со мелено месо,домата или пресни домати,кромидче,сосема малку лукче и од зачини оригано и малку мајчина душица или рузмарин и ловоров лист
Татко ми е шеф, дома само он праи јадења. Во врска со овие сосовиве, ако се правилно правени... знам дека пример фунги зема пола саат до 45 минути, болоњезе сос го прави едно 2 саата. И демек тоа му е забрзана постапка. И мистично е нели како во ресторан за 15 - 20 минути го добивате јадењето. Во ресторан нешо кажува дека одсабајле сосовите ги спремаат до некаде, не потполно, а кога добиваат нарачка само финишираат. Рецептите не му ги знам не сум се заинтересирала, ама ако сакате да стоите пред шпорет долго време, можам да прашам
Еден и од мене. Во тавче со малку зејтин пржам печеница и сланина сецкани на ленти, додавам и било каква салама исто сецкана на ленти. Потоа додавам неутрална хопла, обична павлака и зачинувам (сол, вегета, кари, оригано). Пропржувам се` заедно и готово. Целото приготвување на сосот трае околу 15-20 минутки и многу е вкусно. Може и да ги додате шпагетите во сосот и заедно да пропржите, а може и само шпагетите да се прелеат. Одозгора може и пармезан, а и не мора. Бон апетит