Јас само знам дека се прави тесто и потоа се става во калапче и се пече 5 мин. на јака температура. И така внатре колачот останува течен а надвор фаќа кора.Ако дознаам за тестото ке ви кажам. Поздрав
Аааааахххх, шо ми зборите за топло-ладно кога пробувам да ослабам??? Не знам како се прави, знам само дека највкусно е кај Фуфо. Е сега наводно повкусно било во Казабланка (кај саем) ама не сум го пробала тоа. Е утре ќе идам да кркнам едно, па после ќе патам ако треба!
LaRagazza напиша:Еееее и јас до сега само кај Фуфо имам пробано.Лиги ми течат кога ке помислам на него
И мене, и тоа неколку дена интензивно мислам на топло ладно, а никако да најдам друштво за таму. Инаку работата ми е на 3 минути од Фуфо - а јас патам за топло - ладно! Утре сама ќе си одам.
Туку денес разбрав дека колачот го имало како готова смеса од доктор Оеткер! Морам уште денес да го пробам (ако го најдам, брзо се трошело), па ќе ви пишам!
Го пробав ова на доктор Оеткер. Добро е и многу лесно се прави. Мириса исто како кај фуфо, само е поблаго малку. Инаку многу лесно се прави, смесата е готова, само се ставаат две јајца, се мати и се пече 8 минути. Купив и некој следолед - Чизкејк, ау како одговараа по вкус, перверзии!!! Мора да си отворам ресторан, каков гурман сум, сигурно ќе имам успех