Soufflé (топло, ладно)

Дискусија во 'Рецепти' започната од LaRagazza, 10 декември 2009.

  1. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    А slatkichKa123 да те прашам до каде од прилика ги полнеше тие калапчињата од фино??? И мн нараснуваат или не??
     
  2. darlingB

    darlingB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    127
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Прашањево веројатно е страшно глупаво :$ , ама јас морам да си прашам - овие модливе се ставаат веројатно на плехче, така? Не одат директно во шпорет, едно по едно.
    [​IMG]

    И уште нешто, во рецептот на Слаткичка пишува се печат на 200 степени загреана рерна, 8-10 минути?
    8, 9 или 10? :?:
    Јас имам огромен проблем, секогаш ме заебува таа една минутка, плус-минус.

    И дали ги подмачкувате готовите калапи со нешто или нема потреба?

    Инаку, му дадов уште една шанса на рецептот од ситносецкано, испаднаа многу подобро, само што многу тешко се вадат од тавчето - јас си имам специјално за мафини.
    И нивното е такво, одев чекор по чекор со рецептот, убаво беше подмачкано, дури моето со путер, а нивното со маргарин, и тешко се вадеа, а ги оставив и да здивнат.
    На крај мајка ми внимателно ги одвои, јас немам толку нерви и трпение.
    :devil:

    Мислам, видете како му излегоа на дечково, се фрустрирам па. :(
    Се тешам дека можеби е - до рерната.
    :lol: http://www.youtube.com/watch?v=_7CNURgIfYw
     
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.990
    Јас ги читав рецептите, но некако сумливо ми беше па решив да си направам свој, па ако не испадне ќе се вадам на тоа дека утнав нешто и не сум следела.
    Но уште од прв пат ги погодив.

    Најпрво во 150 Грама путер, топам 200 Грама чоколадо за готвење (користам Дорина, зошто ми е највкусно).
    Во сад за матење ставам три јајца (не директно од фрижидер, ги оставам еден саат на собна температура-не знам кој ми има кажано така, но не ризикувам си го правам тоа), 150 грама шекер во прав и едно кесиче ванилин шеќер.
    Ги матам некаде околку десетина минути, потоа пополека додавам 100 грама брашно и пола кесичка прашок за пециво.
    Чекам да ми се подизлади чоколадото и го ставам во сместа, па го мешам се додека не се изедначи.

    Имам такво тавче со калапи (како и да се вика, не знам), а претходно ставам хартија за печење (од оние за бомбици што се хартивчиња, само поголеми) и ги полнам.
    Ги печам 8 минути на 200 степени, со само долен греач уклучен во рерната.

    Ги јадам за две минути. :D
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.272
    Пол:
    Женски

    А да не треба да се подмачкаат и набрашнат калапчињата за да може колачите да излезат?! Макар што не би биле убави со тоа брашното одозгора :?:
    А што се однесува до печењето, па 8 минути мислам дека се доволни. Јас викендов ќе ја пробувам мојата muffin тава, па сега се чудам што да пробам прво, дали топло ладно, дали обични класик мафини или пак пченкарни мафини. Ако имам време де... оти надвор плаче за шетање :)
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Калапчињата мислам дека треба да се набрашнат ама со какао не со брашно.
     
  7. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Јас го знам овој рецепт (голема доза):

    500гр чоколада за готвење
    125гр маргарин
    10 јајца и
    200гр брашно

    Од ова излегуваат околу 12 колачиња, за помалку преполовете ја количината! Гарантирам дека се вкусни другарка ги прави често, а последниот пат јас ги правев кај неа.
    Се матат јајцата со брашното, во меѓувреме се топат чоколадите и маргаринот на пареа. Потоа се меша чоколадото додека да стане густо (не се додава топло и течно во јајцата со брашно). Кога двете смеси ќе се соединат се полнат во калапчињата отприлика 1цм под врвот, зошто нараснуваат. За да не се залепи колачот во калапчето се премачкува со маргарин. Се пече на 220C, 8 мин.
    Според мене највкусни се правени со чоколадите за готвење (100гр) од кам маркет и кристал коцка маргарин, ама секој според свој вкус.
     
  8. sweetGirl123

    sweetGirl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    a колку е цената? :)
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Конечно успеав да пробам од моите марифети, зашто само готвев за други, не јадев ништо, и ова топло-ладно по рецептот што го следев беше толку благо, дури одвратно, а јас имам бајаги висок праг на толеранција за благо, мене и Милка не ми е некогаш доволно заблажена.
    :D

    Така што мојот совет е малку да се намали количината на прав шеќер во рецептиве.
    Има доволно чоколадо за готвење, кога ќе му се бапне премногу прав шеќер, станувате потенцијален дијабетичар.
    :|
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    И од мене еден совет, немојте да се лажете да го топите чоколадото со маргарин, путер само.
    Незнаете колку беше гадно со маргарин кристал.
     
  11. teat

    teat Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Еве јас што најдов а исто така е познат и под името Чоколадна лава...позз
    СОСТОЈКИ
    120g чоколадо за готвење
    120g путер
    1 шолја шеќер во прав (100g)
    2 јајца
    2 жолчки од јајца
    6 лажици брашно
    ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ
    1. Загрејте ја рерната на 220°C. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин.
    2. Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња, и чоколадото за готвење, искршено на коцки. Потребно е да го растопите путерот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото.
    3. Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи.
    4. Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки.
    5. Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу ¾ од нивната висина.
    6. Ставете ги колачите во рерната и печете околу 7-10 минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Ако со лажичка пресечете едно парче, од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“.
    7. Послужете ги колачите топли, поросени со шеќер во прав, со топка сладолед, парче овошје и/или шлаг.
    Ако сакате да ги изненадите гостите со овој превкусен десерт, можете предвреме да ја приготвите смесата и да ги наполните калапите, па ќе ви остане само да ги ставите в рерна 10 минути пред да ги послужите колачите.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Еве ме мене пак на мојата омилена тема!
    Видов три прашања.
    Дали да ги намачкате калапчињата?
    Јас ги наросувам со малку брашно за полесно да излезат. Не изгледа грдо бидејќи ги служам со прав шеќер на нив.
    Дали нараснуваат?
    Не нараснуваат, нема печиво.
    Дали 8-9-10 минути?
    Зависи од рерната, јас се водам според моето „топло-ладно“ правило. Кога ќе пукне горната коричка готово е. Како и да е, според искуство ќе знаете колку да печете :) Јадете, не му ја мислете.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Според рецептот на Елчезелче, ги имам правено по сите рецепти во темава и секогаш ми излегувале успешно. Печам околу 7-8 минути, понекогаш повеќе, некогаш помалку, со поглед знам кога се готови :lol: не мерам многу време.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_0453.JPG
      IMG_0453.JPG
      Големина на фајлот:
      499,2 KB
      Прегледи:
      745
    На crazylady, sweet-bebufce, Libera и 7 други им се допаѓа ова.
  14. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145

    јас ги правам според овој рецепт ми излегуваат окулу 12 колачиња :D
     
  15. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Јас знам рецепт за малку поинакво топло ладно, што се прави во куглов.
    Во средината не течи како чоколадна лава, но има прекрасен вкус на чоколаден мус.
    Еве го:
    1 маргарин so 250 gr чоколадо се топе на пареа.
    Откако ќе се растопе се додава 1/2 чаша шеќер и исто толку брашно и + 1 ванилин шеќер
    Настрана се матат 8 jајца и после се мешаат со претходната смеса и се пече на 250 степени во загреана рерна точно 14 минути и се вади одма (многу е важно да се мери времето при печењето!)
    Се вади од кугловот после 1 ден (кугловот да биде намрсен со маргарин и брашно одозгора за да не се растури тестото и да не истечи филот.)
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Топло ладно ми е омилено, бар еднаш неделно го правам по овој рецепт. Со рецептот се полнат 18 колапи. Само нас ни се многу затоа што е убаво дур е топло, а повеќе од две колачиња нема шанси да изедеш, па јас правам пола доза. Значи од се што е наведено пола.

    СОСТОЈКИ
    • 500 гр чоко­ладо
    • 10 јајца
    • 125 гр путер
    • 200 гр бра­шно
    • 10 лажици шеќер

    ПОДГОТОВКА
    Чоко­ла­дото и путе­рот се ста­ваат во подла­бок сад. Потоа, на уме­рен оган, се топи сме­сата. Откако ќе се рас­топи, садот се трга од шпо­ре­тот и се остава сме­сата да се излади.

    Јај­цата се матат заедно со шеќе­рот. Потребно е јај­цата малку да се изма­тат, одно­сно да бидат пене­сти. Потоа, јај­цата и шеќе­рот се дода­ваат на сме­сата со чоко­ладо. Сите состојки се мешаат со жица за матење, а бра­шното го дода­ваме посте­пено, со посто­јано мешање.

    На кра­јот, треба да се добие густа и хомо­гена чоко­ладна смеса. Кала­пите се мач­каат со путер и се попр­ску­ваат со бра­шно, пред да се налее сме­сата во нив.

    Во меѓу­време, се загрева рер­ната на 250℃. Се пече само 5 минути.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    јас денеска направив пола доза со бело чоколадо и можам да кажам дека не беа нешто нај нај црново чоколадо ништо не го заменува :D
     
  18. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Еве го моето, според рецептот на Елчезелче.
    Само за другиот пат ќе си знам на калапчето да не ставам и брашно, туку само путер.
    Неубаво ми изгледа како испрашено одозгора.
    Превкусно е.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1842.JPG
      IMG_1842.JPG
      Големина на фајлот:
      197,4 KB
      Прегледи:
      395
    На irena.1, Hipster и blahblah им се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    ^Скар немора ни путер да ставаш, само мала количина на зејтин стави мислам и без тоа може да поминат затоа што не се лепи тестото на алуминиумските. :)
     
    На Scar.Tissue му/ѝ се допаѓа ова.
  20. light12

    light12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    souffle,лава колач и топло ладно немаат никаква врска меѓу себе :!: