ТЕМА: Спанаќ

Мислење 30 Мар 2011, 07:59

Обожавам спанаќ, едно од омилените јадења ми е :)
Аватар на корисникот
didisi

Сино цветче
 
4341
Мислења: 393
Зачленет: 22 Сеп 2010, 19:07
Love ...

Мислење 30 Мар 2011, 12:39

Спанаќот го сакам многу и секако...свеж, во салата, зготвен, во супа...
Имам редовно и свеж, и сув и замрзнат и ми вршат многу работа...во супа додавам сушен, во некоја манџичка со мевце и компир, или ориз обавезно едно до две парчиња замрзнат, свежиот го додавам во сите други салати, по малку, а и редовно го додавам во сендвичињата што си ги доручкувам, 2 листа марула и 2 листа спанаќ...
Е сега освен што го подготвувам на оној класичен начин,со ориз, и на крајот пред да го извадам додавам јајца цели да се запечат, како јајце на око нели, спремам салата од спанаќ :
Го миеме спанаќот и го сечеме на покрупно, и по избор или го прпржуваме мин. две на масло, или свеж, го посолуваме, додаваме сусам, малку свежо или мелено лукче, половина морков рендан, сирење, по можност фета, го сецеме на коцки, ги валкаме во буковска сол и сусам, ги додаваме, и додаваме, бразилски или индиски ореви, а ако немате при рака ќе ви завршат работа и обични лупени кикиритки.
Додаваме 1-2 лажици маслиново масло, 1 лажица соја сос, 2 лажици балсамико ....и воала ....многууу вкусна салатка, па и оброк дури :lol:
Другото ми е манџичка, која е лесна и вкусна, хранлива, посебно за дечиња е супер, затоа што го менува малку вкусот на спанаќот:
Ставаме да се пропржи ситно сецкан кромид, рендан морков, пржиме да омекнат. Спанаќот го бариме во врела вода, да постои 5 минутки, го цедиме убаво, го сецкаме многу ситно и го додаваме кај кромидот, пржиме така 2-3 минути, додаваме филџан ориз (не повеќе, дека не треба да гледа на ориз), пржиме уште 3-4 минути, додаваме 250 мл. вода и 150 мл млеко благо. Додаваме вегета, една зеленчукова коцка за супа, еден ситно сецкан морков, пашканат, мала лажичка сенф, поклопуваме и оставаме да крчка половина час до 40 мин на тивко....многу е вкусно...
И уште една идеја, јас го користам кога сервирам сирење, нели сирењето не го ставам во ордевер, туку посебно, и го сечам на покрупно свежиот спанаќ, го покривам дното на тањирот со него, посолувам малку, ставам сусам, и печурки од тегла, и одозгора ги ставам коцките сирење со чепкалка на нив. Попрскувам малку соја врз спаноќот и е супер декоративно, истово може и со печурки свежи потпечени во фолија, од една страна сирењето наросено со оригано или буковска сол а од друга печурките.... :lol: :tmi:
Аватар на корисникот
enca.69

Жолто цветче
 
33492705
Мислења: 1708
Зачленет: 25 Дек 2009, 16:16
If u wait to do something untill you`re complitely sure...you probably won`t do much in your life

Мислење 11 Апр 2011, 14:26

eden od moite omielni jadenja so spanak e vaka:
spanakot se seci na sitno i se obaruva, se cedi i trgnete go nastrana.
vo tavce se zaprzuva t.e dinsta sitno seckan kromid, morkov seckan na tenki krugovi, i pecurki (pecurki dokolku sakate,a moze i bez niv) seto dinsta i se dodava meleno meso i seto ponatamu se przi dodeka mesoto ja smeni bojata.potoa se dodava i prethodno seckaniot i obaren spanak i seto se mesa i se zacinuva so vegeta, crn biber i malku crven piper(se po zelba) i na tivko se przi uste 2-3min.
taka prigotveno se tura vo tava koja e prethodno namackana so margarin, a odozgora na smesata se preliva smesa od pavlaka i jajca(znaci pavlakata i jajcata zaedno izmnateni so zica za matenje)
se peci okolu 20min. na 200 stepeni.

Mnogu e vkusno!!!

Потсетување од модератор

Ве молиме пишувајте на кирилица. Ако не знаете како, прочитајте овде.
Аватар на корисникот
Beluvce84

Сино цветче
 
600
Мислења: 183
Зачленет: 14 Сеп 2010, 11:52
Слика

Мислење 20 Окт 2012, 16:43

Aјде дајте рецепт за печен спанаќ ве читам низ темиве за ручек,вечера :D

Ludoto и Shelea ги чекам,тие само спанак јадат низ темиве :rofl:
Аватар на корисникот
wolf4e

Жолто цветче
 
17811601
Мислења: 2276
Зачленет: 16 Јан 2010, 16:56
Слика

Слика

Мислење 20 Окт 2012, 16:59

Ма и јас јадам спанаќ,омилен ми е ! :inlove:
Само што немам рецепт за печен спанаќ :worried:
Аватар на корисникот
Anna-Banana

Жолто цветче
 
25833651
Мислења: 2816
Зачленет: 04 Окт 2011, 11:46
Локација: На штиците што живот значат.
Без разлика колку сте паметни.. срцето барем еднаш во животот ќе ве натера да се чувствувате како будала !

Мислење 20 Окт 2012, 17:00

:lol: Jас вака го правам, нели ќе го сварам да омекне, ја фрлам водата.
Cечкам кромид. (јас во блендер го мелам, да биде ептен ситен :) , ставам црвен пипер, значи запршка правам, го турам сварениот спанаќ(ама го сецкам првоо на мали парченца), да си се запржи со ова, го посипувам со ориз една шака ( јас ретко му ставам ориз, повкусен ми е празен)

му рендам сиренце, го ставам во тепсија. E сега правилно е му се става едно кршено јајце мешано да се измеша и со спанаќот, и млеко, а ако сакаш одозгора уз печење, некаде при крај му тураш и јајца на око,така да се испечат :)

E сега, јас го сакам мнооогу млечен, така да му ставам пола канче кисело млеко, или шоља голема јогурт, и така си го печан (Oва со киселово и јогуртов си е мој рецепт, така го јадам јас :D )
A јајца и млеко не турам :)
Аватар на корисникот
ludoto19

Црвено цветче
 
113659881
Мислења: 5848
Зачленет: 01 Мар 2010, 04:05

Мислење 20 Окт 2012, 17:53

Ејјј, колку добра идеја да го потпечеш во рерна заедно со кисело млеко. :D Ауу, значи Лудово кога и да ја читам низ Храна и рецепти, обавезно некое богатство откривам. :rofl:

Пардон на офтопик.

Јадам спанаќ, под услов да не најдам влакно во него. :tmi:
Аватар на корисникот
Doozy

Жолто цветче
 
1610115436
Мислења: 2293
Зачленет: 22 Апр 2010, 22:01

Мислење 20 Окт 2012, 18:21

Јас го правам по исти рецепт на Лудото само не му ставам сирење !! Инаку прсти да излижеш е :lol: :lol:
Аватар на корисникот
MacenceEna

Жолто цветче
 
40253395
Мислења: 1265
Зачленет: 08 Дек 2010, 21:48
Слика
Слика

Мислење 20 Окт 2012, 19:45

Ako moze nekoja od iskusnite domakici da dade sovet dali moze svez spanak da se zamrzne? I ako moze kako dali da se obari prethodno ili? Do sega ne sum zamrznuvala ama imam dosta pa da ne mi se rasipe,izvinete na latinica
Аватар на корисникот
Mama25

Зелено цветче
 
8522805
Мислења: 950
Зачленет: 04 Мар 2012, 16:57
Локација: vo srceto na maz mi,vo pregratkite na kerka mi...

Мислење 21 Окт 2012, 08:06

Спанаќ не се замрзнува, бидејќи со одмрзнувањето се ослободуваат нитратите кои ги содржи и преминуваат во нитрити. Кога нитратите ќе преминат во нитрити, се губи нивната хранлива вредност и стануваат отровни за организмот. Од истата причина веќе зготвен спанаќ не се притоплува повторно, препорачливо е да се јаде ладен. Не знам колку спанаќ имаш, ама тој може да стои во обичен фрижидер можеби и до две недели. Ако имам вишок спанаќ, го чистам (не го мијам) и го чувам во пластичен сад во фрижидер, сум немала до сега проблеми. Спанаќот може и свеж да се јаде, како салата или во смуди, не само зготвен.
Annath

Црвено цветче
 
548510414
Мислења: 5334
Зачленет: 09 Јан 2010, 16:01

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: staycalm и 7 гости