1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спанаќ

Дискусија во 'Рецепти' започната од bella.gk, 21 ноември 2010.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    122.039
    Го правам со ориз во комбинација,некогаш додавам и свинско мевце ситни парчиња,а некогаш јајца.
    Обавезно оди со кисело млеко :mm:
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    ^
    Ти благодарам Ана,дури сега го гледам твоето мислење,знев дека оксидира ама ме мацесе помислата сто во маркетиве може да се најде замрзнат спанаќ па си велам цекај да прашам добро сто не го замрзнав :!: Инаку веќе средив со спанаќот,направив проја и остатокот ручавме. :hai:
     
  3. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ах си јадам и јас спанаќ :mm: ^_^ .Го подготвувам вака:
    За да не е жилав во печењето го обарвам по некаде околу 5,6 минути за да омекне само.Во меѓувреме правам запршка од црвена пипер .Редам во тава ред спанаќ,ред ориз и лукче,а попрскувам и со вегета.Го ставам да се печи во рерна и 10 минути пред вадење му ставам 3,4 јајца матени,не да се на око.По печењето сервирам и јадам :D.
     
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Спанаќот може да го ставам во листата на мои омилени јадења

    Јас го правам вака:
    Рендам кромид и морков ги пропжувам во тепсија и им го додавам сечканиот спанаќ, после 5 минути додавам ориз повторно пропржувам 5-6 минути и му додавам врела вода. Откако ќе се свари убаво оризот го тргнувам на страна. Го јадам со кисело млеко
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Го обожавам, манџа или потпечен со јајце или како салата, во зелник, во бурек...мх мх мх уште пас о јогуртче како одат овие работи, абе прсти да излижиш I <3 Спанаќ. :inlove: :) :clap:
     
  6. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Се чудам само зошто го обарувате спанаќот претходно. Јас никогаш не го барам, го чистам, го ставам во вода со сол додека јас го запржам кромидот и оризот, потоа само го сецкам на поситно, го мешам со тоа претходно прженото, му дотурам млеко (за да не ми крцкаат после забите), вегета, сол и во рерна. Кога ќе биде течноста испарена, кршам неколку јајца одозгора и ги оставам да се испечат.
    најчесто го јадеме со кисело млеко или павлака.
     
  7. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Спанаќ обожавам - чорбест и потпечен. Го сакам во пити, пирошки, го мешам и во тестенини.
    Само да има некој да ми го измие ;)

    Инаку најчесто го правам потпечен во тава со малку оривче. При крај одозгора кршам цели јајца (како јајце на око) и допекувам.
    Уф, ми се пријаде.
     
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас спанаќот го правам печен настрана ја обарувам коската од кременадла таа вода му ја ставам во спанаќот а мевцето од коската го запржувам во истото ставам кромид и праз на крај малку оривче потоа се пече и навистина е вкусен
    Понекогаш знам да направам сукано со спанаќ и сирење, за поинтересен вкус
     
  9. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Леле кај ви текна за спанаќ кој ќе чека до пролет, не знам дали зимоска има. Ја порано ич не го јадев, првпат ми се заслади кога останав бремена, сама си го правев. Мајка ми и свекрвата го прават како манџа, мене не ми се допаѓа. Јас не го обарувам туку само го мијам. Прво пржам кромид и морков на тавче, па го сецкам спанаќот на ситно и го додавам. Малку магдонос, ориз две раце и зачини. Му ставам вода две шољи и малку да врие на рингла после го ставам во рерна да се испече скроз , да не остане ич вода. Пред крај го полевам со матени јајца, а го сервирам со кисело млеко. Абе прсти да излижеш. Не дека јас не сум јадела спанаќ, не знаеле да ми го направат :D
     
  10. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Има :) баш денес купив. :)
     
  11. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.203
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Дали е вистина дека свеж спанаќ не треба да се сечи со нож за да се иситни туку да се кине со рака? Звучи глупаво ама имав полемика во која ме убедуваа дека ова е вистина.
     
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    ^Вистина е :lol:
    Наводно кога го сечеме со нож оксидира спанаќот од сечивото и со тоа се губи голем дел од хранливата вредност.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Има вистина... исто и не треба да се готви во метални садови. Јас листовите ги кинам со раце, ретко употребувам нож. За волја на вистината, го готвам во садови од инокс, па не ми вреди што не го сечам со нож.

    А зошто не се сече со нож? Наводно, металот го „земал“ железото од спанаќот. Колку е ова вистина, немам поим.
     
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.203
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Така и мене ми објаснија ама не ми беа многу убедливи и викам да си прашам јас тука.
     
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    :inlove: Го обожавам спанаќот! Чорбест, потпечен, во пита и секакви бели пецива, како салата, и исклучиво во првите две верзии без кисело млеко, ориз, јајца, туку чист, така ми е најубав вкусот. Незнам да го подготвувам, освен салата, а при салата експериментирам во разни комбинации. Омилен ми е со свежи кругови краставица ( која секогаш ја јадам нелупена), маслинки, малку пармезан, сончоглед лупен, сушена блага пиперка, некогаш бејк ролс парченца, балсамико, соја сос, маслиново, морска сол, и плус фурнаринки со многу сусам- мјамиии... Го комбинирам спанаќот и во шејк верзија со банани, јагоди и млеко, има кремаста содржина, и зелена боја, која гледам да е често застапена во мојата исхрана како синоним на здрава храна.
     
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    На овој начин најчесто готвам спанаќ.

    На малку масло пропржувам сецкан кромид. Додавам ориз. (за една особа едно филџанче ориз). Додавам вода. Откако ќе е скоро варено го додавам спанаќот (кинат со раце) и го оставам уште неколку минути.
    Во меѓувреме ставам зачини.
    Јас го правам густ, да не е како манџа.
     
  17. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Јас најмногу сакам да правам салата со спанаќ. Така спанаќот е свеж, а и многу повкусен ми е од зелената салата.
     
  18. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    И јас сум обожавателка на спанаќ.Еве како го правам јас
    Најпрво убаво го чистам потоа го мијам,го ставам убаво да зоврие да омекне скроз.веќе исецканиот кромид две главици ги динствувам така речено да се стопи,но во зејтин во кој претходно ми е пржен стекот накрај додавам oриз црвен пипер и сето ова се пече.Го сервирам со стек и пржено сирење.

    Пред некое време го правев со праз и кромид бидејки добива поубав вкус,но откако имам здраствени проблеми со желудникот веќе не правам ништо со праз иако премногу го сакам
     
  19. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Освен пита со спанаќ, не го сакам баш :^) Што знам, порано јадев и манџичка ама сега некако јок, знам дека е здраво ама па кога неможам, нема да се правам Попај со сила :D
     
  20. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Спанаќот најчесто го јадам во сендвичи и традиционалното со ориз. Само јас кога го сервирам со ориз го посолувам одозгора со пармезан. Често знам да го додадам и во смуди неколку ливчиња. Не го менува многу вкусот а смудито го прави поздраво.