Форумџика на годината

Што му готвите на саканиот?

Дискусија во 'Рецепти' започната од viki85, 20 ноември 2010.

  1. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Мојот е ептен гурман, исто како и мене, и обожавам да готвам за нас двајца :inlove: . Правам ледени срца и му ги ставам врз матено нескафе, и сакам да ги декорирам јадењата за да бидат убави и за нашите очи :) Луд е по благо, и секогаш му правам торти, колачи, кремови и слично. Кога јас готвам не сакам тој да ми се „меша во штипки“, а додека тој готви секогаш прави некоја беља, па јас морам да улетам за да спречам пожар :D
    Што готвите вие? Кажете некој добар рецепт или афродизијак ;)
     
  2. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    A денес му напраив руска салата и салата со туна и макарони :D ,а како десерт ресана торта ,благодарение на ФЕМИНА :*
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Најчесто храна која одговара со вино, и тоа црвено :) како на пример лазањи, селско месо, макарони со болоњезе сос и сл.

    А десерти не подготвувам, се сконцетрирам на главното јадење.
    Десертот му го давам јас- во кревет :emo:
     
    На Sudika и GeorGinnA им се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.520
    Пол:
    Женски
    Саканиот ми мој не јаде ништо. За моја несреќа бидејќи јас јадам се. Па поради тоа кога сме заедно му правам пица, месо било какво со компири и тоа. Благо не јаде, а салата му правам со павлака затоа што и мајонез не јаде :( Друго готвено не јаде. Ќе си имам маки јас со него или тој со мене :lol:
     
    На crazylady и MalataViki им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Најмногу правам мали сендвичиња, со лебот на Жито Лукс во парчиња.
    Сендвичиња со кулен или шунка, кашкавал, сирење, павлака или мајонез и многу свеж зеленчук.

    Пилешки прсти со тартар сос.
    Шпагети со сосови во илјада варијанти - сос со мелено месо, сос со пилешко и еден мој измислен со модар патлиџан и маслинки или кисели краставички и пармезан. (сакам да експериментирам многу :) )

    Свински ражничи со зеленчук на скара.

    Полнета риба со морков, магдонос, исто печена на скара во фолија, со маслиново масло.

    Мали амерички крофни со џем или чоколаден прелив.

    А ги сака моите пржени јајца, јас не сум видела човек со толку мерак за омлет. :D

    Сакам да готвам и готвам со трпение и Љубов :inlove:
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Пилешки стек со печурки му е омилено.
    Гиро, со домашни лепињи.
    Кифлички со шунка и кашкавал.
    ... Јас најмногу сакам кога се подготвувам себеси за него ;)
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Што? Хм, пребирлив е малку отповеќе, ама за пица, вешалица, сендвичиња со сувомеснато и многу кашкавал и мајонез душа дава. Па и најчесто тоа правам, еве баш вечерва јадевме пица, ја подготвив лично јас :D И сака салати разни, било свежи, кисели, руска, обилна зелка и морков,па тоа е неизбежно :) Благо не јаде многу, па си кркам јас, ама за него не правам :!: :lol:
    Аууу, да, како можев да го заборавам омиленото му-пиперки полнети со месо. Иииј, едвај научив да правам ]:)
     
  8. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Скоро ништо :$
    Многу ретко, пилешки прсти со некој интересн сос обожава, но кој малер сум се непто нема да ми излезе. :( Баксуз во готвење сум невиден, цела се побркувам, и не сакам да готвам. Прегорени црни ќумур, или недопржени, или маслени премногу, се така ми излегувало тие пати што се пробав. Ке морам да се увежбам, да го изненадам.
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Ретко правам нешто за јадење кога доаѓа на гости, а обично тоа е салата со макарони, павалка, салама и сирење, плус кифлички (купени), или пак клуб сендвичи, баш како што Трендафилка ги опиша. Ама ќе мора да го проширам менито :), Инаку на одмори му готвам тестенини на неколку начини, правам супи, виршли, омлети... И до сега не ми се пожалило златото ... :) Следен пат кога ќе дојде ќе правам поховани работи - пилешки прсти или поховани лигњи, крокети, похован карфиол.... сетоа тоа со тартар сос - готов, зашо дома никако не ми успева да го погодам :(
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Не знам да готвам и не сакам да готвам. Т.е мразам да готвам. Се што е поврзано со готвење ме нервира. Ако чека на мене да му зготвам нешто ќе остане гладен. За среќа он е по готвењето и обожава да готви, па тука сме се нашле негде :) Во поделбата на домашните обврски, готвењето е негово задолжение.
     
    На crazylady и femina90 им се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    па не му готвам ама некогаш кога се погодило знам да направам од обично јадење некој специјалитет, знам да декорирам, и уживам во тоа. изгледа ко којзнае колку внимание да сум посветила и така, се радува он.... а он е повеќе по готвењето општо земено, ама мене ми дава да го разубавам на изглед :)
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.155
    Сакам да готвам и сакам кога ме фалат за нешто вкусно! :D

    Тестенини на 100000 начини со различни сосови,пилешко по желба,најчесто со кари,со топени сирења,полнето пилешко,свечено (не знам друго име,така го знам) пилешко,пици,палачинки со триста тракатанци според расположение,а знам и да смучкам нешто штомидое и да рече,еј сакам од тоа тогаш...е од тоа тогаш,не знам ни јас како го направив,ама вкусно беше! :D
    А знам и да го изненадам со посебна вечера,ај на лесковачка во Вили! :lol: Тоа е задоволство,ретко допуштам да го шири мевот со вакви работи,па на радоста и нема крај...до душа и на мојата,малце да се пушти душа!
    Во секој случај,освоен е ако е тоа патот до срцето! :D

    Многу сакам и мажи што знаат и уживаат да готват.Со страст и енергија...мојот не е таков,ама ич! :( Јајце да свари,стомак ќе ме фати,нешто ќе направи ко што не треба.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Му зготивив еднаш, макарони со поминат рок :wasntme: Од тогаш несака веќе да му готвам :wasntme:
     
    На crazylady, Anja98, blond и 3 други им се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Ако чека јас да му зготвам, гладен ќе си остане :lol:
    Шала на страна, еднаш му приредив романтична вечера, нарачав пици :lol: , и за малку ќе ја запалев цела куќа со свеќите. После тоа не ми текна веќе да се чудотворам по дома ;)
     
  15. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Обожавам да му готвам, ама стално ми се меша у ''штипки'' кога готвам :worried: Најчесто тестенини на 300 начини или морски плодови. Наредно сакам да му напраам од тие полнетите тестенини канелони се викаат. Другарка ми му праела на дечко и, и ми рече по вкусно нешто не јадела, а и дечко и пун ќефои бил ;) . Рецептот е следен:
    3-4 парчиња сланина се пржат во путер и и кари. Откако ќе се испржи сланината се става зденка во тавата ама цело пакетче и сирење окилу 3 парчиња поголеми така. Со таа смеса се полнат канелоните. Се редат во тавче и од озгора им се ренда кашкавал што е можно повеќе и така се печат.
    Ми се пријаде сега :(
    Ќе го напраам ова викендов па ќе пишам што како излегло :)
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Кога готвам јас, тој ми седи со глава над тенџере и само мрмори нешто, зошто не може да дочека да седне да јаде. И уште се прави фин, како демек ќе помогнам, а уствари скришно бута во уста што има на масата. Затоа морам да го ангажирам да сецка нешто(колку да не мисли на храната што ја чека) :D

    Инаку готвам, не често, зошто и не сум некоја куварица.
    Пица, пилешки прсти со сос, тостови, тестенини со различни сосови, а имам правено и крокети еднаш и месо во грил тава.
    А благо правам почесто, зошто тоа ми е слабост.
    Крофни на пр.се лесни за правење, а вкусни се. Два пати во месецот правам и некој вид на колачиња. Најчесто некои печени, прелиени со чоколадо, шеќер во прав. Така мерак ми е :)
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Најмногу си сака пржени компирчиња, среќа моја со малку се задоволува. Специјално за него често готвам(ама само за него :lol:) но не минувам премногу време во кујна, инаку свекрвата прави ручек и не и се мешам во работата. Само вечерата така си е оставена да си бираме ние што си сакаме да си јадеме. Не обожава тестенини,иако јас ги многу сакам. Знам да го воодушевам со некоја тортичка, куглав, еве деновиве сакам да го изненадам со едно топло-ладно бидејќи тоа му обожуван десерт :)

    И морам да признаам и јас дека си го терам ова непишано правило
    проверено ми е и докажано дека тоа е најуспешната комбинација!
     
  18. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Кога би го имале мојон во куќа,ке сфатите дека и за тие што не им е по кејф да дремат над рингла,тоа ќе им стане задоволство :D Сака да ручка човекот,гурман е....и тоа го прави со посебна сласт,ми се чини дека и кога Роко(кутрето мое) не би го јадел,он ќе излиже прсти и ќе ми каже браво :lol: е сеа не дека и мене не ме бива :$

    Пошто нели темава е што му готвите еве ајде ќе напоменам некои од неговите фејворит јадења,значи мусака со модри патлиџани и печурки,полнето пилешко со кашкавал и димена сланина, ориз со зеленчук и јајца , риба(спремена на било кој начин),селско месо и тавче гравче со суви пиперки.Тестенини не сака да јаде па и со златен сос да се :)


    А што се тиче благо не знам многу многу да правам торти,слатки и сл.,ама затоа па како ги јадам...ммм... :geek:
     
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ептен сака да му готвам, и ептен со сласт го јаде зготвеното од мене.
    Инаку му готвам се'. Ќофтињата ептен ми ги обожава (оти ги правам со кило бибер, па онака налутнуваат :lol: ). Исто така му правам мусака (последниот пат му ја направив со малку живи компири, ама кутриот џвакаше и голташе, за да ја погоди работата :lol: ). Исто така ми ги обожава пржените лепчиња, печените лепчиња (со состојки за пица), омлет (кашкавал + шунка), шпагети со некој сос, летно манџуле кое страшно го обожава, исечкан стек онака испржен и заедно со мешан зеленчук, палачинки...
    Сакам да му готвам и прекраснос е чувствувам тогаш, ептен со љубов го спремам, макар и да не се погодило, тој прсти ќе си излиже и ќе каже дека му е слатко и вкусно и ќе ме бакне :$
    И морам да го пофалам дека и тој ми готви, поретко, ама онака баш му е понекогаш ќеиф да се засука вокујна и да ме изненади со нешто (пица, омлет, печени лепчиња, шпагети... не е важно) само да ме изненади, па макар и маргаринче ми намачкал :$ :*
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Дечко ми ги обожава романтичните вечери што му ги приредувам, затоа што знае дека се грижам за секој детал. По ручек ги бркам моите од дома и почнувам со спремање. Сакам да правам пилешко со разни сосови, лазањи, шпагети болоњезе, макарони потпчени или морска храна. Љубител е на благото и обавезно правам и десерт, некогаш еклери или торта Шарлота. И он е доста креативен кога еднаш годишно ќе се реши да ми зготви нешто :lol: па најчесто ми прави тестенини или најразноразни салати, па дури еднаш (со помош на мајка му) и селско месо ми зготви :mm: