ТЕМА: Што му готвите на саканиот?

Мислење 20 Ное 2010, 19:58

Мојот е ептен гурман, исто како и мене, и обожавам да готвам за нас двајца :inlove: . Правам ледени срца и му ги ставам врз матено нескафе, и сакам да ги декорирам јадењата за да бидат убави и за нашите очи :) Луд е по благо, и секогаш му правам торти, колачи, кремови и слично. Кога јас готвам не сакам тој да ми се „меша во штипки“, а додека тој готви секогаш прави некоја беља, па јас морам да улетам за да спречам пожар :D
Што готвите вие? Кажете некој добар рецепт или афродизијак ;)
Аватар на корисникот
viki85

Бело цветче
 
186
Мислења: 68
Зачленет: 20 Ное 2010, 14:13

Мислење 20 Ное 2010, 23:34

A денес му напраив руска салата и салата со туна и макарони :D ,а како десерт ресана торта ,благодарение на ФЕМИНА :*
Аватар на корисникот
alisa222

Бело цветче
 
1611
Мислења: 98
Зачленет: 14 Окт 2010, 23:59

Мислење 20 Ное 2010, 23:45

Најчесто храна која одговара со вино, и тоа црвено :) како на пример лазањи, селско месо, макарони со болоњезе сос и сл.

А десерти не подготвувам, се сконцетрирам на главното јадење.
Десертот му го давам јас- во кревет :emo:
Аватар на корисникот
sesilija

Жолто цветче
 
48374045
Мислења: 2910
Зачленет: 12 Јан 2010, 01:24

Мислење 20 Ное 2010, 23:47

Саканиот ми мој не јаде ништо. За моја несреќа бидејќи јас јадам се. Па поради тоа кога сме заедно му правам пица, месо било какво со компири и тоа. Благо не јаде, а салата му правам со павлака затоа што и мајонез не јаде :( Друго готвено не јаде. Ќе си имам маки јас со него или тој со мене :lol:
Аватар на корисникот
marama

Жолто цветче
 
968410483
Мислења: 2752
Зачленет: 20 Апр 2010, 18:04
Локација: во плакарот од соништата
„Нам уште убавината ни остана, но на пат сме и неа да ја ставиме под стечај. Време е да ја наостриме и да ја претвориме во погубно оружје“
Горан Трајковски - Мизар

Мислење 20 Ное 2010, 23:52

Најмногу правам мали сендвичиња, со лебот на Жито Лукс во парчиња.
Сендвичиња со кулен или шунка, кашкавал, сирење, павлака или мајонез и многу свеж зеленчук.

Пилешки прсти со тартар сос.
Шпагети со сосови во илјада варијанти - сос со мелено месо, сос со пилешко и еден мој измислен со модар патлиџан и маслинки или кисели краставички и пармезан. (сакам да експериментирам многу :) )

Свински ражничи со зеленчук на скара.

Полнета риба со морков, магдонос, исто печена на скара во фолија, со маслиново масло.

Мали амерички крофни со џем или чоколаден прелив.

А ги сака моите пржени јајца, јас не сум видела човек со толку мерак за омлет. :D

Сакам да готвам и готвам со трпение и Љубов :inlove:
Аватар на корисникот
Trendafilka

Жолто цветче
 
123716655
Мислења: 4473
Зачленет: 28 Дек 2009, 16:12
Локација: Barcelona or Nice... someday
Don't Trust Anything That Bleeds for Five Days and Doesn't Die . . .
Што е убав овој свет - онде го*но овде цвет.
Слика

Мислење 21 Ное 2010, 00:01

Пилешки стек со печурки му е омилено.
Гиро, со домашни лепињи.
Кифлички со шунка и кашкавал.
... Јас најмногу сакам кога се подготвувам себеси за него ;)
Аватар на корисникот
LivingGlam

Жолто цветче
 
459311707
Мислења: 2073
Зачленет: 28 Сеп 2010, 14:51
„Реализмот што е ограничен со крајот на својот нос е поопасен и од најбезумната фантастичност, затоа што е слеп.“ - Ф. М. Достоевски

Мислење 21 Ное 2010, 01:32

Што? Хм, пребирлив е малку отповеќе, ама за пица, вешалица, сендвичиња со сувомеснато и многу кашкавал и мајонез душа дава. Па и најчесто тоа правам, еве баш вечерва јадевме пица, ја подготвив лично јас :D И сака салати разни, било свежи, кисели, руска, обилна зелка и морков,па тоа е неизбежно :) Благо не јаде многу, па си кркам јас, ама за него не правам :!: :lol:
Аууу, да, како можев да го заборавам омиленото му-пиперки полнети со месо. Иииј, едвај научив да правам ]:)
Аватар на корисникот
kate21

Жолто цветче
 
15234888
Мислења: 3912
Зачленет: 20 Дек 2009, 22:43
Локација: Тука...каде што ми е убаво...
Ако во виното не можам да ја удавам тагата, тогаш ќе го удавам разумот :drunk:

Мислење 21 Ное 2010, 01:36

Скоро ништо :$
Многу ретко, пилешки прсти со некој интересн сос обожава, но кој малер сум се непто нема да ми излезе. :( Баксуз во готвење сум невиден, цела се побркувам, и не сакам да готвам. Прегорени црни ќумур, или недопржени, или маслени премногу, се така ми излегувало тие пати што се пробав. Ке морам да се увежбам, да го изненадам.
Аватар на корисникот
Fearless

Зелено цветче
 
11611308
Мислења: 938
Зачленет: 30 Сеп 2010, 01:59
Локација: Planet Earth. Most of the time..
Gινє α gιяℓ тнє яιgнт ѕнσєѕ, αη∂ ѕнє ¢αη cσηqυєя тнє ωσяℓ∂...
Слика

Мислење 21 Ное 2010, 13:25

Ретко правам нешто за јадење кога доаѓа на гости, а обично тоа е салата со макарони, павалка, салама и сирење, плус кифлички (купени), или пак клуб сендвичи, баш како што Трендафилка ги опиша. Ама ќе мора да го проширам менито :), Инаку на одмори му готвам тестенини на неколку начини, правам супи, виршли, омлети... И до сега не ми се пожалило златото ... :) Следен пат кога ќе дојде ќе правам поховани работи - пилешки прсти или поховани лигњи, крокети, похован карфиол.... сетоа тоа со тартар сос - готов, зашо дома никако не ми успева да го погодам :(
Аватар на корисникот
maja8

Жолто цветче
 
956477
Мислења: 1920
Зачленет: 03 Јан 2010, 23:46

Мислење 21 Ное 2010, 17:16

Не знам да готвам и не сакам да готвам. Т.е мразам да готвам. Се што е поврзано со готвење ме нервира. Ако чека на мене да му зготвам нешто ќе остане гладен. За среќа он е по готвењето и обожава да готви, па тука сме се нашле негде :) Во поделбата на домашните обврски, готвењето е негово задолжение.
Аватар на корисникот
RainBow

Црвено цветче
 
6758937
Мислења: 9894
Зачленет: 03 Дек 2009, 16:27
"Таму каде што се љубиме никогаш не е ноќ..."

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 3 гости

Site Meter