Не бев нешто по готвењето, па си знаевме да си седнеме негде на ручек, вечера или да си нарачаме за дома.
Е сега кога почнав да експериментирам во кујна, него го нема. Ама му држам онлајн часови и сам си готви. Срце тоа, само поставува прашања
Омлет со кашкавал му е нешто најомилено. А бе да може секој ден ќе јаде. Пилешко и тестенини со некој сос, летна манџичка со зеленчук и јајца, компирчиња печени, варен ориз. Пица, пица-лепчиња и тост (без сувомеснато).
Мераклија си е и на благо, редовно го изненадував со колачиња од слаткарница или направени од мама, а најомилени му се моите палачинки со бел, ванила фил и слатко од јагоди.
Нареден пат кога ќе дојде, здравје Боже, ќе го пречекам со богата трпеза.
