Форумџика на годината

Тесто за пица

Дискусија во 'Рецепти' започната од enca.69, 16 февруари 2010.

  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Мислам дека во рецептиве не смееме да немаме рецепт за пица...:))....jас би ве замолила за некое тесто за пица, нормално и други работи, некои рецептички за истата...но најбитно ми е тестото.....сакам некое како во пицериите :D или барем слично...тенкчко ко коричка а не лепче...ај пишете ми па да праам сефте со месењето :lol:
     
  2. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Правам обично пекарско тесто и тоа со вода,
    ама ме интересира и нешто ново :D :D
    Еве го мојот рецепт
    800 гр брашно
    1 квасец се раствара со млака вода 3 лажици брашно 1 шекер,
    Зејтин една жољичка,
    3 лажици шеќер,
    1 супена лажица сол,
    малку сода бикарбона(1лажиче)
    млака вода и пола лажица марагрин кристал,
    нормално и млака вода
    месиш меко тесто , го стасуваш 2х и послеи реди со по избор.
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    На горе напишаниот рецепт само додади 200 грама гриз во брашното ако сакаш тенко тесто како во пицериите а не лепче. Јас не ставам сода бикарбона, сол и шеќер а користам Диго квасец во прав, едно пакетче е за пола кило брашно.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Иренна не те разбрав...сол и шекер да или не???не ми се смејте јас стварно немам поим, а и другиот пост погоре не го разбрав убаво ми се повторуваат шекер 2 пати....ако не ти е тешко можешцела рецепта да ми ја напишеш :oops: :)
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    -800 грама брашно
    -200 грама гриз
    - 1 Диго квасец во прав, во тестото за пица се става помалку квасец, значи на 1 кг брашно 1 Диго квасец
    -пола филџан мсало или пособро стопен маргарин

    Во длабок сад го истураш брашното, гризот и квасецот, го додаваш маслото или стопениот маргарин( маргарин коцка или кристал бидејќи другите маргарини што се вкусни за јадење не ги бива за готвење) , и со млака вода замесуваш тесто, го оставаш околу пола час да се крене тестото. Потоа го размесуваш тенко, редиш одозгора што сакаш и печеш околу 15-20 минути .

    enca.69 само да знаеш колку јадења имам утнато додека да научам да готвам :D
     
    На Antebellum, skenco и Angelche им се допаѓа ова.
  6. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Иренче фала тииии :D :D :D ....и кај мене сигурно ке биде така.... :D ај ќе пишам дали баш такво тестенце ми се погоди ;)
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Само обично тесто,без млеко,без јајца,и обавезно многу сусам на тепсијата,па кога ќе го ставиш тестото врз него сето ќе се излепи оздола.И му дава посебен вкус :up:
     
  8. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Содата се става, за да не скисне тестото,
    оти тестово може и да се замрзне,
    и по потреба, вади, одмрзни и реди.
    И нормално ако искукаш тенка кора ке имаш тенко тесто ,
    а не лепче :D :D :D

    П.С. Утре ке ти ја пробам рецептата,
    ама без Диго пошо нешо не ми функционираат тестата со Диго.
     
  9. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    95
    Еве за мила енци, што ми е мене најслатко:
    -1 чаша кисело млеко /250 мл.
    -1/2 чаша масло за јадење (зејтин)
    -2 чаши брашно
    -1 пециво
    * Сето ова се размешува за да се добие тесто и се става во плех бр. 28.Одозгора се реди кашкавал,шунка и печурки(и друго што ти сака душичката), јас ставам и едно разматкано јајце.Се пече на температура од 150 до 200 степени.
     
    На Antebellum, lama, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    :D :D :D Ме изнасмеа со ова ПЛЕХ БР 28 . Кај мене дома има мал, среден и голем плех, па има стар плех , црн плех и отприлика тоа е се , Braveheart ептен сериозно си ја сватила работата , се по точна мерка па и плехот, ама ќе го пробам твојов рецепт, обавезно.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    95
    :lol: :lol: епа значи според твоите димензии по се изгледа е средниот ;) .Ја нагласив големината за да не испадне премногу дебела и за да може убаво да се испече.Јас еднаш така фрлив една.
     
  12. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Вчера правев пица и го пробав твојот рецепт со сусам, излезе супер, фала за советот kate21. Јас обожавам сусам и плус ми текна да пробам како во Пица-хат што прават, краевите од тестото ги подвиткав навнатре, ги наполнив со кашкавал и добро ги затворив. Пицата вчера ми беше најдобра во мојата кариера :D
     
    На Antebellum и teddybear им се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Браво Ирена,се се учи.И јас сакам сусам и идејата ми ја кажа мајка ми,гледала на италијанската програма РАИ,професионален пица-мајстор така ставил,пробав и ми беше вкусно.Сусамот дава некој посебен шмек на тестото.А јас ќе ти украдам за тоа со краевите на тестото ;) Море пица можеш како сакаш да направиш,само да е пица :lol:
     
  14. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    ама најлесно купи си тесто и реди :lol:
     
  15. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е убаво купечкото тесто, го имам пробано тоа од Жито Лукс и ич не е добро, нема вска со правото тесто и плус секогаш тврдо ми излегува. А многу лесно се меси тесто така да кога веќе сум решила да правам пица , ќе направам и тесто. :pizza: :D
     
  16. fibimk

    fibimk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Jas go pravam so solja jogurt,pola solja maslo,pecivo,sol i brasno da se dobie ubava meka smesa.Vednas redam vo pleh od sporet toj golemiot,redam domatno pire, zgora rendam kaskaval,pa drugo po zelba......dali salama,dali tuna,pa pecurki i malku kiseli krastavicki po zelba...i ja pecam.Na kraj redam mateno jajce i pak ja potpekuvam.

    Ako raspolozenie mi e ubavo togas mesam testo od 1/4 kvasec,1 casa kisela voda,1 casa mleko,sol,seker malku za kvasot,edna zolcka,1 fildzan maslo i basno po potreba.Se ostava da stoi 30 min,pa se deli na topcinja od 100 ili 200 grama ako imas posebni tavcinja za pica,ili pak na dva dela zavisno plehot.Posle drugoto e isto. :clap: Ova testo podeleno mojs i da go zamrznis.....da ne mu ja mislis naredna prilika :rofl:
     
  17. Beluvce84

    Beluvce84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    71
    eve edno ubavo testo za pica
    -brasno
    -mlaka voda
    -kvasec
    -maslinovo maslo
    -malku sol

    seto ova stavete vo zaedno vo sad za matenje i matete so mikser ama ne so ti deve so matime obicno za torti tuku so tie dve od mikserot sto se kako spirali :)

    otkako ubavo ke se izmati i ke se napravi testo poprskajte go odozgora so malku brasno, pokrijte go so krpa i VAZNO: stavte go vo frizider najmalku dva saati a moze i poveke mozi i cela nok.
    potoa izvadete go i pravte si pica :) ili namesto da redite kako klasicna pica kecap, kaskaval, pecurki....mozi i vaka napravte ovala ili kruzna forma na testoto i odozgora stavte seckan svez rozmarin, morska sol, poprskaj te maslinovo maslo i napravte preku celo testo bocki so viluska

    taka stavete da se peci i koga ke dobie zlatno kafena boja e gotovo

    Dobar apetit !!!
     
    На Morenaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    За Енца...Рецепт за домашна не типична пица....
    400-450 гр брашно,лажичка сол,филџан(помал) масло,еден квасец и една шолја(300гр) јогурт.
    Убаво ќе се замеша смесата и се остава да стаса...Од како ќе стаса се развлекува во плех помал намачкан со масло убаво...Се мачка кечап над него,се реди шунка,сирење рендано,може по вкус и печурки или маслинки...се става оригано и на крај две јајца матени.Се пече негде 20 мин.
     
    На enca.69, Annath и Phyramide им се допаѓа ова.
  19. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Знае некој, дали може место пециво сода да ставам ?
    Се си мислам дека сличен ефект имаа,м ?
     
  20. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    не може