Поттикната од една прашање во СДП ја отворив темава.
Тиквиците ги јадеме дома многу често. Најчесто ги пржиме. Ме интересира како вие ги подготвувате. Еве од мене три начина:
1. Пржени тиквици
Две тиквици ги лупиме и сечеме на кругови. Се посолуваат и се оставаат да постојат некое време за да им излезе водата. По час, два ги пржиме во загреано масло.
Ги подготвуваме вака затоа што поховани не ми се допаѓаат.
2. Салата од тиквици
Истата постапка како од погоре. Кога ќе се испржат ги ставаме на салфетка да се исцедат, потоа ја тргаме салфетката ставаме сол, магдонос, зејтин и оцет.
3. Кофтиња од тиквици
Две тиквици ги лупиме и рендаме. Ги цедиме од водата и ги ставаме во подлабок сад. Во садот се додава едно јајце, брашно по потреба, сол, бибер, вегета, може и магдонос кој сака. Кога ќе се добие хомогена смеса, се прават топчиња и се пржат во загреано масло. Се ставаат на салфетка да се исцедат.







