ТЕМА: Тиквици

Мислење 28 Јан 2012, 17:12

Дома сме луди по тиквички. Мајка ми секогаш ги прави пржени.
Прво ги сече на кругчиња, потоа ги става во брашно, па во јајца и на крај ги пржи.
Откако ќе ги испржи ги јадеме со сирење и јогурт.
Превкусни се. :angel:
Аватар на корисникот
Sanniii

Зелено цветче
 
473487
Мислења: 642
Зачленет: 18 Авг 2011, 23:52
Локација: Hollywood
"Fashions fade. Style is eternal" - Yves Saint Laurent

Мислење 28 Јан 2012, 17:22

Плескавици од тиквици :
3 средни тиквици, изрендани
малку кромид, исецкан
малку магдонос
3 јајца
1 лажица црвен пипер
сол, бибер
200 g сирење, издробено или исечено на коцки
1 шоља брашно


Слика

Лазањи со тиквици
Подготовка:

Тиквиците измијте ги, исушете ги и исецкајте ги на тенки кругови. Неколку минути варете ги во солена вода претходно зовриена, а потоа веднаш измијте ги со ладна вода.

Отстранете ги рачките од цветовите и исечете ги на ленти.

Ставете во тавче ситно исецкан кромид на претходно загреано масло. Пред крај истурете 0,5дл вода и варете додека водата не испари. Додете ги цветовите од тиквицата и динстајте уште 2-3 минути. Посолете, додадете бибер и тргнете ги од рингла.

Во зовриена солена вода со малку масло, варете го тестото за лазањи, потоа исцедете го и раширете на хартија која ќе ја упие водата.

Младото сирење и павлаката добро измешајте ги, додадете сол и бибер.

Во ватростален сад, подмачкан со остатокот од путерот, ставете ред лазањи, ред крем од сирење, ред варени тиквици и цветови од тиквици и ред домати исецкани на кругови. Повторете ја постапката додека не ги потрошите намерниците, а на крајот посипете со пармезан.

Печете 35 минути во задреана рерна на 180 степени.
Состојки:

* 250гр готово тесто за лазањи
* 400гр свежо сирење
* 20гр путер
* 800гр тиквици
* 300гр домат од конзерва
* 50гр пармезан
* 12 цветови од тиквици
* Кромид
* 2дл слатка павлака
* Маслиново масло
* Сол и бибер
Слика
Аватар на корисникот
SOVRSENSTVO

Жолто цветче
 
915340
Мислења: 2454
Зачленет: 20 Сеп 2010, 14:25
Локација: далекy од реланоста...
We are in love Слика

Совршенството неможеш да го достигнеш,но никогаш не се откажувај од стремежот кон него!

Мислење 29 Јан 2012, 00:59

SOVRSENSTVO напиша:Плескавици од тиквици :
3 средни тиквици, изрендани
малку кромид, исецкан
малку магдонос
3 јајца
1 лажица црвен пипер
сол, бибер
200 g сирење, издробено или исечено на коцки
1 шоља брашно


Слика

Лазањи со тиквици
Подготовка:

Тиквиците измијте ги, исушете ги и исецкајте ги на тенки кругови. Неколку минути варете ги во солена вода претходно зовриена, а потоа веднаш измијте ги со ладна вода.

Отстранете ги рачките од цветовите и исечете ги на ленти.

Ставете во тавче ситно исецкан кромид на претходно загреано масло. Пред крај истурете 0,5дл вода и варете додека водата не испари. Додете ги цветовите од тиквицата и динстајте уште 2-3 минути. Посолете, додадете бибер и тргнете ги од рингла.

Во зовриена солена вода со малку масло, варете го тестото за лазањи, потоа исцедете го и раширете на хартија која ќе ја упие водата.

Младото сирење и павлаката добро измешајте ги, додадете сол и бибер.

Во ватростален сад, подмачкан со остатокот од путерот, ставете ред лазањи, ред крем од сирење, ред варени тиквици и цветови од тиквици и ред домати исецкани на кругови. Повторете ја постапката додека не ги потрошите намерниците, а на крајот посипете со пармезан.

Печете 35 минути во задреана рерна на 180 степени.
Состојки:

* 250гр готово тесто за лазањи
* 400гр свежо сирење
* 20гр путер
* 800гр тиквици
* 300гр домат од конзерва
* 50гр пармезан
* 12 цветови од тиквици
* Кромид
* 2дл слатка павлака
* Маслиново масло
* Сол и бибер
Слика

Веќе подолго време ги правам плескавиците од тиквици :) Вкусни се.
А и другиов рецепт ќе го пробам :wasntme:
Аватар на корисникот
Ammy.Lee

Жолто цветче
 
1092641
Мислења: 1227
Зачленет: 31 Јул 2011, 17:56
- Љубовта е направена од една душа која што живее во две тела - Aristotel

Мислење 29 Јан 2012, 10:09

оф леле ми иде да плачам кога ќе ги видам колку се убави
а особено поо рецептот на мајка ми :)
Аватар на корисникот
Special.Someone

Зелено цветче
 
228173
Мислења: 518
Зачленет: 22 Авг 2011, 10:57
Локација: Far away from here...
Кога на љубовта ќе и дојде крајот, слабите тагуваат, енергичните брзо пронаоѓаат нова, а паметните веќе од одамна си имаат резерва.

Мислење 08 Фев 2012, 05:53

Ги обожавам.
Најчесто ги печам на тостер, најпрво ги сечам на резанки по желба и потоа ги ставам на тостер па им наросувам малку сол врз нив, кога ке се осети дека се печени ги вадам.
Преубаво мириса а за вкусот немам коментар.
Аватар на корисникот
IvanaMkd

Жолто цветче
 
24372033
Мислења: 3291
Зачленет: 29 Јан 2012, 01:15
Локација: Во неговите мисли...
Сеедно ми е , што тажно се случува во моето срце... јас го сакам животот!

Слика

Мислење 17 Мај 2012, 13:14

Jас ги обожавам тиквиците, пржени како кофте, на резанки со лукче и магдонос, мусака од тиквици, полнети тиквици.
вчера си направив со помош на Aнатх полнети тиквици, се супер излегоа ама заборавив да ги излупам |( ,ама денес се супер

вака ги направив.

ги изглабев, тој делот што го издлабев го сомелев во тој апарат со ножиња што е, не знам како се вика

сомелев домати, магдонос сецкан
ставив кромид да се пржи, додадов црвен пипер, ориз, соја трошки, овоа сомеленово, изрендав моркови малце црн пипер, и супер излегоа :inlove:
во иднина и кофитња ќе си направам, значи пак ќе кажам тиквици и модри патлиџани обожавам, готвена храна со нив ми е слабост
Аватар на корисникот
ludoto19

Жолто цветче
 
51474171
Мислења: 4072
Зачленет: 01 Мар 2010, 05:05
Локација: South Park,во кревет со Butters :)))))))
I'd Rather Go Naked Than Wear Fur

Мислење 17 Мај 2012, 13:19

Мојот рецепт за тиквички е многу лесен и вкусен.
Тиквицата се сече на кругови и се попрскува со сол. Се реди во плех и одозгора ставам само малку зејтин или маслиново масло и лук во прав. Се печат околу 20 мин на 150 степени.
Додека се печат се прави сос од ситно сечкан лук, сечкан свеж магдонос, маслиново масло и вински оцет, и малку вегета. Може и 2 супени лажици вода.
Од кога тиквиците ке поруменат, ги вадиме, попрскуваме со сосот и воала...готово за миг.

Ги обожавам и пржени, меѓутоа не ги практикувам поради тоа што впиваат многу зејтин и многу се мрсни, и досадни за пржење.
Вака ем брзо, ем со помалку мрснотии. ;)
Аватар на корисникот
LaChiquita

Сино цветче
 
237225
Мислења: 467
Зачленет: 11 Јул 2010, 13:50
Слика

Мислење 17 Мај 2012, 13:21

Еве еден рецепт од мене - денес првпат го правам - за ручек за малиов, па се надевам нешто ќе излезе, а вака во рерната ветува :D
Се лупи и ренда една поголема тиквичка, малку се посолува и се остава да се исцеди водата. Штом ќе се исцеди, се додава рендан морков, две чешниња лук (може и млад лук), или пак четвртинка главица кромид (ова за една тиквичка), сечкан магдонос, јајце и една лажица брашно. Убаво се меша, се досолува ако има потреба, и се става во подмачкан огноотпорен сад. Се пече на температура од 180 степени, при крај се ренда одозгора сирење или кашкавал и се потпекува.

Како што кажав, во рерна убаво изгледа... а за јадење, допрва ќе видиме какво ќе биде :D

Едит: прсти да си излижеш... малиов си изеде полна чинија и бараше уште, ама не му дадов, премногу ќе му е... попосле може пак :D
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
22233515
Мислења: 3548
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 17 Мај 2012, 13:24

Ете ми се прејаде сеа тиквички
ја ги лупам ги сечам на кругчиња ги валкам во брашно и вегета и ги пржам, откако ќе ги испржм му ставам малку оцет
мх мх ми иде вода на уста
аа утре морам да направам
Аватар на корисникот
Elenuskaa

Зелено цветче
 
352338
Мислења: 735
Зачленет: 11 Сеп 2011, 21:23
Локација: Sekade po malku
Слика

Мислење 17 Мај 2012, 16:34

јас ги сечам на кругови потоа ги брбелам во јајце па во брашно па ги пржам баш деновивие ке си направам
Аватар на корисникот
kikav

Сино цветче
 
4573
Мислења: 261
Зачленет: 28 Фев 2011, 17:59

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 4 гости

Site Meter